Канческа-Милевска во суд за тендерите за Музејот на ВМРО


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни […]

Кацарска ѝ порача на Јанкулоска: Немојте да си поигрувате со судот


Како жена и како мајка, ќе бидам коректна и ќе ѝ дозволам на обвинетата Гордана Јанкулоска и повеќе од 45 дена по породувањето да не доаѓа на судски рочишта, но по 29 август нема да бидат дозволени никакви оправдувања и боледувања за отсуство. Судијката Добрила Кацарска на вчерашното рочиште за случајот „Тенк“ ѝ одговори на […]

Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието


Судот ги изрече првите затворски казни за нападот во Собранието што се случи на 27 април минатата година во Собрание. Стојан Павлески е осуден на три години затворска каза, а Цејо Ѓоргиевски е осуден на една година и два месеца затвор за кривичното дело насилство, односно за насилничкото однесување кон пратениците во Собранието. Претседателката на […]

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО продолжува на 25 јуни


Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 25 јуни, откако на денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците на денешното рочиште останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде […]

Завршни зборови за нападот врз Села


Обвинителството за организиран криминал и корупција и одбраната на обвинетите денеска треба да ги дадат своите завршни зборови за случајот со нападот врз пратеникот Зијадин Села кој што се случи на 27 април минатата година. На минатото рочиште обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски им го предаде изменетото обвинение на судот и на одбраната, која […]

Продолжува судењето за уривањето на „Космос“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска. Нејзиниот адвокат, Дончо Наков рече дека Зафировска била нападната на 1 мај во викендичка во Катланово и дека се уште закрепнува […]

Изменето, но не и проширено обвинението за нападот врз Села


Обвинителството за организиран криминал и корупција го измени, но не го прошири обвинението за нападот врз пратеникот Зијадин Села што се случи лани на 27 април на крвавиот четврток во Собранието. Со измените, Сашо Сенков е ослободен, за двајца кривичното дело е преквалификувано во полесно дело – насилство, а за останатите седуммина обвинети останува истото […]

Ново судско рочиште за „Труст“, предмет во кој е обвинет Сеад Кочан


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи […]

Продолжува судењето за „насилство во Центар“


Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ на СЈО е закажано за денеска во Кривичниот суд. Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров […]

Можно е да се измени обвинението за нападот врз Села


Новата видео снимка за нападот врз пратеникот Зијади Села што беше прикажана минатата недела во судот ја отвори можноста јавниот обвинител во овој случај во завршните зборови на постапката, што се закажани за денеска, да го измени обвинението. На минатото рочиште обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги  подготви завршните зборови […]

Директорката на ГАК по прозивките од Јанкуловска: На работа сум докторка, а не нечија пријателка


До Клиниката за гинекологија(ГАК) досега не е стигнато барање од судот по кое гинеколозите би утврдувале во кој месец од бременоста е Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи и колку е ризична бременоста, потврди Викторија Јовановска, директорка на ГАК. Добрила Кацарска, судијка во предметот „Тенк“, минатата недела најави дека ќе бара судски вештак да […]

Продолжува судењето за „Тарифа“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште други две лица. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра. Според обвинението […]

Главна расправа за изборните измами во „Титаник“


Во Кривичниот суд Скопје, денеска со главна расправа ќе продолжи рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО во кој обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,… Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда […]

Ново рочиште за изборните измами во „Титаник“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“, кој е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Обвинителите на СЈО на минатото рочиште побараа од Судот да им се конфискува имот на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.000 денари. Конфискација на имотот што одговара на незаконски обезбедени средства, […]

Заев ќе ја чуе пресудата за „Поткуп“


Пресудата за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев ќе биде објавена денеска во Кривичниот суд. На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од Судот на […]

Утре пресуда за сегашниот, а во среда за поранешниот премиер


Кривичниот суд ќе ја објави утре пресудата за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, а ќе биде објавена и пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“. На минатото рочиште за „Поткуп“ обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев […]

Процесот „Тенк“ во завршница: Првата пресуда за Груевски на 23 мај


Прашањето за името стигна и во судница, на завршните зборови за случајот „Тенк“, во кој е обвинет поранешниот премиер Никола Груевски. Тој во завршните зборови, како на прес-конференција за новинари, обвини дека колку повеќе течат преговорите за името, толку позабрзано течат судските процеси „Сакав да најдам решение за името, но останав цврст во ставовите“, рече […]

Грчкиот суд денес одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски


Врховниот суд во Атина, денеска треба да ја соопшти одлуката по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Откако солунскиот суд на 5 јануари годинава даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржаа четири рочишта, а послдното се сослушување беше зад затворени врати на 27 април. За Грујевски и Бошковски во […]

Грчкиот Врховен суд утре со одлука за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски


По последното сослушување, зад затворени врати на 27 април, Врховниот суд во Атина, утре ќе ја соопшти одлуката по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Откако солунскиот суд на 5 јануари годинава даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржаа четири рочишта. Првото, на 16 февруари беше одложено, бидејќи немаше […]

Нови рочишта за „Шпион“ и „Трезор“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Трезор“. Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд. […]