Судот му го укина куќниот притвор на Едмонд Темелко


Кривичниот совет му го укина куќниот притвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко кој е обвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“. Судот го прифатил предлогот на одбраната за укинување на мерката куќен притвор, а за ова Темелко понудил гаранција во недвижен имот. „По правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на […]

Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села


Во Кривичниот суд денеска на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април минатата година сведок по предлог на одбраната беше пратеникот Влатко Ѓорчев. Пред судот Ѓорчев зборуваше за случувањата од 27 април, како влегол во прес-салата и кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги […]

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април


Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази. Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги […]

Вработени во МВР сведочат во „Тенк“, Урко не дојде на рочиштето


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Тенк“ исказ даваат осуммина сведоци вработени во Министерството за внатрешни работи. Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски – Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во […]

На Јанкулоска за „Тенк“ ќе и се суди во одвоена постапка


Кривичниот суд денеска донесе одлука да ја раздвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарска потврда, во која е наведено дека […]

Прекинато рочиштето за Зијадин Села: Обвинет се онесвести во судница


Никола Војминовски , обвинет за обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села, се онесвести за време на судското рочиште. Денешното рочитште беше прекинато поради овој настан, а во исто време беше повикана Брза помош. Војминовски е обвинет во случај позврзан со настаните од 27 април, односно за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Откако тој […]

Судот ветува брза вистина за „Монструм“


„Судија, веќе не можеме да издржиме. Ова е агонија која нема крај“, повикаа родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро откако во скопскиот Кривичен суд повторно беше одложено рочиштето за случајот „Монструм“. Адвокатот Насер Рауфи донесе потврда дека неговиот клиент Фејзи Азири бил примен на Одделението за пулмологија во скопскиот Клинички центар, што ја налути […]

Груевски: Вакви монтирани судења не се паметат од почетокот на 20-иот век


Екс премиерот Никола Груевски и денеска беше на судење наместо на интерпелација. Груевски мораше да се појави на судското рочиште Тенк, бидејќи судот одби тој денеска да биде слободен. “Ова политичка судска хајка конкурира за најголема политичка судска хајка. Вакви монтирани и политички судења не се паметат од почетокот на 20-иот век, ни во турско, […]

Судот го одби барањето на одбраната за целосно читање на содржината на доказите во случајот „Тенк“


Судот го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кои се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ […]

Потврден притворот за Чавков


Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор, потврдија за МИА од Судот. Оттаму посочија дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во […]

Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот


Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО. – За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се […]

Сослушан сведок за „мерцедесот“


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ сведочеше вработен во Агенцијата за разузнавање, кој во 2012 година бил државен советник за управување со човечки ресурси во кабинетот на министерот за внатрешни работи. Тој побара јавноста да биде исклучена од рочиштето зашто, како што рече, работел во Агенцијата за разузнавање и оти може да […]

Заев денеска на обвинителна клупа за „Поткуп“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето. Заев во случајот „Поткуп“ […]

Уште еден обвините во случајот во „Насилство во Центар“ седнува на обвинителна клупа


Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. Минатото рочиште беше одложено, бидејќи се уште не било готово вештачењето што го побарал Судот. Крстев се уште нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин. Во […]

Една година условна казна за неврохирургот Чапаровски


Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Александар Чапаровски денеска на првото судско рочиште призна вина и доби условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот […]

Условна казна за новинарката Ивона Талевска


Новинарката Ивона Талевска доби условна затворска казна затвор од две години ако во наредните четири години не стори кривично дело . Пресудата беше соопштена денеска по само едно одржано рочиште во скопскиот Кривичен суд. Талевска ја призна вината и сите дејствија во обвинителниот акт, по што за очекување беше дека ќе помине со условна казна. Таа […]

Судска седмица за Груевски


Само четврток е слободен ден, во текот на оваа работна седмица, за поранешниот премиер и актуелен пратеник Никола Груевски. Сите други четири дена тој треба да се појави во Кривичниот суд  за неколку случаи што против него и негови соработници додека беше на власт ги води Специјалното јавно обвинителство. За утре е закажано рочиште за […]

Одложени рочиштата за „Тотал“ и „Труст“, Латас не дојде на суд


Новинарот Драган Павловиќ Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на СЈО „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради лични и семејни причини не присуствуваше на денешното рочиште. Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника. Новинарот Драган Павловиќ-Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител […]

МПМ отиде во стечај


На денешното второ подготвително рочиште, со одлука на судот,  и формално е отворен стечај за „Медиа Принт Македноија“, во чии рамки излегуваа четири дневни весници, еден неделник и еденн интернет портал. Судот, за стечаен управник го именуваше досегашниот времен стечаен управник Живко Калков. Тој, во изјава за правосудство.мк  ,вели дека „има кристално јасна состојба за состојбите […]

Села не дојде на суд


Пратеникот Зијадин Села денеска не дојде на рочишето во Кривичниот суд, кое се води против десетмина обвинети за обид за негово убиство на 27 април минатата година во Собранието на РМ. Иако претходно беше најавен дека ќе пристигне на судењето откако ќе бидат сослушани двајцата сведоци, Села не дојде и своето присуство го најави за […]