Судот ја блокира новата забрана на Трамп за странски студенти на Харвард


Федерален суд го блокираше планот на американската влада за исклучување на странски студенти од елитниот универзитет Харвард. Судијката Алисон Бароуз го одобри барањето на универзитетот за привремена забрана, со што го запре планот на владата за исклучување на странски студенти. Во среда, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендираат меѓународните студентски […]

Трамп се заканува со поништување на владини договори на „лудиот“ Маск


Доналд Трамп рече дека го замолил „лудиот“ Илон Маск да ја напушти неговата администрација и се заканил дека ќе му ги одземе владините договори на технолошкиот тајкун, бидејќи растечкиот спор околу буџетскиот закон на американскиот претседател предизвика горчливо јавно разделување со неговиот најголем донатор. „Елон „се истроши“, го замолив да си замине“, објави Трамп на […]

Маск до Трамп: Без мене ќе ги изгубеше изборите


Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка. „Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, објави Маск на X. „Каква неблагодарност“. Вредноста на акциите на Тесла нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти,  веднаш по избувнувањето на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп […]

Трамп планира да испраќа мигранти во Србија, пишува Блумберг


Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, пишува Блумберг. Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади подготвени да примат депортирани мигранти, пишува американскиот медиум повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански […]

Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги […]

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе […]

Трамп разговарал со Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека разговорот бил добар, но дека нема да „доведе до моментален мир“ во Украина. Трамп изјави дека разговарал со Путин околу еден час и 15 минути за нападот на Украина врз руските авиони во близина на аеродромот, како и […]

Стапува во сила уредбата на Трамп за двојно зголемување на царините за железо и челик


Американските царини за поголемиот дел од увезеното железо и алуминиум ќе се удвојат денес, на ден кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат царини за други стоки на почетокот на јули. Трамп доцна синоќа потпиша извршна наредба со која денес стапува во сила изненадувачката најава од […]

Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг


Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг подоцна овој месец, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит. Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, таа изјави дека Белата куќа не била запознаена со намерата на Украина да почне голем напад со дронови врз воени аеродроми во Русија за време на […]

Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава


Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно неделава ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, пренесе ДПА. Ливит не даде дополнителни детали и немаше непосредна потврда од Пекинг. Доколку разговорот се одржи, додава ДПА, се очекува лидерите да се фокусираат на актуелниот трговски спор меѓу двете земји. […]

Трамп најави двојно повисоки царини за увоз на челик


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна. „Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во […]

Анализа: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп


Трговската војна на претседателот Доналд Трамп ги чинеше компаниите повеќе од 34 милијарди долари загуба на продажба и зголемени трошоци, а се очекува таа сума да се зголеми бидејќи продолжената неизвесност околу царините го парализира донесувањето одлуки во некои од најголемите светски компании, јавија американски медиуми. Тие пренесоа анализа на Ројтерс во која с евели […]

Од генијалец до разочарување: Како се распадна сојузот Трамп-Маск


Илон Маск излезе на политичката сцена како помошник на американскиот претседател Доналд Трамп со моторна пила во рака. Денес, четири турбулентни месеци подоцна, главата на технолошкиот тајкун би можела да заврши на трупец, пишува француската новинска агенција АФП. Трамп го нарече Маск „одличен“ и најави дека ќе одржат заедничка прес-конференција во петок откако јужноафриканскиот тајкун […]

Американски суд ги блокираше царините на Трамп, биле нелегални


  Американски трговски суд го прогласи режимот на сеопфатни царини на Доналд Трамп за нелегален, во драматичен пресврт што може да ја блокира контроверзната глобална трговска политика на американскиот претседател. Одлуката на панел од тројца судии во Судот за меѓународна трговија со седиште во Њујорк дојде по неколку тужби во кои се тврдеше дека Трамп […]

„Трамп медиа груп“ планира да собере 3 милијарди долари за да ги потроши на криптовалути


Медиумската компанија на семејството Трамп планира да собере 3 милијарди долари за купување криптовалути како биткоинот. „Трамп медиа енд технолоџи груп“, која стои зад апликацијата „Трут сошнал“ и е управувана од претседателското семејство, има за цел да собере 2 милијарди долари свеж капитал и уште 1 милијарда долари преку конвертибилна обврзница, според шест лица запознаени […]

Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и маици


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики и маици. Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот […]

Што досега се знае за преговорите Брисел – Вашингтон за царините и спречувањето трговска војна


Пред Доналд Трамп да се повлече од својата последна закана за високи царини против Европската унија, американскиот претседател ги оправда со образложение дека разговорите со блокот „не водат никаде“. Сега, со царини од 50 проценти што се ставени на чекање – и рокот за преговори на 9 јули е вратен по повикот на Трамп со […]

На инвеститорите им олесна откако Трамп ги одложи царините за ЕУ – но ризикот од трговска војна останува


Инвеститорите треба да се „подготват“ за поголема нестабилност бидејќи потенцијалот за трговска војна не е целосно исчезнат и покрај одложувањето на воведувањето на тарифите од 50% од страна на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европската унија, предупредуваат аналитичарите. Трамп во неделата објави дека се согласил да го одложи воведувањето на казнените увозни давачки за 9 […]

Овие брендови значително ќе поскапат поради царините на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе широк пакет царини за увезената стока, вклучувајќи основна царина од 10 проценти за повеќето производи и царина од 30 проценти за кинеските производи. Некои артикли, како челик и алуминиум, имаат уште повисоки царински стапки. Последиците се веќе видливи – сè повеќе големи компании предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат […]

Трамп издаде извршни наредби за забрзан развој на нуклеарни енергетски капацитети


Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на својата администрација да ја забрза изградбата на нуклеарни реактори и да ја преиспита регулаторна рамка насочена кон „избегнување ризик“ како дел од планот за четирикратно зголемување на капацитетот за производство на нуклеарна енергија во земјата до 2050 година, објави „Фајненшл тајмс“. Претседателот потпиша четири извршни наредби со кои […]