Ни еден студент не пријавил корупција – страв или незнаење?


На УКИМ-Скопје една и пол година, а на УГД-Штип четири години ниеден студент не пријавил корупција. Студентите не ја пријавуваат зашто или ја сметаат за нормална појава или не знаат каде и како да ја пријават или зашто се плашат од одмазда и се правно несигурни и немаат доверба дека ќе бидат заштитени од системот. […]

Студенти на Факултетот за туризам во Охрид освоија Гран при и пет медали на 18. Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул


Тимот студенти на насоката Гастрономија од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид забележа голем успех на XVIII Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул, Република Турција освојувајќи Гран при награда и пет медали, од кои две златни, една сребрена и три бронзени медали во индивидуална категорија. Екипата студенти од ФТУ-Охрид, ја сочинуваа Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан […]

Студентски митинг против медиумската пропаганда и лажните вести


На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде организиран студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“ на кој ќе говорат студентите. Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија. – Митингот е со цел да […]

Ќе има ли утре парно греење и топла вода во „Стив“?


Дел од студентите сместени студентскиот дом „Стив Наумов“ вчера имаа средба со директорот на Државниот студентски центар – Скопје, Дарио Николовски, кому му ги раскажале проблемите со кои се соочуваат изминативе десетина дена – тоа што немаат парно греење во објектите и немаат топла вода во првата зграда. Ивана Ѓорѓиева, која веќе четири години престојува […]

Ректорот Јанкуловски за „Независен весник“: УКИМ е подготвен за нови дострели


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има кадровски потенцијали за да го добие заслуженото место меѓу 500. универзитети на Шангајската листа. Меѓутоа, за да се објави труд во реномирано научно списание во светот, се потребни средства. Државата треба да издвојува повеќе пари за наука, а Универзитетот има кадровски потенцијал за научно-истражувачка работа. Како установа се залагаме […]

Бруцошите со ентузијазам, се надеваат на успешна перспектива


Бруцошите вчера дојдоа на првиот академски час со ентузијазам дека изборот на факултетот на кој се запишале ќе им обезбеди успешна перспектива. Се надеваат дека знаењата што ќе ги стекнат ќе ги применат во професијата. Најголемиот дел од нив се гледаат во приватниот сектор, ама има и такви што сметаа дека и администрацијата е добро […]

Дисперзирани студии на битолскиот универзитет само на два факултета


Денес почнува академската година. За тоа колку бруцоши се запишани по третиот уписен рок, од Министерството за образование и наука велат дека уште до нив не стигнале податоците од шесте државни универзитети. Последните податоци по вториот уписен рок за академската 2018/2019 година се дека биле запишани околу 20.000 нови студенти. „Чекаме универзитетите да ни испратат […]

Студирањето тежок финансиски товар за некои семејства


Почнува пријавувањето на младите за упис на факултет. Меѓу идните академски граѓани повторно се актуелизира темата дали високото образование треба да биде бесплатно. Ваквото барање не е ново, болка беше и изминатите години. Дел од родителите велат дека позајмуваат пари само да го запишат своето дете на факултет. „Верувам дека со високо образование син ми […]

Намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018


За два процента е намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018 година во споредба со 2016/2017 година. Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017/2018 година се запишале вкупно 56.941 студенти што е намалување во однос на 2016/2017 година. Поголем е бројот на запишани студентки, односно 55,6 проценти се […]

Отворен Семинарот за македонски јазик


Петдецениско постоење на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, претставува важна институција која ги афирмира македонистиката, македонскиот јазик, литература и култура, додека странските учесници се препознаваат како амбасадори на македонистиката низ светот, рече ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, на вчерашното отворање на семинарот во Охрид. На семинарот учествуваат 74 […]

И за најдобрите студенти никој не се „тепа“


Повеќе од триесет студенти кои имале најдобар успех,  дипломирале или ги привршуваат студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ добија награди и пофалници. Станува збор за студенти кои имале  просечна оценка најмалку 9,00.  Дваесет и четиригодишната  Александра Зафировска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет во Скопје со средна оценка 9,75. За наградата вели дека и е само признание […]

Високото образование на четврто место по дискриминација


Високото образование во земјава се наоѓа на високото четврто место во рангирањето на области од општеството во кои има дискриминација.  Дел од студентите се чувствуваат дискриминирани врз повеќе основи и тоа како, жртви на политичка, родова и етничка дискриминација.  Најмалку застапена, испитаниците  ја издвоиле дискриминацијата врз основа на фаворизирање и непотизам, а како најчест предизвикувач […]

Почна големата преселба во странство


Додека дел од студентите едвај чекаат да здивнат од предавања, вежби, испити и кројат планови каде да заминат на одмор, дел веќе ги спакуваа куферите и отидоа да работат надвор од земјава. Некои ја користат шансата и да останат засекогаш во странство. Соединетите Американски Држави се најпосакувана дестинација што студентите ја избираат изминативе пет години, […]

Зголемен бројот на дипломирани во 2017-та во однос на 2016 година


Во 2017 година во Македонија дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, што во споредба со 2016 година е зголемување за 3.6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Од нив, на државните високообразовни установи дипломирале 6.460, на приватните 2.045 и на верските факултети 40 студенти. Од вкупниот број дипломирани, 82.1 отсто […]

Прва награда за студенти на ФЕИТ на натпреварот ICAMES во Истанбул


Петмина студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, освоија прво место на натпреварот ICAMES 2018  организиран од Универзитетот Богазичи во Истанбул. ICAMES претставува меѓународен натпревар за инженерство и култура на кој учествуваат студенти од речиси сите континенти во светот и 23 години, традиционално, го организира Универзитетот Богазичи во Истанбул. Годинава се одржуваше од 4 […]

Студентите ќе добиваат субвенции за оброк и други студентски потреби


До 31 мај годинава треба да бидат изготвени законските и подзаконските акти за имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“. Проектот кој денеска помина на владина седница, предвидува субвенции за оброк, автобуска карта, карта за театар, книга и други услуги по избор на студентот во текот на денот, а плаќањето ќе се […]

Студентите ќе добијат субвенционирани оброци, автобуски карти, карти за театар на студентите


До 31 мај годинава треба да бидат изготвени законските и подзаконските акти за имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“. Проектот кој денеска помина на владина седница, предвидува субвенции за оброк, автобуска карта, карта за театар, книга и други услуги по избор на студентот во текот на денот, а плаќањето ќе се […]

Студентските денови на премиерот Зоран Заев


Премиерот на Македонија, Зоран Заев во интервју за Факултети.мк зборува за неговиот живот додека учел и студирал. Тој вели дека е на страната на учениците и смета дека кога тој бил ученик, сите биле далеку порастоварени. „Не може по цел ден децата да бидат на училиште и да имаат огромен број предмети, па сакаме да […]

Студентите бараат функционално и независно студентско организирање


По спроведени консултации на четири универзитети во Македонија студентите денеска на тркалезна маса ги споделија препораките за студентското организирање и побараа независни и функционални студентски парламенти. – Студентското организирање ја отвори пандорината кутија на УКИМ. Се покажа дека Универзитетот не сака да им помогне на студентите. Оние студенти кои седат во Студентскиот парламент и ги […]

Насилство во домот „Гоце Делчев“: Студентка била тепана и горена со цигари по рацете


Студентката Д.Т. (21) од Радовиш која престојува во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, вчера околу 17 часот пријавила дека физички била малтретирана. Според информациите на полицијата, лицето М.Ѓ. ја заклучил во соба, ја влечел за рака, ја горел со цигари и ѝ упатувал навредливи зборови. Девојчето се здобило со изгореници на десната рака. Се […]