Студентите по медицина му порачаа на Вучиќ дека лекар мора да одобри влез на Интензивна нега


Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад му се обратија на претседателот на државата, Александар Вучиќ на мрежата Икс, откако тој рече дека „негова била волјата“ е да влезе на Интензивна нега во УКЦ во Белград и да ги посети повредените пациенти во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград. „Господине претседателе, како […]

Студентите: Кој им дозволи на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија?


  Заштитникот на граѓаните на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои сакаат да утврдат кој им дозволил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и новинарите да влезат во одделението за интензивна нега на Клиничкиот центар на Србија (КЦС), каде што беа сместени повредените од […]

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација


Студентите во блокада синоќа апелираа Универзитетот во Белград „да излезе со порадикални мерки на отпор“, во форма што ја сметаат за соодветна, јави дописникот на МИА од Белград. Апелот е објавен за да може  „сега синхроно студентите и претставниците на Универзитетот да истапат како хомогено тело“ што  „се бори за честа и достоинството на академската […]

Студенти: Поевтино е да летаме до Италија, отколку да патуваме до Струмица


Студентите од градовите Македонска Каменица, Делчево Демир Хисар и Крушево воопшто немаат пристап до меѓуградскиот превоз со кој ќе можат да патуваат дома и да се вратат во градот кадешто студираат, без да пронајдат алтернативно решени за превоз, покажа анализата на Комисијата за студенстки стандард, на Универзитетското собрание при УКИМ. Студентите се соочуваат со проблеми […]

Конечно студентите ќе добијат електронски индекс


На иницијатива на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, направена е значајна измена во Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатството за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи, објавена во Службен весник на РСМ, бр. 67 од 28.3.2025 година.   Оваа измена овозможува конечно воведување на електронскиот индекс, надминувајќи ја долгогодишната […]

(Видео) Студентите во Белград објавија документарен филм за тоа што одекна за време на молкот на протестот


 Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград, кои со месеци се на протести, објавија нов документарен филм наречен „Дванаесеттата минута“ на нивниот канал на Јутјуб. „Како властите ги заплашуваа сите пред најголемиот протест во историјата на Србија, на 15-ти март, што беше измислено, што беше реално и, се разбира, што одекна – погледнете […]

Петте најголеми синдикати во Србија дадоа поддршка за студентите во блокада


Петте најголеми синдикати во Србија соопштија дека ги поддржуваат студентите во нивните барања, јави МИА од Белград. Во соопштение објавено денеска по средба одржана во саботата се нагласува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно.  „Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови […]

Студентите во Ниш утре ќе собираат парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани


Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.  Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари […]

На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст


 Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на сметката на Црвениот крст ги уплатил парите што студентите ги донирале на собирите организирани вчера и завчера за помош на семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани.  УСС на УКИМ на Фејсбук попладнево објави копија од уплатени  415.724 денари на сметката […]

Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во – Крагуевац и Нови Сад


Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА. Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад […]

Студентите од техничките факултети со 7-минутен молк оддадоа почит на жртвите од Кочани


Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје, а  […]

Полицијата употребила сила против студентите во Нови Сад кои синоќа го блокираа Градското собрание


Припадници на српската полиција се групираат од утрово пред и во Градското собрание на Нови Сад откако студенти од Нови Сад во текот на ноќта се обидоа да ги блокираа сите влезови.  Претпладнево е закажана седница на одборниците во Градското собрание на која треба да гласаат за буџетот, за деловната програма на сите јавни претпријатија […]

Студентското собрание при УКИМ се извини за говорите на денешниот собир за трагедијата во Кочани


Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС УКИМ, оттаму велат дека ги прифаќаат критиките во врска со настанот и додаваат дека на наредните собири кои се предвидени до 21 март нема да има никакви обраќања. Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во врска со говорите на […]

Студентите извикуваа „Уаа!“ при говорот на Јаневска на собирот за жртвите од Кочани. Таа си замина


  Говорот на министерката за образование, Весна Јаневска, на платото во УКИМ, како и претходно на ректорката Биљана Ангелова, беше прекинат затоа што меѓу насобраните студенти на нeколкумина им се слоши. Беше повикана брза помош, а се бараше и од студентите по медицина да им помогнат на своите колеги.  По интервенцијата на лицата на кои […]

(Видео/галерија) Студентите држат заеднички час за жртвите од пожарот во Кочани


  Студентите на УКИМ денеска во 12 часот се собраа на платото на Универзитетот каде одржуваат организиран заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.   Стотици студенти се собраа на платото, а откако од небото истури дожд, дел од нив влегоа во атриумите на трите факултети.  Заедничката […]

Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата


Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Првиот заеднички час е денеска од […]

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани


Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.   – Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на […]

АФП: Растат тензиите во Србија пред саботниот протест


Агенцијата Франс прес оценува дека во Србија расте тензијата пред новиот протест кој во сабота може да донесе десетици илјади демонстранти во Белград, кои српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвинува однапред дека подготвуваат насилство, повикувајќи ги своите приврзаници да излезат на улица. Полицијата, која досега беше дискретна или отсутна од протестните маршеви, сега е видлива, […]

„Студентка“ на Вучиќ: Нè донесоа во паркот, ни рекоа дека ќе останеме само еден ден


„Студентите кои сакаат да учат“ од четвртокот навечер кампуваат во Пионерскиот парк, пред зградата на Српското претседателство. Во меѓувреме, во овој импровизиран „студентски“ камп беа идентификувани и функционери и членови на СНС, партијата на претседателот Александар Вучиќ. Лажни студенти Лажните студенти најчесто се вработени во јавни институции, меѓу кои и платени статисти, како и професори […]

Нарекувањето на студентите „орда“ беше поттик за блокадата на зградата на РТС во Белград


Водителот на РТС во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече орда студентите кои со месеци мирно протестираат. Ова беше причина студентите да ги блокираат влезовите на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, а тоа беше проследено со полициска бруталност. Во еден дел од гостувањето на РТС, Вучиќ праша зошто протестот што ќе […]