ДЗС: Во 2022/2023 запишани 4,2 отсто повеќе студенти во споредба со претходната академска година


На високите стручни школи и на факултетите во државава во академската 2022/2023 година се запишале  53 821 студент, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на академската 2021/2022 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.  Според податоците на ДЗС добиени врз основа на пристигнатите извештаи, 57,5 проценти од вкупниот број запишани на додипломски студии […]

Македонските студенти се неинформирани каде и како да пријават корупција на факултетите


Корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите сметаат 20 проценти од анкетирани македонски студенти. На еден од десет студенти во земјава, опфатени во анкета, професор му побарал мито, а шест отсто понудиле мито за повисока оценка. Над 90 отсто студенти испитаници не знаат како треба да реагираат и каде да пријават коруптивно однесување на […]

Студентите од приватните факултети можат да користат бесплатен јавен


 Студентите од приватните факултети треба да користат бесплатен јавен градски превоз, одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по поднесените претставки на студентите од приватните факултети. Претседателката на студентско собрание на ФОН, Мила Петрушевска денеска информираше дека го добиле мислењето од КСЗД во текот на минатата недела. – Според мислењето на КСЗД, утврдено е […]

МОН ретроактивно ќе исплаќа стипендии и зголемен надоместок за студентски оброк


Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените износи на ученички и студентски стипендии  Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на […]

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања


Како што веќе добро е запозната јавноста беше најавен масовен протест пред МОН со цел да го изразиме големото незадоволство од немањето на слух за нашите барања.   Овој протест требаше да е организиран од УСС при УКИМ, но сведоци сме дека на различен начин омилениот студент на Власта се обидува да го откаже истиот […]

„Студентски отпор“ повикува да се исполнат нивните барања


Движењето „Студентски отпор“ бара средба со министерот за образование и наука и нивни претставници да бидат вклучени во работните тела кои донесуваат одлуки во интерес на студентите.   Во соопштение до медиумите „Студентски отпор“ искажува незадоволство од  институциите и, како што наведува, „нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува низ годините, а […]

Сојуз на средношколци: Барањето за укинување на еден интерен испит не е во интерес на средношколците


Сојузот на средношколци денеска ќе одржи вонредна седница на Генералното собрание чија единствена точка на дневниот ред ќе биде државната матура. Пред да ги претстави своите барања, Сојузот чувствува обврска да објасни зошто барањето да се укине еден интерен испит е спротивно на интересите на средношколците. Накратко, интерните испити се полесни од екстерните, а нивното […]

Средношколците и студентите со своите барања пред МОН – полесна државна матура и подобар студентски стандард


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска пред Министерството за образование и наука организира предупредувачки протест за да го актуализира нивното барање за олеснување на полагањето државна матура. На протестот ќе се придружи и движењето „Студентски отпор“ од каде што соопштија дека ќе го искажат нивниот револт зашто институциите, како што […]

Студентите се приклучуваат на средношколскиот протест


Во петок од 12.30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците. „Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите. Ништо од она што беше ветувано […]

Средношколците ги повикаа студентите да им се приклучат на протести во петок пред МОН


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците со покана до студентите да им се придружат на протестот во петок со цел заеднички да дојдат до подобрување на условите во образовниот систем. „Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на […]

Понудена помош за студентите од Турција кои доаѓаат од земјотресното подрачје


Министерството за образование и наука и Владата ќе им помогнат на студентите од погодените подрачја од земјотресите во Турција кои студираат на универзитетите во нашата земја, со цел полесно да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат поради огромните човечки и материјални загуби во своите родни места. Веќе им понудивме привремено бесплатно сместување и […]

Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите, но не и девојките


Младите мажи денеска продолжија со предавањата на авганистанските универзитети кои повторно беа отворени по долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои, на нивно разочарување, талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат. Забраната за пристап до универзитет е едно од безбројните ограничувања на правата на жените усвоени од талибанците откако дојдоа на […]

Студентите по архитектура изработија идејни решенија за нова општинска зграда на Центар


Во рамки на предметот Архитектонско студио 5.2, од денес започнува изложбата на трудови на студенти од факултетот „Зграда на општинската администрација“, која наредните денови ќе биде поставена во младинскиот центар „Матично“. Студентите за оваа вежба црпеа инспирација од актуелната локација на Општина Центар во Дебар маало, а изложени ќе бидат избрани проекти од предметот Архитектонско […]

На студенти под кирија во Аеродром, им влегле во станот и им ги зеле телефоните


  Во средата, во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 4.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони. Се […]

Шаќири: Резултатите за новите стипендии се објавуваат денеска согласно огласот


Нема да има застој во трансакциите на стипендиите, исплатата е поврзана со програмите за  ученички и за студентски стандард кои поминаа на седница на Владата пред две недели и почна процесот на обработка на податоците. Од петок, вчера, денеска, утре, секој ден има реализација на стипендии на корисници од претходната година, рече министерот за образование […]

Околу 2.700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите


  Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6.050 денари, соопшти Министерството за образование. Со оваа одлука МОН одговори на барањата на студентите и уште еднаш ја потврди заложбата за еднаквост и […]

Новите технологии наметнуваат интердисциплинарна настава


  „Најголем предизвик во студиските програми се новите технологии. Токму затоа и секој универзитет во државата мора да се стреми кон пофокусирани студиски програми, каде што до израз ќе дојде интердисциплинарноста, знаењата што ги стекнуваат младите да бидат во повеќе дисциплини и да им понудиме базични знаења коишто ќе ги искористат во иднина во процесот […]

Исплата на стипендии и оброк до крај на јануари


Од Mинистерството за образование и наука известуваат дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.   Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и […]

Програма за размена на студенти и научници во рамки на соработката со Полска


 Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2023/2024 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange […]

Студентски отпор бара оставка од Јетон Шаќири и директорот на студентските домови


По вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени потешкотии по труење со храната од мензата, денеска се соочивме со уште едно разочарување за студентите, велат од Студентски отпор.   Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше […]