Трамп вели дека наскоро би можел да се сретне со Путин во врска со Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во најскоро време би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за Украина.  Тој додаде дека работи напорно за да постигне мир во Украина и оти верува дека и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат борбите да престанат.  На новинарско прашање за можниот […]

Извори: САД испрати прашалник до земјите на ЕУ за Русија и Украина, ова се прашањата


САД, наводно, испратиле прашалник до европските сојузници, барајќи од нив детални предлози за оружјето, мировните трупи и безбедносните аранжмани што би можеле да му ги дадат на Киев како дел од безбедносните гаранции што би можеле да се договорат за ставање крај на руската инвазија. Во документот, кој се состои од шест точки и прашања, […]

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека има намера да воведе царини за увоз на автомобили некаде околу 2 април, што е најновото во серијата такси за странска стока, пренесоа агенциите. Американскиот лидер не прецизираше дали сите автомобили ќе спаѓаат во опсегот на мерката или само оние од одредени земји. Запрашан да коментира кога ќе стапи […]

Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19


Училиштата, колеџите и сојузните американски држави кои бараат од учениците да се вакцинираат против Ковид -19 ризикуваат да го изгубат федералното финансирање според новата наредба на Белата куќа потпишана од претседателот Доналд Трамп. Наредбата не се очекува да има значително национално влијание, бидејќи задолжителните вакцини против Ковид-19 во голема мера се укинати во училиштата и […]

Путин постигна голема победа, но не на бојното поле


  За претседателот Владимир Путин, еден телефонски повик означи пресвртница голема како и секоја битка во неговата тригодишна војна. Во долгиот разговор во средата, претседателот Трамп му испрати порака на Путин во која се опфатени голем дел од тоа како рускиот лидер го гледа денешниот свет: дека Русија и САД се две големи држави кои […]

Волстрит џурнал: Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин


Кинеските власти во изминатите недели предложиле Пекинг да биде домаќин на средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, како и помош за мировните преговори за Украина, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори во Пекинг и Вашингтон. Весникот наведува дека кинеските претставници преку посредници ги испратиле тие понуди до тимот на […]

Европа шокирана по потегот на Трамп за Украина: „Ова е изневерување и предавство“


  Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Веста за договорот предизвика бурни реакции во меѓународната заедница, а најмногу ги шокираше европските сојузници на Украина. Поранешниот британски министер за надворешни работи Џејмс Клеверли остро […]

Трамп: Пониските камати „ќе одат рака под рака“ со царините


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека мора да се намалат каматните стапки и оти тоа „ќе оди рака под рака“ со планираните царини. Но, економистите предупредуваат дека царините ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го одложат намалувањето на каматните стапки. Трамп на почетокот од неделата за 25 проценти ги зголеми царините за челик и […]

Трамп: Можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите кои ги блокираат напорите за намалување на трошоците


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции. За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има […]

(Видео) Трамп потпиша извршна наредба: Се враќаме на пластичните сламки


Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки. „Се враќаме на пластичните сламки“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа додека ја потпишуваше наредбата.   Претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден, предложи еколошки мерки за намалување на потрошувачката на пластика за еднократна […]

Арапските Американци кои гласаа за Трамп сега се шокирани, но ги обвинуваат демократите


  Доналд Трамп го освои Дирборн, Мичиген, традиционално демократска арапска американска енклава, најмногу благодарение на бесот поради Камала Харис и ставот на администрацијата на Бајден кон Израел. Некои почнуваат да се каат. Откако Трамп го обелодени планот за „преземање“ на Газа и преселување на речиси 2 милиони Палестинци во соседните земји, двајца градоначалници во регионот […]

Трамп рече дека разговарал со Путин за крај на војната во Украина


  Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за преговарачкиот крај на тригодишната руско-украинска војна, што укажало дека руските преговарачи сакаат да се сретнат со американските колеги. Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин, истакнувајќи дека „подобро да не кажам“ само колку пати. Во коментарите за медиумот во петокот на […]

Трамп доби златен пејџер како подарок од Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12. Тоа е симболичен подарок во светлината на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, рече Трамп. За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, со натпис: „На […]

Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми. „Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската […]

Трамп: Израел ќе ја предаде контролата врз Газа на САД по војната, нема потреба од американски војници на теренот


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ќе ја предаде Газа на САД по завршувањето на борбите и населението на енклавата ќе биде преместено на друго место, што според него значи дека нема да бидат потребни американски војници на теренот. Еден ден откако светот ја осуди изјавата на Трамп дека има за цел да ја […]

Привремено блокирана понудата на Трамп до државните службеници да поднесат оставка со отпремнина


Федерален судија во Бостон привремено го блокираше спроведувањето на програмата според која владините службеници можат да дадат отказ во замена за отпремнина, што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја понуди во обид да ја намали големината на федералната влада. Вработените во Владата имаа рок до синоќа на полноќ да одлучат дали прифаќаат таква програма. […]

Царините на Трамп може да предизвикаат голема штета врз американската економија


Казнените царини што сака да ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за Канада, Мексико и Кина може да предизвикаат голема штета на американската економија, покажуваат пресметките на институтот Ифо. Американскиот извоз би можел да падне до 22 отсто доколку овие три земји преземат контрамерки од слична големина, соопшти минхенскиот институт. Канада и Мексико не само […]

Кој се радува на затворањето на УСАИД во државата?


„Милијардерот Елон Маск води финансиска ‘војна’ со милијардерот Сорос, како кај нас ‘Веро’ и ‘Тинекс’ за освојување на пазарот. И, нашите со 200 денари во џеб фаќаат страна, кој бил во право, кој кому му наштетил. Ја не би се радувал на затварањето на УСАИД, со оглед дека доаѓам од земја која една корисна работа […]

Што прави Министерството за образование – и дали Трамп може да го затвори?


Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за извршна наредба со која би се затворило Министерството за образование, долгогодишна цел на поконзервативните струи во американската политика. Според американските медиуми, Трамп планира да елиминира некои од неговите ресори, додека други би биле преместени во други министерства. Но, за целосно затворање на Министерството за образование, потребна му е и […]

Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.  Наредбата, насловена како „Исклучување на мажите од женскиот спорт“, им дава на федералните агенции, вклучително и Министерството за правда и Министерството за образование, широка слобода да обезбедат дека субјектите кои добиваат федерално финансирање се усогласуваат […]