Од утре во сила мерките за штедење струја


Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија. Како што рече министерот […]

Разговори за соработка на Македонија, Србија и Албанија за енергетската криза и за стратешки проекти


Солидарноста и соработката во моменти на енергетска криза, подготовките за претстојната зимска сезона, реализацијата на заеднички проекти во изградбата на енергетската инфраструктура и зајакнувањето на регионалната енергетска безбедност се клучни задачи за сите земји членки на иницијативата „Отворен Балкан“, се согласија на денешната онлајн средба претставници на Министерството за рударство и енергетика на Србија, Министерството […]

Австрија: Секоја десетта компанија стравува од затворање


  Поради зголемените трошоци, се повеќе компании во Австрија имаат проблеми, а стравот од затворање расте кај претприемачите. Истражувањето на Здружението на трговци на мало покажува дека 42 отсто од австриските трговци очекуваат големи загуби, а 14 отсто стравуваат од затворање на нивната компанија. Претприемачите посочуваат дека првенствено ги погодува поскапувањето на струјата и бензинот. […]

Дополнително намалување на ДДВ-то нема многу да ја поевтини струјата, клучно е да се штеди, порача Ковачевски


Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1.000 евра, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите. – Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е […]

Мицкоски: Надлежните да почнат да произведуваат струја која ќе завршува како помош во стопанството


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Берово го повтори ставот дека според него македонските бизнисмени плаќаат повисока струја од нивните колеги во регионот.   -Вистината е таа дека македонските бизнисмени, според Еуростат, не според ВМРО-ДПМНЕ, во втората половина од 2021 година плаќаат и двојно повисока цена за струјата од нивните колеги на пример во […]

Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ. „Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија. […]

ЕСМ продава ноќни вишоци на аукција, цените ги формира побарувачката


АД ЕСМ продава ноќни вишоци на електрична енергија по пат на јавна аукција и наддавање од заинтересираните купувачи. За периодот 20.8.-26.8.20022г продадени се 1750MWh по цена од 303 ева за мегаватчас. Понуди дале четири понудувачи, и нивните последни понуди на крајот на наддавањето биле:140, 266, 293 и 303 евра за мегаватчас. Избрана е највисоката понуда […]

Скапата струја може да затвори околу 120.000 бизниси во Италија


Италијанската конфедерација на претприемачи – Конфкомерчо, соопшти дека околу 120.000 бизниси се изложени на ризик од затворање од сега до првата половина на следната година поради порастот на цените на енергијата како резултат на војната во Украина, и зголемената инфлација. Енергетската спирала и инфлацијата од над осум отсто, што се очекува дополнително да расте главно […]

Струја се краде во сите општини, вели Бектеши, повикува МВР да реагира


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Арачиново потврди дека во системот има големи загуби на струја, но дека проблемот не е ограничен на една општина, туку на сите и ги повика сите надлежни институции, пред сѐ Министерството за надворешни работи, да се вклучат во надминување на состојбите. Најмногу загуби на електрична енергија лани […]

Битиќи: Граѓаните да не се грижат, електрична и топлинска енергија ќе има доволно


Вицепремиерот за економски прашања денеска од редовната седница на на Комисијата за јавно-приватен дијалог порача граѓаните да не се грижат зашто, како што рече, електрична и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима. Битиќи пред членовите на Комисијата се осврна на планот за производство на АД ЕСМ, потенцирајќи дека е со зголемување […]

Сушата во Австрија го намали производството на струја за 31 процент


Долгиот период на суша во јули имаше значително влијание врз падот на производството на електрична енергија во хидроцентралите во Австрија. Според операторот за пренос на електрична енергија АПГ, производството од хидроенергија во јули е намалено во однос на истиот месец лани за цели 31 процент. – Поради тоа, Австрија мораше да увезува три пати повеќе […]

Фирмите бараат мерки за спас од енергетската криза, сметките им се зголемени до шест пати


Владата веднаш да им помогне на компаниите преку укинување на ДДВ-то за струја и замрзнување на цената на електричната енергија по примерот на соседните земји, да ги забрза постапките за инсталација на фотоволтаици и да го пренамени поголемиот дел ако не целосниот износ на средства од капиталните расходи за тие да се инвестираат во обновливи […]

Компанија потрошила помалку струја од лани, а добила шест пати поголема сметка


  Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат […]

Стопанска комора апелира да се зголеми домашното производство на електрична енергија


  Стопанската комора бара од Владата да ги реализира нивните заклучоци презентирани во јули годинава и нагласува дека е потребно да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси. При тоа смета дека набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино треба да има апсолутен приоритет веднаш. -За да […]

Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја


  И додека поради актуелната енергетска криза во регионот веќе се воведуваат мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија (Косово, Северна Македонија), а другите земји како Србија и Албанија даваат огромни суми пари за увоз, Босна и Херцеговина е во прилично добра ситуација со овој извор на енергија и остварува добар профит од извозот. […]

Албанија му излезе во пресрет на Косово и ќе му дава струја за да се избегнат рестрикциите


Во Косово нема рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, благодарение на Албанија која одлучи да му помогне во овие тешки денови, јавија албанските медиуми. Министерството за економија на Албанија попладнево соопшти дека е договорено земјата да испорачува струја со цел граѓаните на Косово без прекин да се снабдуваат со електрична енергија. Пренесуваат и најава од […]

Делови од Скопје, утре без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 12.08.2022 година (Петок) поради закажани технички зафати во системот на електрична енергија без напојување со електрична енергија ќе бидат следните корисници: 1. Во период од 08.00 – 10.30 часот дел од ул. Ул. Tашко Караџа зграда бр. 8, Автокомандa ( општина Гази Баба) 2. од 08.30 – […]

Во јануари во Велика Британија можни се рстрикции на струја


Велика Британија подготвува планови за организирани прекини на струја за индустријата и домаќинствата во текот на зимата, кога ниските температури би можеле да се совпаднат со недостиг на гас, објави „Блумберг њуз“, повикувајќи се на неименувани владини претставници. Според „разумното сценарио за најлош случај“ на Владата на Велика Британија, недостигот на капацитет на електрична енергија може да изнесува околу […]

Дел од Општина Ѓорче Петров утре ќе остане без електрична енергија


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе остане дел од Општината Ѓорче Петров. – од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: „Александар Македонски“, „Кадињача“ и „Андреја Папарадишки“. (Oпштина Ѓорче […]

Габриел Бајрам со полициска придружба бил на распит за кражба на струја во ГТЦ


По насоки и во координација со Основното јавно обвинителство скопје преземени се повеќе мерки и активности за расчистување на случајот со кражбата на струја во Градски трговски центар и копањето биткоини, информираат од МВР додавајќи дека за овој случај со потерница бил баран синот на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам. По неколку неодговарања на […]