Mесто со огномет, новосадските студенти со молк ќе ја дочекаат Новата година


Во вторник навечер е планиран масовен протест со 15-минутна тишина во периодот од 23.52 до 00.07 часот во Нови Сад, во знак на протест по трагичната несреќа на железничката станица кога падна настрешницата и загинаа 15 луѓе. Новосадските студенти најавија дека и на пречекот на Новата година ќе демонстрираат со 15-минутен молк, во знак на […]

Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите


 Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука да се потпише договор за средствата што се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за субвенционирање на превозот на студентите со што мерката ќе продолжи непречено и од јануари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.  – Средствата се обезбедени во рамки на […]

Мицкоски не сака да излезе надвор од ингеренциите и да префрли пари за превоз за студенти со ЈСП


Студентите ќе имаат бесплатен јавен градски превоз в година, затоа што преку министерството за образование се обезбедени 120 милиони денари, уварува денеска и премиерот Христијан Мицкоски, но вели, дека не можат да префрлат пари на ЈСП „Скопје“, за изминатава година, затоа што нема договор.  „Ние овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната […]

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите


 Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела […]

Србија: Синдикатите во образованието одлучија наставниците да не работат в петок – солидарност со студентите


Репрезентативните синдикати на вработените во образованието во Србија одлучија вработените  да престанат со работа в петок, во знак на солидарност и поддршка на студентите во борбата за подобро и поправедно општество, се вели во соопштението, јавија српските медиуми „Во исто време, нашите претставници ќе ги посетуваат студентите на универзитетите и ќе им доставуваат храна и […]

Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања


Републичкиот одбор на просветниот синдикат на Србија соопшти дека на денешната седница зазел став за солидарност со студентските протести и поддршка на барањата кои се и барања на Синдикатот, а се однесуваат на „воспоставување и интензивирање на ефективен социјален дијалог, подобрување на материјалната положба на високообразовните институции и сите вработени на факултетите и високите школи“. […]

Дуално образование и за студентите, се засилува соработката на бизнисот со универзитетите


На децата да им се развие критичкото размислување уште од основно школо, да им се отворат вратите на истражувачките центри, да посетуваат лаборатории, фарми, производни капацитети,… Да научат како се носат практични решенија, наместо да се обременуваат само со теоретско знаење, порачаа учесниците на денешниот настан за дуално образование што се одржа во Стопанската комора.  […]

Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите


Со новиот Буџет за 2025 година, обезбедени се 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди, како и финансиска поддршка за младите до 30.000 за почнување нов бизнис, информираа од Генералниот секретаријат на Владата. Со цел обезбедување пристојни услови за живот и успешен образовен процес, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за […]

Студентите блокираа факултети во Белград и во Нови Сад – бараат документација за реконструкцијата на железничката во Нови Сад


Студенти од Белград и Нови Сад денес блокираа неколку факултети и Ректоратот, барајќи објавување на документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад и откривање на одговорните за нападот врз студентите, јави дописникот на МИА од Белград. Блокадите на Ректоратот на Белградскиот универзитет, Филолошкиот, Филозофскиот, Природно-математичкиот факултет (ПМФ) и Архитектонскиот факултет симболично почнаа во […]

Студентите, в петок, се приклучуваат на протестот на Дудуш за ЈСП


На протестот пред Град Скопје, во петок, во 13,30 часот, ќе се приклучат и студентите, затоа што доцнат на предавања и на испити, бидејќи нема автобуси низ Скопје што  би ги однеле до факултетите. Протестот го закажа градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој се жали дека жителите на неговата општина подолго време чекаат на […]

Во јануари ќе се знае дали студентскиот оброк ќе се зголеми на 160 денари


Во буџетот за 2025 година има околу 30 милиони евра или 18 отсто повеќе средства за студентскиот стандард во споредба со оваа година, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на штипската Гимназија „Славчо Стојменски“. Забележа дека нема дилема за покачување на оваа ставка во буџетот и планирано е зголемувањето на […]

(Во живо) Студентски правобранител: „Реформирање на високото образование: Интердисциплинарни студии на иднината”


Почитувани студенти вие сте архитекти на утрешнината, вие сте иднината, вашата одлучност, љубопитност, детерминираност кон знаење, вашите соништа и очекувања, инспирираат надеж во иднината. Ова денеска го порача ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Биљана Ангелова на панел дискусијата на Студентскиот правобранител: Институционален дијалог „Реформирање на високото образованиe: Интердисциплинарни студии на иднината“, во рамки […]

На Меѓународниот ден на студентите: МОН најавува модернизација на програмите


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска го честита Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември, потенцирајќи дека за актуелната Влада, поддршката на нивното образование и воопшто унапредувањето на студентскиот стандард се високо дефиниран приоритет. -Покажавме дека сме фокусирани на студентите во изминатите 4 месеци, а јас уверувам дека така ќе остане и во следните 4 […]

МОН доделува 3.000 студентски стипендии по 100 евра месечно за општествените и 300 евра за природните науки


Министерството за образование и наука информира дека e објавен конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година . Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15.11.2024 година. Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, […]

Дигитализација за студентите да не трчаат по шалтери – задоцнета е, но ќе биде


Дигитализацијата во високото образование за жал е малку задоцнета. Но, ќе биде приоритет во иднина, со цел подобри услуги за студентите и осовременување на предавањата. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава за медиуми, пред почетокот на конференцијата за дигитализација на високото образование, што се одржува попладнево на Факултетот […]

УКИМ најголем губитник на студенти – дури 5.000 помалку од пред 10 години


За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или […]

Од 1 до 30 октомври ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија


Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври. -Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски  години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, […]

Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија?


  Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според  квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во […]

Студентите постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици


Министерството за образование ги поддржува младите во стремежите кон подобро образование и подобра иднина. Студентите, како прогресивна општествена сила, постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот на Универзитетското студентско собрание […]

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти


Конкурсот за прием на студенти во студентските домови низ државава, кои се запишани на додипломски студии од втора до шеста година или се апсолвенти во учебната 2024/2025 година, завршува денеска на полноќ.   Од 15 јули, кога беше отворен конкурсот, до вчера попладне во Министерството за образование и наука пристигнале над 2100 електронски пријави.  Студентите кои се пријавуваат […]