Манчевски: За 1.000 денари си го откупив чадорот со кој ме тепаа


Повеќе од три часа траеше распитот во судот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој беше сведок во процесот за насилствата во Собранието. Тој ги раскажуваше случувањата од ланскиот 27 април. Рече дека бил во прес-салата кога дел од граѓаните што протестирале надвор успеале да се пробијат во ходникот од парламентот. Биле […]

Сведокот ги слушнал истрелите кај Смилковското Езеро


Загрозениот сведок во случајот „Монструм“ денеска првпат пред судот рече дека слушнал и неколкукратни истрели пред да ги забележи петте мртви тела. Тој, сепак, не успеал да види кој пукал. Претходно, сведокот потврди дека на местото на злосторството ги имал забележано обвинетите Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута, а и пак повтори дека повторно […]

Апелација го одбива Груевски, се бара и трето изземање


Четири часа одлучувување беа потребни за да се одбијат барањата на адвокатите на Никола Груевски и на Ѓоко Поповски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација. Но, наместо јавната расправа за случајот „Тенк“ конечно да се одржи, дојде ново барање: сега се бара изземање на судијата известител Тања Милева, затоа што му […]

Јанкулоска се сомнева дека гласот во бомбите е нејзин


Со надмудрувања меѓу адвокатскиот тим на Гордана Јанкулоска и судијката Добрила Кацарска стартуваше судењето за случајот „Тенк“, во кој во издвоена постапка ѝ се суди на поранешната министерка за внатрешни работи поради набавката на луксузниот „мерцедес“. Таа уредно се појави во новата зграда на Кривичниот суд, дојде десетина минути пред закажаниот термин и трпеливо чекаше […]

Почна судењето на Јанкулоска за „Тенк“


Во Кривичниот суд во Скопје почна одново судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес. Во судницата е присутна обвинетата Јанкулоска, а претседателка на судечкиот совет е Добрила Кацарска. На Јанкулоска ѝ се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост […]

Почнува правната разврска за 27 април – обвинетите не чувствуваат вина


Случувањата во Собранието од 27 април минатата година, како еден од најголемите кривично правни настани за македонското судство, но воедно и како еден од најголемите политичко-правни предизвици што треба да покажат дали Македонија се реформира во правна држава, од минатата недела полека почна да навлегува во својата правна разврска. Веќе четири дена во Кривичниот суд […]

„Титаник 2“: Сослушани четворица сведоци, ново рочиште на 6 септември


Во попладневниот дел од судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“  што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, сведочеа поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи и претседателот на ОИК од Струмица, Васил Крстев. Јакупи, кој во тоа време бил потпретседател на Државната изборна комисија одговарајќи на прашања на обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, […]

(Фото) Со зурли и тапани го чекаат Чавков пред судот


Со пароли „Судење на уметници и парламентарци како терористи е срам на векот“, група граѓани се собраа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април. Тие со зурли и тапани ги чекаат обвинетите. Судот е под силно полициско обезбедување. Пред малку стигна поранешниот директор на БЈБ, Митко […]

Почнува историското судење за крвавиот четврток


Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, петмина пратеници, оперскиот пејач Игор Дурловски, твитерџијата Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски, Александар Василевски-Нинџа, денеска ќе седнат на обвинителна клупа. Ним и на уште дваесетина други лица ќе им се суди за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година кога беа […]

Почнува судењето за случувањата во Собранието на 27 април


Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува нова постапка за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Предметот, како што е најавено, ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа. Јавното обвинителство  во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, […]

„Титаник“ заврши за денеска, утре пак


Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети неколку поранешни функционери за изборите во 2012 година. Во дел од „бомбите“ беа слушнати разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер и поранешниот генерален […]

Денеска ќе има пресуда за Сеад Кочан


Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај. Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат. Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, […]

Се разболел судијата што требаше да ја суди Канческа Милевска


Поради болест на судијата Осман Шабани денеска во Кривичниот суд во Скопје не се оддржа рочиштето за предметот на СЈО „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Новото рочиште е […]

Ќе проговори заштитен сведок за „Монструм’


На денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде сослушан заштитен сведок. На претходното рочиште, кое беше одложено поради недостиг од технички услови за сослушување на сведокот, судот нагласи дека за денеска ќе бидат обезбедени услови со кои ќе се скрие идентитетот на заштитениот сведок, како што предвидува законот, а на рочиштето […]

Почна судскиот процес за вооружената пресметка од 5 април во близина на седиштето на ДУИ во Тетово


По неколку одложувања денеска во Основниот суд во Тетово се одржа првото рочиште за вооружената пресметка на две групи кумановци што на 5 април годинава се случи во Мала Речица. Притоа, животот го загуби Наим Реџепи, а уште две лица беа повредени. Одлучено е случајот да се одвои на два судски процеси откако четворица од […]

Над 10 години затвор за напаѓачите на Села


Седуммината обвинети за нападот врз пратеникот Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, добија над десет години затвор. Највисока затворска казна од 13 години шест месеци доби обвинетиот Никола Војминовски. По 13 години добија обвинетите Кире Георгиевски и Александар Јаневски Тошта. Андреј Мицов, Коста Делов, Оливер Ошавковски и Николче Димитриевски се […]

На суд ќе се бара одговорност за смртта на малата Тамара


Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство. Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника, Аспазија Софијанова, како […]

Судењето за насилствата во Собранието почнува на 22 август


На 22 август ќе почне судењето за крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година. Овој предмет во кој се обвинети 30 лица че го води судијката Добрила Кацарска.  Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. […]

Случај „Траекторија“: Во судницата пуштени 30-ина „бомби“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во периодот јануари 2013 година. Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот […]

Денеска ново рочиште за „Монструм“


Ново рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е закажано за денеска во Кривичниот суд. На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде […]