ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија во Скопје се очекува да се нормализира до 10 часот


Снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје кои повеќе од 10 часа немаат струја, се очекува да се нормализира за околу еден час, велат од ЕВН Македонија за МИА. Оттаму посочуваат дека во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои немаат струја. – Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа […]

Цената на струјата во Македонија стигна до 550 евра за мегаватчас, а во Србија 700 евра


  Вчера во 18 часот големопродажната цена на струјата на пазарот во Србија достигна 574,91 евро за мегават час. Во тоа време тоа беше најскапата струја во Европа. Во Македонија чинеше 550 евра, во Романија 429,28 евра, во Унгарија 414 евра, во Бугарија и Грција 351 евро, покажуваат податоците на веб-страницата Energyflux. Во Франција во […]

Верижната катастрофа на Балканот на 21 јуни започна со прекини на два далноводи


Европската мрежа на оператори на системи за пренос на електрична енергија (ENTSO-E) објави дека верижната катастрофа се случила на 21 јуни, откако два далноводи прекинале со разлика од 13 минути. Нејзината експертска група го истражува овој инцидент, кој три часа ги остави без струја Босна и Херцеговина, речиси цела Албанија и Црна Гора и Далмација […]

Жештините ги натераа Србите да трошат струја „на ангро“, соборен рекорд во дневната потрошувачка


Јулскиот тропски бран ја зголеми потрошувачката и цената на електричната енергија, па така во понеделникот на 15 јули во Србија се потрошени 103 гигават часови струја, што е најголема дневна потрошувачка на струја, со што е соборен рекордот во дневна потрошувачка на електрична енергија, јави дописникот на МИА од Белград. -Потрошувачката на дневна основа беше […]

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска во период од 9.40 ч до 14.30 ч прекин на електричната енергија ќе имаат корисниците од ул. „Атинска“, ул. „Борка Талески“ и ул. „Рузвелтова“, спроти „Треска“ во општина Карпош; Од 9 ч. до 14 ч дел од корисниците на с. Волково кон патот до црквата општина Ѓорче […]

Еве ги новите цени на струјата


Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ […]

Без струја утре делови од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода


 Без струја утре ќе бидат делови од скопските општини Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што соопштиле од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од осум до 13 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Славчо Стојменски“ во […]

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има


Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има и тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Во одговор на новинарско прашање, по поставувањето на камен-темелникот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, нагласи дека исполнети се двата услови, односно пратениците вчера […]

Од домашно производство е 91,5 % од потрошената струја во април


Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 437 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415 631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % […]

Црногорците и Албанците ја објавија причината за снемувањето струја


Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Боснаи Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите мораа да ги затворат вратите, семафорите не работеа, а луѓето останаа без клима среде топлотен бран. Црногорски министер: Дефектот настанал поради оптоварување на мрежата, нагло зголемување на потрошувачката и самата топлина Како што јави Ројтерс, црногорскиот […]

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката


Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа […]

Напојувањето со електрична енергија во неколку земји на Балканот почна да функционира


Напојувањето со електрична енергија без која претходно денеска остана без цела Далмација, постепено почна да функционира, јавуваат хрватските медиуми. Најдоцна до 15 часот и 30 минути целата територија на Далмација треба да добие струја, пренесе Хина. Засега делови од Сплит, како и други градови и населени места се приклучени на електричната мрежа. И во БиХ […]

Без струја Тирана и повеќе други градови


Без електрична енергија од пладне е Тирана и повеќе градови во Албанија, како Корча, Елбасан, Скадар, Драч, Поградец, Лежа и Кукс. -Илјадници семејства останаа без струја во топол ден кога температурите достигнаа 41 степени Целзиусови и кога денешниот ден е еден од најтоплите денови. Недостигот на електрична енергија предизвика хаос  во сообраќајот поради неработење на […]

Мицкоски најави итни мерки за да се спречи поскапувањето на струјата


Мандатарот за премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во Собранието најави изложи план со кој, како што рече ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните и фирмите кои што се снабдуваат на регулираниот пазар. Односно, дека за потрошувачите од првиот и вториот блок нема да има никакво зголемување на […]

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден


 Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман. Во Бутел, струја ќе нема […]

Мицкоски пак го смени мислењето, сега вели новата влада ќе ја разгледа можноста за враќање на цената на струјата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по формирање на новата влада ќе биде разгледана можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за нејзино намалување. „Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на […]

Бислимоски контра пекарите: Големите пекарски компании не земаат струја од ЕВН Хоум, туку на слободен пазар


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар […]

Новата влада не може да ја поевтини струјата пред Нова година, вели Мицкоски


Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати цената на струјата со тенденција да ја намали кога ќе почне новиот период на регулирање на цената, а тоа е од 1 јануари, но сега не може да интервенира, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски. За укажувањето од експертите дека новата влада може веднаш да понуди […]

Ќе плаќаме ли поскапа струја


Дали ќе дојде зголемување на цената на електричната енергија, односно дали сметките за струја годинава ќе бидат повисоки? Повеќе медиуми во земјава објавија вест, повикувајќи се на неофицијални извори, дека владата веќе расправала на оваа тема на затворена седница и донела одлука поскапувањето да биде 5 отсто во однос на јауарската цена, односно од 57 […]

Без струја утре делови од Карпош и Центар


 Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ […]