Бременост и одбрана


Како одминува времето така се повеќе се потврдуваат претпоставките за тоа во која насока ќе се одвива одбраната на обвинетите од Специјалното јавно обвинителство. Со „обзнана“ дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е бремена, настапи нова фаза во стратегија на адвокатите на обвинетите, иако до пред само една недела адвокатите се заложија за […]

Предметот „Насилство во Центар“ презакажан за 1 јуни


Судењето за предметот на СЈО „насилство во Центар“ е прекинато и презакажано за 1 јуни, поради неможноста претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев веднаш да одлучи по барањето за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов. Барањето на почетокот на рочиштето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека […]

Џолев: Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон


Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во врска со обвинувањата на обвинетите од СЈО дека рочиштата траат предолго и после работното време рече дека новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува постапките да се забрзаат, поготово во предметите каде што има услови за тоа. – Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон. Ништо не е прекршено […]

Прво рочиште за „Монструм“ откако го презеде СЈО


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Предметот „Монструм“ минатиот месец го презеде Специјалното јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во фаза во која бил прекинат и […]

„Тендери“ ќе продолжи на 14 мај со изведување материјални докази


Судењето за предметот „Тендери“ на СЈО во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе продолжи на 14 мај со изведување материјални докази. На денешното рочиште беа преслушани пет телефонски разговори во присуство на јавноста. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа […]

Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“. Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, а во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски […]

Следната среда ново рочиште за „Тенк“


Во Кривичниот суд по скоро седум часа попладнево заврши рочиште за случајот „Тенк“ на кое беа сослушувани тројца сведоци. Ново рочиште е закажано за следната среда, кога искази ќе даваат осум сведоци. Судот денеска го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување […]

По вчерашното слушање на бомбите, „Тенк“ денеска продолжува со пишани докази


Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Сите обвинети се присутни на денешното рочиште што го води судијката Добрила Кацарска. СЈО […]

Во Кривичен се слушаа прислушувани разговори за набавката на луксузниот мерцедес


Рочиштето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој се однесува на набавката на владиниот мерцедес,  за кое вечерва  во Кривичниот суд Скопје се  слушаа прислушувани разговори, ќе продолжи утре во 10:30 часот. Прислушуваните разговори се доказ за судењето, а беа пуштени  во судницата откако беа одбиени приговорите на одбраната на обвинетите. Претходно денеска […]

Прекинато судењето за луксузниот „мерцедес“


Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на  поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави правосудство.мк.  Адвокатот Димитар Дангов цени дека треба да се провери кои судии се јавуваат во т.н. „бомби“, а за што говореше […]

Обвинетите за „Насилство во Центар“ се изјаснија за невини


Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ со вкрстено испрашување на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Тој треба да одговара на прашања на адвокатите, а на претходните рочишта беше испрашуван од обвинителите на СЈО. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и […]

Груевски: Да имаше „Д“ од доказ против мене за 27 април одамна немаше да бидам тука


Да имаше „Д“ од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука. Што не значи дека тие што ги уапсија се виновни. Апсолутно и тие не се виновни, но го понесоа товарот за овој случај, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарсо прашање по завршувањето на првото рочиште за […]

Груевски и сопартијците ќе ја сефтосаат новата зграда на Кривичен суд


Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана […]

СЈО го презема случајот со новинарот Божиновски


Специјалното јавно обвинителство од пред неколку дена воспостави наделжност врз предметот кој се однесува на новинарот Зоран Божиновски. „Донесено е решение, од 15 март годинава, со кое е воспоставена надлежност за предметот против обвинетиот Зоран Божиновски, кој е дел од случајот ‘Шпион’“, се вели во во одговорот на СЈО по поставено прашање од правосудство.мк. Сега […]

СЈО го презема „Монструм“


Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година. – Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме подготвени за презентирање пред судот. Постапката продолжува во фазата во која се наоѓа предметот, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција. Масакрот кај Смилковското Езеро […]

(ФОТО) Судењето за „Траекторија“ почна со пауза


Судењето за случајот на СЈО „Траекторија“ само што почна во Кривичниот суд во Скопје и веднаш беше дадена пауза од еден час, затоа што адвокатот Димитар Дангов побара време да се појави во Врховниот суд каде што се одлучува по жалбите за притворите на дел од осомничените за настаните во парламентот на 27 април минатата […]

СЈО бара затворска казна за Талевска


Специјалното јавно обвинителство се премисли и до скопскиот Апелационен суд вложи жалба, по изречена условна осуда за Ивона Талевска, за даночно затајување на повеќе од 45.000 евра. Како што информираат од СЈО за правосудство.мк од повисокиот суд се бара да ја преиначи условната казна и да и досуди ефективна затворска казна.Во жалбата се бара и […]

СЈО се откажа од обвинителниот акт за „Сопот“


Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт за случајот „Сопот“, бидејќи според деталните анализи што ги направило ова Обвинителство не постојат докази дека обвинетите го сториле делото за кое се товарат. Според специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема докази со кои може да се утврди обвинението за обвинетите. Судот одлучи да ги ослободи и да го […]

Заев вели дека снимката за „Поткуп“ била нецелосно објавена


Адвокатите на Зоран Заев на почетокот на денешното рочиштето за „Поткуп“ побараа од судот јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителите од СЈО се против ова барање. Обвинителката од СЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се […]

Груевски: Предметите на СЈО се дел од политичкиот прогон кон мене


Одбраната на обвинетите во предметот Т.НТ. на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на денешното продолжение на судењето во Кривичниот суд побара да им се даде дополнително време за воведни говори, бидејќи имало дополнителни докази од СЈО, кои обвинетите, како што велат, доцна ги добиле. Судијата го одобри барањето при што адвокатот на […]