Условна казна за членот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја тепаше сопругата


Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р.Р. од Шестата управа, кој бил дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, […]

Над 14.000 пријавени сторители на кривични дела во 2025


Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на […]

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор


Предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како […]

Двајца кинески поранешни министри за одбрана осудени на смрт со одложување поради корупција


Кинескиот воен суд денеска осуди двајца поранешни министри за одбрана на смрт поради корупцијата со двогодишно одложување. Според судските одлуки, Веи Фенгхе е прогласен за виновен за примање мито, додека Ли Шангфу е осуден за кривичните дела и за примање и за давање мито. Нивниот личен имот ќе биде конфискуван. Судот изјави дека нема да […]

Судот ја одложи одлуката за разрешување на министерот на Нетанјаху, хаос во судницата (видео)


Вчера, по речиси десетчасовно рочиште, Врховниот суд на Израел ја одложи одлуката за петициите со кои се бара разрешување на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир поради обвинувања дека незаконски се мешал во полициските работи, објавува Анадолу. Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека судот ќе донесе одлука подоцна. Според весникот, судиите предложиле обид за […]

Српскиот министер за правда поднесе кривична пријава против претседателот на Високиот совет на обвинителството


Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека министерот за правда на Србија, Ненад Вуиќ, поднел кривична пријава против претседателот на Високиот совет на обвинителството (ВСТ), Бранко Стаменковиќ. Тужбата е поднесена до Специјалното одделение за сузбивање корупција поради наводно сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На Стаменковиќ му е доставена покана за сослушување како осомничен, […]

Во Белград ќе почне судење на деветмина студенти уапсени по протестот на Видовден


Студентите во блокада објавија дека судењето на деветмина нивни колеги уапсени по протестот на Видовден ќе се одржи денеска во Белград. Нивните колеги се обвинети за подготовка на дело против уставниот поредок. Повикувајќи на протест за поддршка претпладнево во 11 часот пред Палатата на правдата, студентите потсетија дека по протестот „Се гледаме на Видовден“ на […]

Сплитскиот суд евакуиран поради закана со бомба


Утрово во Сплитскиот окружен суд беше примена дојава за поставена експлозивна направа, поради што зградата беше евакуирана, а рочиштата одложени. Дојавата беше примена непосредно пред 9 часот наутро, неколку минути пред почетокот на рочиштето на кое требаше да се донесе одлуката за потврдување на обвинението против Ненад Петрак и неговите соработници, пишува „Слободна“. Службениците на […]

Условна казна затвор од две години за напаѓачот на градоначалничката Арсовска – таа му прости


Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.  Бранителот на Реџеп Нуредини, […]

Арсовска денеска на суд со вториот што ја нападна во Чаир


Денес градоначалничката Данела Арсовска го соочува вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата.   „Насилникот има долга листа на сторени сериозни кривични дела и одлежано повеќе години ефективна казна затвор за истите. Системот им дозволува да напаѓаат, да вршат […]

Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција


Поранешниот кинески министер за земјоделство Тан Жeнѓијан е осуден на смрт со двегодишно одложување на извршувањето на казната, поради примање поткуп во пари и во натура во вкупна вредност од над 268 милиони јуани (околу 32 милиони евра), се наведува во соопштение на Судот во градот Чанчун, провинцијата Џилин. Судот наведе дека овие корупциски дејствија […]

Кичевчанец нападнал адвокат во судница во Дебар


Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница во Дебар. Според охридската полиција, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тој, на 9 овој месец во 10:38 часот, за време на рочиште во судница […]

Во Основниот суд во Куманово рочиште против кумановскиот градоначалник Димитриевски


Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово. На денешното рочиште одбраната на Димитриевски достави писмени докази од Секторот за урбанизам. На рочиштето не […]

Обвинителство бара ефективен притвор за Васев од Онкологија, а тој – да се брани од слобода


Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.  Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека […]

Судовите неажурни: Поради празниците и недостиг на судии се трупаат нерешени предмети


Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно, а за тоа време биле решени 137.725 предмети, покажа извештајот за работата на судовите што беше разгледан денеска во Судскиот совет. Тримесечните извештаи за работата на судовите за 2025 година покажуваат дека повеќето од судовите во Македонија биле неажурни. Почетокот на годината судовите го започнале […]

Американски суд ги блокираше царините на Трамп, биле нелегални


  Американски трговски суд го прогласи режимот на сеопфатни царини на Доналд Трамп за нелегален, во драматичен пресврт што може да ја блокира контроверзната глобална трговска политика на американскиот претседател. Одлуката на панел од тројца судии во Судот за меѓународна трговија со седиште во Њујорк дојде по неколку тужби во кои се тврдеше дека Трамп […]

Штрајк на вработените во судството во Србија


Синдикатот во судството во Србија објави дека од денеска вработените во судските институции низ целата држава ќе стапат во целосен штрајк. Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат […]

Судии и обвинители во Србија бараат седници на највисоките правосудни органи за студенстките протести


Група судии и јавни обвинители „Да ја одбраниме професијата“ денеска побара, имајќи ги предвид студентските барања поврзани со судството, до крајот на месецот да се одржат седници на највисоките правосудни органи – Врховниот суд, Врховното јавно обвинителство, Високиот судски совет и Високиот совет на обвинителството, за која ќе се расправа актуелната состојба во судството, јави […]

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување на истрагата


Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград. Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита […]

Речиси половина од судовите лани биле неажурни – нерешени 135.000 предмети


Речиси половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови, ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година. Според известителот Павлина […]