Странците ќе плаќаат поскапо за влез во националните паркови на САД


Претседателот Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која влезниците во националните паркови во Соединетите Држави ќе бидат поскапи за странските туристи. За оние со американско државјанство, таксите ќе останат исти, им рече Трамп на поддржувачите во Ајова, поврзувајќи ја својата политика со еден од неговите добро познати слогани: „Америка на прво место“. Уредбата, исто […]

Трамп „многу разочаран од Путин“, денес ќе разговара со Зеленски


Американскиот претседател Доналд Трамп утрово изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со Владимир Путин бидејќи рускиот претседател не изгледа дека сака да ја запре војната во Украина и додаде дека денес ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обидите на САД дипломатски да ја завршат војната на Русија во Украина во голема мера дојдоа […]

Сенатот го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран


Американскиот Сенат вчера го отфрли предлогот на демократите да се спречи претседателот Доналд Трамп во иднина да употреби воена сила против Иран без одобрение од Конгресот, само неколку часа откако Трамп изјави дека ќе размисли повторно да го бомбардира Иран ако збогати ураниум до нивоа потребни за нуклеарно оружје. Сенатот, во кој доминираат републиканците, гласаше […]

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада и воведува нови царини


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада, откако земјата вовела данок на дигитални услуги за американските технолошки компании. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп го нарече данокот „директен и очигледен напад“ врз САД, обвинувајќи ја Канада и за високите царини од 400 отсто на […]

Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „нешто ќе се случи“ во војната меѓу Русија и Украина, по што ситуацијата ќе се „среди“. Изјавата ја даде во контекст на неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да открие детали. – Работиме на тоа. Претседателот Путин ми се јави и рече: Ќе ми […]

Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.  Трамп рече дека неговата одлука да употреби бомби за уништување бункери во нападот во неделата ја уништила нуклеарната […]

Трамп: 100 процентен комунистички лудак на пат да стане градоначалник на Њујорк


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја коментираше победата на Зохран Мамдани на демократските прелиминарни избори за градоначалник на Њујорк во објава на Truth Social. „Конечно се случи, демократите ја преминаа границата. Зохран Мамдани, 100% комунистички лудак, штотуку победи на демократските прелиминарни избори и е на пат да стане градоначалник. Имавме радикални левичари и претходно, но […]

Трамп се закани дека ќе ги удвои американските царини за увоз на шпански производи поради нискиот буџет за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги удвои американските царини за увоз на производи од Шпанија поради одбивањето на таа земја  да ги зголеми трошоците за одбрана, објави ДПА. Трамп го упати предупредувањето по завршувањето на самитот на НАТО во Хаг, каде што сојузниците се согласија да ги зголемат своите годишни трошоци […]

Трамп: Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс го валкаат еден од најуспешните напади во историјата


 Американскиот претседател, Доналд Трамп, преку неговата социјална мрежа Truth Social ги обвини медиумите дека се обидуваат да го потценат успехот на американскиот воен напад врз Иран. „Лажните вести Си-Ен-Ен, заедно го губитникот наречен „Њујорк Тајмс“, се здружија во обидот да го извалкаат еден од најуспешните воени напади во историјата. Нуклеарните објекти на Иран се целосно […]

Трамп пристигна во Холандија за Самитот на НАТО


 Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на аеродромот Схипхол во Амстердам, за учество на Самитот на НАТО што почнува вечерва во холандскиот град Хаг, објавија агенциите. Се очекува американскиот лидер да се упати директно кон палатата „Хојс тен Бош“, каде што кралот и кралицата на Холандија ќе приредат државна вечера за 32-цата лидери на НАТО и […]

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир за неговата улога во конфликтот меѓу Израел и Иран


Претставникот Бади Картер од Џорџија му пиша на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да се здобие со најсмртоносното оружје на планетата“. Трамп го прогласи крајот на „12-дневната војна“ доцна вчера, а прекинот […]

Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето


Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите во Израел да престанат да го кршат прекинот на огнот и да пукаат врз цели во Иран. „Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е тешко прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Американскиот лидер претходно […]

Трамп нè молеше за примирје, тврдат ирански државни медиуми


Државните медиуми во Иран утрово известија за прекинот на огнот меѓу Иран и Израел што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“. Како што потсетуваат, Иран вчера започна напад врз американската воена база во Катар, како […]

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, и го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. -Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Ве гледам! Не сфаќате дека она што […]

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе изврши притисок врз другите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана на пет проценти од БДП кога утре ќе оди на самитот на одбранбената алијанса, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. -Една од главните теми на дискусија ќе биде овој праг од пет проценти […]

Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД


Еден ден пред американските напади врз иранските нуклеарни постојки, официјален Техеран преку порака го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека допколку биде нападнат ќе започне акции низ САД со терористички „скриени ќелии“, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на разузнавачки извори.  Информациите стигнале до Трамп преку посредник на самитот на Г7 во Канада минатата недела, кој […]

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД


Американските опозициски демократи синоќа го критикуваа претседателот Доналд Трамп затоа што, кршејќи го Уставот, донел одлука да го нападне Иран без да побара одобрение од Конгресот на САД. -Одлуката на претседателот Трамп да го бомбардира Иран ги става САД на работ на поширока војна на Блискиот Исток без одобрение од Конгресот, што е потребно според […]

(Видео) Трамп објави видео од слетувањето на бомбардерите и рече: Направете го Иран повторно голем


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА. „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно […]

Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир


Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови напади ако Техеран не склучи мир, јави ДПА. „Или ќе има мир или ќе има трагедија за Иран, многу поголема од она што го видовме во последните осум дена“, рече Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа, откако претходно објави дека САД нападнале […]

Америка го нападна Иран. Трамп: Целосно ги уништивме иранските нуклеарни комплекси


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална […]