Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО


Работните групи кои беа формирани според договорот од последната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска треба да се состанат во обид да се изнајде заедничко решение околу предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО. Власта и опозицијата имаат спротиставените ставови особено во однос на иднината на […]

СЈО за шест месеци отворило нови истраги против 64 лица


Пресуди против три лица во два предмета, поднесувањето две обвиненија во предметите ТАЛИР и ТАЛИР 2, како и отворање осум нови истражни постапки против вкупно 64 лица. Ова, меѓу другото, е наведено како покарактеристично во седмиот шестмесечен извештај за работата на СЈО во периодот од 15-ти септември 2018 година до 15-ти март 2019 година. Во извештајот на 103 страници […]

ЕУ прогледа низ прсти за 27 април, ама тешко ќе „амнестира“ за СЈО


Речиси две години подоцна, во Кривичниот суд во Скопје ќе биде соопштена пресудата на судечкиот совет, предводен од Добрила Кацарска, за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година. Иако Обвинителството за организиран криминал покрена обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок против триесетина лица, денеска ќе им биде пресудено само на 17, затоа што […]

Заев: Со Мицкоски имаме различни ставови во однос на СЈО


Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека oчекува квалитетно законско решение за Специјалното јавно обвинителство во кое сите ќе веруваат. Тој истакна дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имале различни ставови во однос на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за тимот на обвинители во […]

„Империјата“ е безбедна


Поплавата во Специјалното јавно обвинителство уништила докази од еден од најбитните предмети – „Империја“. Оваа вест вчера ги преплави медиумите, за потоа од Специјалното јавно обвинителство да објаснат дека вистината е поинаква. Тврдат дека во институцијата воопшто немало поплава, туку дека пред една недела, во неработен ден навечер пукнала цевка од системот за парно греење […]

Нека виси Катица…


Александра М. Митевска Има една подзаборавена сатирична песна, од последните децении на минатиот век, насловена „Нека виси Педро“. Нејзината поента е да покаже дека за сите проблеми во еден колектив или општеството постои дежурен виновник. Во песната, настаната на просторите на поранешна Југославија, тој дежурен виновник е наречен Педро. Во актуелните македонски политичко-правосудни услови, поточно […]

Кацарска го предупреди Поповски, сопругата да не ургира кај нејзини пријатели


Случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Триста“, денеска почна од почеток во Кривичниот суд, откако Апелација ја укина првостепената пресуда, според која обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР,  беше осуден на девет години затвор. На почетокот на судењето, судијката Добрила Кацарска му порача на обвинетиот Поповски да и пренесе на сопругата да не ургира […]

СЈО: Сите документи за „Империја“ се сочувани, нема поплава туку пукната цевка


Сите документи од предметот „Империја“ се сочувани, потврди за МИА обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, по информацијата објавена во некои медиуми дека дел од документите собирани како докази за три предмети, биле поплавени. Од СЈО велат дека не се работи за поплава, туку за прскање на една цевка од парно греење во сутеренски […]

Некои докази за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ поплавени во објектот на СЈО


Дел од доказите за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ биле поплавени, кога поради пукање цевка од парното, во објектот каде е сместено Специјалното јавно обвинителство, протекла вода. Од СЈО за емисијата „360“ потврдија дека минатата недела се случила поплава во нивниот објект и биле зафатени дел од документите собирани како докази за три предмети. -Точно […]

Без ВМРО-ДПМНЕ, нема СЈО


Лидерите на најголемите политички партии, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, закажаа синоќа лидерска средба за да се договараат како да се обезбеди мнозинство за предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство, во чии предмети се обвинети и осомничени високи функционери на ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. Иако со новиот предлог-закон „бомбите“ нема да бидат докази за предметите што […]

Заев: СЈО треба да продолжи со Јанева и досегашниот тим


Важно е да обезбедиме кристално чисти избори, со оглед на тоа што нашиот кандидат е фаворит, ама опозицијата мора да добие шанса за фер натпревар, изјави премиерот Зорна Заев по средбата со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, вечерва во владата. Тој изрази задоволство што дијалогот почна. Најави дополнителен мониторинг на изборниот процес, со поголема вклученост на […]

Мицкоски по средбата со Заев: Јанева не смее да го води СЈО


Опозицијата е расположена да влезе во разговори за решавање на статусот на СЈО, но на чело на тоа обвинителство не смее да биде Катица Јанева, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со премиерот Зоран Заев вечерва во владата. Тој рече дека е добро да почнат преговори меѓу партиите за СЈО, за таа цел од утре […]

Ќе си простат ли Заев и Мицковски?


Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат в недела, како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се […]

Јанева: Може некој да се спаси


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не може да предвиди што ќе се случува во иднина со случаите на ова обвинителство ако биде донесен новиот предлог-закон, кој конечно ќе го регулира статусот на СЈО и со кој „бомбите“ нема да можат да се користат како докази во над дваесет случаи што ги отвори СЈО по јуни […]

(Видео) Јанева најави нови крупни предмети


Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е задоволна што надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека наскоро би можело да се очекуваат и други покрупни предмети Јанева вели и дека Обвинителството што го раководи ќе продолжи да работи со истата динамика и во иднина, додавајќи дека следната недела ќе го претстави извештајот за работата […]

Дескоска: Постапките на СЈО нема да почнат од одново


Вчера го пуштивме во собраниска процедура Законот за Јавно обвинителство, закон што треба да биде донесен со двотретинско мнозинство кое се уште го немаме потврдено, но битно е дека на ниво на владина коалиција успеавме  да постигнеме согласност за текст што дава целосна одржливост на СЈО, го претвора во траен орган, не нуди никаква скриена […]

СЈО ќе преживее, но не и „бомбите“


Специјалното јавно обвинителство ќе ги продолжи истрагите и обвиненијата што ги покрена и по рокот од 18 месеци од преземањето на прислушуваните материјали, но „бомбите“ ќе може да ги користи како докази само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 години. Ова се клучните одредби на предлог-законот за Јавното обвинителство во […]

Под дипломатски притисок, опозицијата се враќа на зелена маса


Политичкиот консензус се „врати“ во парламентот на почетокот на оваа седмица, по бурната недела претходно кога поради силни искрења меѓу власта и опозицијата, од една страна, а од друга меѓу коалициските партнери во Владата, беше откажана втората сесија во рамки на процесот „Жан Моне“. Во меѓувреме, во земјава допатуваа европарламентарците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, […]

Двотретинско мнозинство за СЈО засега е невозможна мисија


Невозможна мисија засега изгледа обезбедувањето на двотретинско мнозинство во Собранието за законскиот текст изготвен од Министерството за правда со кој се продолжува животот на Специјалното јавно обвинителство кое беше формирано со широк консензус во септември 2015 година. Во меѓувреме, предвидениот рок за негово донесување до 1 април, кога започнува претседателската кампања, а Собранието прекинува со […]

Парламент без имунитет


Иако барем половина од пратениците од овој собраниски состав се релативно непознати за пошироката јавност, тој ќе остане запаметен по неколку крупни одлуки што ги донесе за помалку од една година, како уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор, но и по неколку преседани и „рекорди“ што ги постави. Во историјата на македонскиот парламентаризам не […]