Трамп е во досиејата на Епштајн, но не прави ништо страшно, вели шефицата на кабинетот на Белата куќа


Неколку дена пред истекот на рокот за објавување на владини документи за Џефри Епштајн, шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, во интервју за „Венити фер“ откри дека претседателот Доналд Трамп е „во досиејата“, но дека тој „не прави ништо страшно“ таму, пишува ABC News. Нејзините коментари беа објавени како дел од серија од […]

Трамп им се обрати на Американците по една година на власт. За сè го обвини Бајден


Наспроти каминот и Белата куќа украсена со божиќни мотиви, американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на Американците во живо, а во 20-минутниот говор најмногу ја нападна поранешната влада и неговиот претходник Џо Бајден. Откако ги наведе и наброја сите достигнувања на себе и на неговата администрација, тој започна со обвинувања против претходната демократска влада […]

Рејтингот на Трамп падна на речиси најниско ниво од почетокот на мандатот


Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови падна на речиси најниското ниво во неговиот актуелен мандат, бидејќи гласачите од Републиканската партија се незадоволни од управувањето со економијата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ипсос. Тридневната анкета, објавена од Ројтерс, покажа дека 39 проценти од возрасните Американци го одобруваат работењето на Трамп, што е […]

Трамп ја прошири забраната за влез во САД на државјани на осум земји, вкупно сега се дваесетина


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја прошири забраната за влез во САД за граѓаните на други земји, вклучувајќи ги Сиријците и Палестинците кои поседуваат патни документи издадени од Палестинската самоуправа, јави ДПА. Според наредба објавена од Белата куќа, општата забрана сега ги опфаќа и граѓаните на Буркина Фасо, Лаос, Мали, Нигер, Сиера Леоне и Јужен […]

Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта на Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека наредил „тотална и целосна блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од Венецуела. – Венецуела е целосно опколена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Таа само ќе станува поголема, а шокот што ги очекува е како ништо што досега не […]

Трамп ургира кај Си за ослободување на медиумскиот тајкун Џими Лаи


Американскиот претседател Доналд Трамп повика на ослободување на медиумскиот тајкун Џими Лаи, кој е во затвор околу пет години и е истакната личност во продемократското движење во Хонг Конг. Зборувајќи откако Лаи вчера беше осуден за наводни прекршувања на законот за национална безбедност на Хонг Конг, наметнат од Пекинг, Трамп рече дека разговарал со кинескиот […]

Трамп го означи опоидот фентанил за „оружје за масовно уништување“


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го означи синтетичкиот опиоид фентанил за „оружје за масовно уништување“ како дел од напорите за справување со тековната криза со дрогата во САД, јави ДПА. „Формално го класифицираме фентанилот како оружје за масовно уништување, што тој и е. Ниедна бомба не го прави она што го прави оваа дрога“, рече […]

Трамп воведе „златна карта“ – американското државјанство за милион долари


Американската влада денеска го објави иницирањето на нова, ексклузивна имиграциска програма позната како „Ззлатна карта на Трамп“, која нуди директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. – Златната карта на Трамп на владата на Соединетите Американски Држави пристигна денеска! Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. Колку возбудливо! Нашите […]

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност


Евентуална негативна одлука на Врховниот суд на САД во врска со царините наметнати од актуелната администрација  би претставувала „закана“ за американската безбедност, предупреди американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут соушл“. „Најголемата закана во историјата за националната безбедност на САД би била негативна одлука на Врховниот суд во врска со царините“, напиша американскиот претседател. „Би […]

Трамп ги брани американските царини пред одлуката на Врховниот суд


 Американскиот претседател Доналд Трамп го бранеше своето користење на вонредни овластувања за воведување царини, додека Врховниот суд ја оценува нивната законитост. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека САД имаат други алатки за воведување царини, но рече дека пристапот што го разгледува судот е „далеку подиректен, помалку комплициран и многу побрз“, што […]

