Нови докази од СЈО за луксузниот мерцедес


Специјалното јавно обвинителство поднесе нови докази за случајот „Тенк“, за кои на денешното рочиште судот треба да се произнесе. Одбраната, пак, е против да се разгледаат доставените нови докази. По дебатата во судницата и инсистирањето на СЈО дека станува збор за битни докази кои треба да бидат прифатени од судот, беше дадена пауза за да […]

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тотал“


По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас. Одбраната на Латас на почетокот побара да ги добие транскриптите од 14 прислушувани разговори кои СЈО ги предлага како доказ во постапката. Според одбраната, транскриптите се потребни за да се подготват за главната расправа. Реагираше […]

Завршни зборови за „Тенк“, нови рочишта за „Тендери“ и „Тотал“


Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за  предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, „Тендери“ и „Тотал“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови на обвинетите во овој процес, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, […]

Ќе ги тргне ли ВМРО-ДПМНЕ „лисиците“ од рацете на СЈО


Мора да продолжат истрагите поврзани со прислушувањето, а специјалното јавно обвинителство да се интегрира во редовните структури на обвинителството, порача вчера во Скопје државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, кој не беше воодушевен од ова решение, но со оглед на околностите ги прифати како остварливо во моментов. Неговата заложба во […]

Рот: СЈО да влезе во редовното обвинителство и да продолжат истрагите за прислушувањето


Мора да продолжат истрагите поврзани со прислушувањето, а Специјалното јавно обвинителство треба да се интегрира во редовните структури на обвинителството, порача денеска во Скопје државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, кој е во посета на Македонија. – Морам да подвлечам дека двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на […]

Конфискација на имотот на Груевски, Протуѓер и Димовски, побара СЈО


Обвинителите на Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за „Титаник“ побараа од Судот да им се конфискува имот на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.000 денари. Конфискација на имотот што одговара на незаконски обезбедени средства, обвинителите побараа и за други обвинети во овој случај. Претходно, судечкиот совет го отфрли како недозволено […]

Груевски не сака да се брани за „мерцедесот“


  Поранешниот премиер Никола Груевски одби да даде одбрана за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е очигледно оти нема негова вина со набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно по изведувањето на доказите на Обвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое што е обвинет. „Согласно поуката […]

Судењето за „Тенк“ продолжува на 14 мај


Предметот на СЈО „Тенк“ продолжува на 14 мај со изнесување на завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. На денешното рочиште што траеше речиси шест часа, одбраната бараше изземање на специјалните јавни обвинители. По барањата на адвокатите на одбраната за изземање на обвинителите, за кои обвинителот на СЈО Стевчо Донев до Судот достави известување од специјалната обвинителка […]

Одбиено барањето за изземање на обвинителите на СЈО во „Тенк“


Обвинителот на СЈО Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до судот достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристовска. Донев рече дека барањето на адвокатите за изземање на обвинителите е со цел да се одложува […]

Одбраната на обвинетите во „Тенк“ бара изземање на обвинителите од СЈО


Одбраната на обвинетите во предметот „Титаник“ на денешното рочиште побара изземање на обвинителите од СЈО. Претходно, адвокатката Сања Алексиќ, која го брани Никола Груевски, ги прочита писмените докази на одбраната. Веднаш потоа обвинителите Ленче Ристовска и Стевче Донев побараа пауза. Реагираше одбраната, која смета дека обвинителите немаат право да бараат пауза до донесување на одлуката […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев стана поим за партизација, непотизам и нечесно работење


  СДСМ ја киднапира Република Македонија и со неа се однесува како да е приватна фирма на Заеви, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ. „Колку чини едно нарачано политичко обвинение? Колку чини едно нарачано политичко барање за притвор или одземање на патна исправа? Цената ја откри Зоран Заев. Цената е предлагање на сестра на специјалниот јавен обвинител, Катица […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 13 јуни


Рочиштето за предметот на СЈО „Тортура“ што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд во Скопје е одложено за 13 јуни поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски. Одбраната достави медицинска документација, за која тврди дека го оправдува неговото отсуство од денешното рочиште. Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски побара документацијата да биде посериозна бидејќи, според […]

Мијалков на суд за апсењето на Љубе Бошковски


Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“ и „Тарифа“. Судењето за „Тортура“ минатиот пат беше одложено бидејќи во Судот не дојде обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков. Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за судското рочиште. Додаде дека […]

СЈО влезе во „Македонски пошти“


Претставници од тимот на Специјалното јавно обвинителство вчера влегле на увид во ЈП „Македонска пошта“, каде била побарана документација поврзана со некоја од предистражните постапки, пренесе Макфакс. Исто така, постојат и индиции дека тимови на СЈО посетиле и други институции, од каде собирале информации за постапките кои ги водат. Официјална потврда за информациите на Макфакс […]

Трет обид пратениците на Комисијата за политички систем да го чујат извештајот на СЈО


Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзанин и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018 година денеска е на дневен ред на продолжението на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова ќе биде трет обид на пратениците да чујат од […]

Неделава рочишта за четири предмети на СЈО


Рочишта за четирите предмети на Специјалното јавно обвинителство, „Триста“, „Титаник“, „Насилство во општина Центар“ и „Т.Н.Т“ се закажани неделава во Кривичниот суд. За среда е закажано рочиште за „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО. Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, […]

Нови рочишта за „Тарифа“, „Труст“, Титаник 2“ и „Триста“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Тарифа“, „Труст“, Титаник 2“ и „Триста“. На обвинителна клупа ќе седнат поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица, обвинети во случајот  „Тарифа“ за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“, вреден околу […]

Извештајот на СЈО во среда пред пратениците


Во среда специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го презентира Годишниот извештај на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.9.2017 до 15.3.2018) пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Денешната седница на […]

Извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем


Извештај за сработеното денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година. Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за […]

Дејан Митревски – Урко ќе сведочи за набавката на „мерцедесот“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Пред Судот денеска исказ треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола […]