Тројца пациенти се во критична состојба, 15 се интубирани


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека има уште тројца пациенти во критична состојба кои се наоѓаат на лекување надвор од државата, а 15 пациенти се интубирани. –  Александар, кој почина утрово, беше најтешкиот од четирите критични пациенти. Да се надеваме дека на останатите тројца ќе се подобри состојбата, иако може да има флуктуација […]

(Во живо) Прес на Таравари


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за здравство Арбен таравари за состојбата на пациентите од Кочани:  

Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба, денеска очекуваме уште осум


Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина е задржан со цел да се утврди во целост неговата состојба, информираа денеска од Министерството за здравство на денешната прес-конференција. -Кај нас беа двајца пациенти кои беа примени уште првиот и вториот ден беа стабилни, […]

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција


  Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување. Во Клиничкиот центар се само четворица, двајца на Клиниката за пластична хирургија, двајца на Токсикологија, девет пациенти се во Градската болница „8 Септември“ од кои еден е за испис и во […]

Таравари: Ќе продолжам да ја вршам функцијата министер за здравство


Односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни. Јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со објавите на дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство […]

Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба


Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден на домашно лекување беа испратени 10 пациенти. Според информациите кои денеска ги соопшти министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, на Клинички центар се лекуваат 27 пациенти, во […]

Таравари: Десет пациенти одат на домашно лекување


Вкупно 162 лица повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат дома и во странство, а добра вест е тоа што денеска десет пациенти кои се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени дома, информираше министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. – На Клинички лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има […]

Таравари ќе го одликува возачот на брзата помош од Кочани кој почина ден по несреќата


Возачот на брзата помош од Кочани, кој цела ноќ пренесуваше пациенти од Кочани до Скопје, а почина откако замина дома, легнал да спие и не се разбуди, најверојатно ќе биде одликуван од државата. Одговарајќи на новнарски прашања, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека тој завршил голема работа. Нема информации колку часа работел возачот тој […]

Десет пациенти се во потешка состојба, тројца се испратени на домашно лекување


Сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се лекуваат во низ болниците во Македонија и странство се во стабилна состојба, вели министерот за здравство, Арбен Таравари. „Сите пациенти кои се во државата и надвор, се добри и во стабилна состојба. Десет пациенти се потешки, но се надвор од животна опасност“, рече Арбен Таравари. Тој […]

Таравари: Денеска е последниот транспорт на пациенти од Кочани во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лeкуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови […]

Муцунски и Таравари со грчките колеги во посета на повредените во Солун


  АТИНА – Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос […]

Таравари: 20 пациенти се во критична состојба, другите стабилно


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но, не се пријавиле […]

Во македонските болници има 117 пациенти од несреќата во Кочани – 13 испратени на лекување во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти официјални информации за состојбата на пациентите повредени во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, потврдувајќи дека сите се згрижени и во стабилна, релативно добра состојба. Вкупно 117 пациенти од пожарот се лекуваат во здравствени установи низ државата, додека 13 се испратени на лекување во странство, а постои план […]