Трамп лично ќе одлучува за спојувањето на „Нетфликс“ и „Ворнер брадерс“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази потенцијални загрижености во врска со планираниот договор на Netflix за купување на филмското студио Discovery на Warner Brothers и популарните мрежи за стриминг HBO вреден 72 милијарди долари. На настан во Вашингтон, тој рече дека Netflix има „голем пазарен удел“ и дека вкупната големина на фирмите „може да биде […]

Трамп ја доби нововоспоставената Награда за мир на ФИФА на жрепката за Светското првенство


Американскиот претседател Доналд Трамп ја доби новооснованата Награда за мир на Светската федерација по фудбал (ФИФА) за време на церемонијата на извлекување на жрепката за групната фаза на 23-тото Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи следната година. Наградата се доделува по првпат и е наменета за исклучителни достигнувања во напорите за мир и […]

Трамп нареди антиимигрантска операција во Њу Орлеанс


 – Американските службеници за имиграција започнаа операција за апсење на нелегални имигранти во Њу Орлеанс, соопштија денес федералните службеници, со што градот стана најнова цел на новата заострена имигрантска политика на претседателот Доналд Трамп. Американското Министерство за внатрешна безбедност објави дека операцијата ќе биде насочена кон криминалци кои се ослободени од локален притвор. Имено, тие […]

Мадуро го опиша телефонскиот разговор со Трамп како срдечен и полн со почит


Венецуелскиот лидер Николас Мадуро вчера првпат коментираше за неговиот неодамнешен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го како полн со почит и срдечен. – Добив повик и разговарав со претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, рече Мадуро во обраќање емитувано на државната телевизија. Мадуро информира дека разговорот се одвивал „во тон на почит“ […]

Трамп ја запира имиграцијата од 19 неевропски земји


Американскиот претседател, Доналд Трамп, даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, бидејќи неговата администрација објави дека ги паузира сите апликации за имиграција од 19 неевропски земји, повикувајќи се на националната и јавната безбедност. Трамп зборуваше на состанок на администрацијата за случај во сојузната држава Минесота, каде што, според локалното правосудство, повеќе од […]

Секретарот за војна на САД за нападите врз нарко-терористите: Ова е само почеток


 Американскиот секретар за војна Пит Хегсет, на денешниот состанок на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп изјави дека САД „ова е само почеток“ на нападите врз наводните чамци со дрога и нарко-терористите, нагласувајќи дека тие ќе бидат ставени „на дното на океанот“. – Ние штотуку почнавме да напаѓаме чамци со наркотици и да ги ставаме нарко-терористите […]

Трамп: Војната во Украина е „хаос“ и тешка за решавање


Претседателот на САД Доналд Трамп, во разговор со новинарите пред денешниот состанок на Кабинетот во Вашингтон, изјави дека војната во Украина е „хаос“ и оти не е лесна ситуација за решавање. – Се обидуваме да го решиме тоа. Јас решив осум војни. Ова би била деветта, а нашите луѓе се во Русија во моментов за […]

Трамп ќе присуствува на жрепката за СП2026


 Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на жрепката в петок во Вашингтон со која ќе биде одреден составот на групите за Светското фудбалско првенство 2026, потврди денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит. „Претседателот Трамп в петок ќе присуствува на извлекувањето на групите за Светското првенство во Центарот Кенеди“, изјави Ливит. Жрепката е закажана за […]

Трамп потврди дека телефонски разговарал со Мадуро додека Венецуела ги обвинува САД дека ја сакаат нејзината нафта


Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди извештаите дека неодамна разговарал телефонски со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, додека тензиите меѓу двете земји растат. Прашан во авионот „Ер форс уан“ (Air Force One) за извештајот на Њујорк Тајмс од петокот, во кој се наведува дека Трамп имал телефонски разговор со Мадуро претходната недела, американскиот претседател рече: […]

Трамп оптимист за мировниот договор по средбата меѓу американската и украинската делегација


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е оптимист по разговорите меѓу претставниците на Украина и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина. Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“, тој се осврна на Украина која има „мали проблеми“ и рече дека скандалот со корупција во земјата „не е од помош“, јави ДПА. […]