Таравари: За Алиу и Фетаи нема место во АА


Предноста на Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) пред конкурентската ВЛЕН/ВРЕДИ е два спрема еден, рече лидерот на крилото од партијата Алијанса за Албанците по состанокот на Централното собрание. Тој потенцира дека за доскорешните сопартијци Азир Алиу и Арбен Фетаи нема да има место. На партискиот собир и официјално е потврдено учеството на Алијанса за […]

Таравари ги објави кандидатите за градоначалници: За Гостивар – Лимани, за Сарај – Рамадани


Партијата Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, ќе настапи со четворица свои кандидати на претстојните локални избори, кои треба да се одржат наесен. Одлуката за кандидатите била донесена на состанок на партиското раководство, кој синоќа се одржал во Тетово. Актуелниот градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани, ќе се обиде да го освои вториот мандат, откако […]

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени


Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.  – Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата […]

Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената


Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената. Во објава на „Фејсбук“, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал.  – Ти не донесе промена. Ти не […]

Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари


Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти. Тој најави дека следната недела се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Тараври, на која ќе биде сумирано се што е направено. -Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу […]

Касами: Таравари нема да биде дел од Владата, но некој од АА може да остане во извршната власт


Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата […]

Владината коалиција брои ситно? Мицкоски со услов до Таравари


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него е неприфатливо партијата на Арбен Таравари, која е дел од владината коалиција, да соработува со опозициската ДУИ на претстојните локални избори. За, ова, како што рече Мицкоски, тој ќе побара од Таравари јасен одговор на средбата која што треба да се одржи наредните […]

Таравари и Клековски им посакаа успех на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички


Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска им посакаа успех на специјализантите пред започнувањето на нивното тестирање за вработување. “Втора седница на Влада минатата година донесовме одлука проблемот со приватните специјализанти да се реши. Вкупно беа 600 специјализанти, на апликацијата аплицираа 584 приватни специјализанти.” “Денеска веќе започнува […]

Таравари: Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање назад


Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени  и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.   […]

Таравари ќе излезе од Владата само ако Мицкоски му ја покаже вратата


  Лидерот на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека тие ќе излезат од Владата само доколку премиерот смета дека не треба да се таму. Според него, премиерот е тој што формира влада и никој друг нема право да кажува освен него. Сепак, да бидеме рационални и да не брзаме, изјави Арбен Таравари […]

Таравари: Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува, […]

(Во живо) Прес на министерот Таравари


Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во 12 часот во Министерство за здравство (горна сала) ќе одржи прес конференција.    Проследете ја во живо:

Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори


Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните. Ние едногласно одлучивме […]

Ако има пропусти ќе има одговорност и од државните и од приватните клиники за пациентот кој почина чекајќи операција на Кардиохирургија


Ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција на Клиниката за кардиохирургија, потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари рече дека сѐ уште го нема видено извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. „Ќе го видам извештајот. Ќе треба да […]

Таравари: Еден пациент се враќа денеска од Унгарија – двајца сѐ уште во критична состојба


Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците во Скопје и надвор од држвата. Сите паценти се во стабилна состојба, освен двајца кои и натаму се во критична, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од 57, деветмина се во Скопје, од кои двајца се на Клинички на […]

Таравари: Има простор за критика, но најважно е што од 193 пациенти само еден почина


 Има простор за критика, повелете, критикувајте не, но со гордост можам да кажам дека од вкупно 193 пациенти со изгореници успеавме и до денеска имаме само еден починат, рече министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Кочани. Според Таравари, исправна е одлуката дел од пациентите да се пратат […]

Таравари: Карадакоски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта и големата површина на изгореници


Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство. -Со огромно жалење сакам да известам дека рано […]