Нови рочишта за „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“


 Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјално докази. Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство […]

Кривичен бара Собранието да го толкува спорниот член на СЈО


Кривичниот суд ќе побара републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да се изјасни за тоа кое обвинителство треба да ги води оспорените предмети на Специјалното јавно обвинителство и ќе побара автентично толкување од Собранието на членот 22 од законот за Специјалното јавно обвинителство. По неколку дена молк, судиите од Кривичниот суд се состанаа и изградија став […]

СЈО на одумирање, ЈО на тест: Ќе ја победи ли криминалот правдата?


Сега кога Врховниот суд пресече дека СЈО не може да отвора истраги и да покренува обвиненија по 30 јуни 2017 година и нема повисока институција што ќе го оспори ова мислење, старо- новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски останува замислен непријател на власта. Зад ставот на највисокиот суд застанаа 17 од вкупно 19 судии, […]

Вангеловски: Повисоко од Врховен е само Господ


Правното мислење на Врховниот суд веројатно ја закопа последната надеж дека Специјалното јавно обвинителство ќе докаже дека недопирливите политички фигури од минатата власт ќе одговараат за криминалите за кои беа обвинети и дека конечно ќе биде испратена пораката дека секој криминал со парите на граѓаните и играњето се човечките животи ќе биде казнето. Речиси сите […]

Ново рочиште за случајот „Тендери“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Во него првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Според […]

Додека Брисел чека владеење на правото: Ќе го кастрираат ли пратениците СЈО?


Одговорноста за масовното прислушување во Македонија и пресудите за висока корупција влегоа во препораките на европските министри. Ова се дел од условите на Брисел за започнување на преговорите со Македонија во јуни 2019 година. Но институцијата што беше формирана токму за да го истражи масовното прислушување, Специјалното јавно обвинителство, се соочува со опасност да остане […]

Неделава продолжуваат судењата за предметите на СЈО


По паузата поради новогодишните и божиќните празници од утре во Кривичниот суд продолжуваат судењата иницирани од Специјалното јавно обвинителство, каде за неделава закажани се вкупно пет нови рочишта за случаите „Тендери“, „Т.Н.Т.“, „Транспортер“, „Монструм“ и „ Насилство во општина Центар“. Првото рочиште годинава ќе се одржи во вторник за случајот „Тендери“ во кој првообвинета е […]

Судијата Шабани ќе суди за „Талир“ на СЈО


Предметотот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“ оформен по одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, согласно АКМИС системот е распределен на понатамошно постапување кај судија Осман Шабани, информира денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судијата Осман Шабани ги […]

Сашо Мијалков останува и викендов во Шутка


Поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков останува и викендов во Шутка. Судијката Весна Димишкова денеска не донела олдука бидејки предлогот на СЈО за укинување на притворот и определување домашен притвор биле некомплетни и го вратила во обвинителстовто на дополнување. „Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор […]

СЈО бара Мијалков да си оди дома


Специјалното јавно обвинителство даде позитивно мислење за укинувањето на мерката притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. СЈО бара притворот да се замени со куќен притвор, а мислењето е испратено денеска попладне во Скопскиот кривичен суд. Судија на претходна постапка, треба да донесе одлука да му го укине притворот на Мијалков и ќе му биде […]

СЈО ја губи смислата на постоењето


Целата македонска јавност се крена на нозе кога претседателот Ѓорге Иванов ги аболираше функционерите од ВМРО-ДПМНЕ осомничени во случаите на Специјалното јавно обвинителство. Сега, неколку години подоцна, веќе не важат паролите што ги носеа демонстрантите „Шутка не ти бега Никола“ и „Ќе си лежите“, а маичките со ликовите на трите специјални обвинителки ја изгубија вредноста. […]

Мијалков уште чека мислење од СЈО за притворот


Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков уште чека Специјалното јавно обвинителство да даде мислење за гаранцијата од 1 милион евра што ја понуди за да се брани од слобода. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски вели дека со оглед на тоа дека се работи за притворски предмет, Специјалното јавно обвинителство треба да даде мислење што побрзо. […]

На СЈО му се лизга авторитетот


Симболот околу кој се обедини демократската јавност, која издејствува промена на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, се соочува со намалување на довербата кај граѓаните. Резултатите од последната анкета на Телма и МЦМС покажуваат дека иконата на правдата го губи сјајот – мнозинство од 53,5 отсто од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство, а му веруваат 41 […]

Неславен епилог на една политичко-правна драма: Азил или резил?


Главниот лик во проектот на поранешната опозиција наречен „Вистината за Македонија“ – Никола Груевски ѝ избега на правдата. Тој тврди дека ја напуштил државата – со пратенички мандат, докторска титула, правосилна пресуда за двегодишна затворска казна и со уште неколку обвиненија и истраги што Специјалното јавно обвинителство ги води против него. Уште на стартот на […]

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски кога некои други не можеа ни име да му споменат


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача […]

СЈО ја тресе „империјата“ од фирми на Камчеви и Мијалков


Специјалното јавно обвинителствот отвори истрага под кодно име „Империја“ против 13 лица, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куноска Камчева и сестра Христина Камчева Стојческа, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Сите се сомничат за злосторничко […]

СЈО влезе и во фирми на други лица


Од Специјалното јавно обвинителство ги потврдуваат информациите дека влегле во повеќе фирми на бизнисменот Орце Камчев. Од ова обвинителство велат исто така дека е влезено и во фирми на други лица, но нема информации дали станува збор за фирми поврзани со бизнисите на Камчев. СЈО, како што објавивме, врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ […]

СЈО ги претресува фирмите на Орце Камчев


Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, потврдија неофицијално од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК. СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и […]

ВМРО ќе се жали во Стразбур за замрзнатиот имот


ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур по одлуката на судот позитивно да одговори на барањето на СЈО за замрзнување на имотот. Од најголемата опозициска партија сметаат дека станува збор за политичко мотивирана одлука. „Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремената мерка од страна на СЈО. […]

Ревизија: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ проценет на 10 милиони евра


ВМРО-ДПМНЕ редовно ги сервисира обврските кон Комерцијална банка за кредитот којшто партијата го подигна пред парламентарните избори 2016 година, за што како хипотека го заложи партиското седиште, кое е дел од имотот замрзнат од Кривичниот суд по барање на СЈО. Ова за „Независен“ го потврдуваат од банката, од каде што ги демантираат одредените информации дека […]