Привилегираните производители на струја во Црна Гора минатата година добиле субвенции од 5,46 милиони евра


  Привилегираните производители на електрична енергија во Црна Гора минатата година оствариле приходи во износ од 42,43 милиони евра, вклучувајќи ги и субвенциите од 5,46 милиони евра што компаниите ги добиле за струјата произведена од обновливи извори. Останатите 37,11 милиони евра се приходите остварени од продадената струја по пазарна цена. Според податоците на Црногорскиот оператор […]

Мицкоски вели дека власта ја направи ЕСМ загубар, од таму прашуваат дали би ги укинал субвенциите за граѓаните и фирмите


  Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска обвини дека државната АД ЕСМ од профитабилна компанија станала загубар поради погубните политики на СДСМ, а од енергетската компанија возвратија дека ги субвенционираат сметките на граѓаните за електрична енергија и прашуваат дали партијата на Мицкоски ќе ги остави граѓаните и фирмите да ја плаќаат струјата по пазарни […]

Уште 65 училишта се пријавиле за субвенционирана струја, вкупно 374


  Од 1 јануари 2023г ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022г.  За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно […]

Битиќи: Разумна одлуката на РКЕ, од 1 јануари поголемо намалување на цените на прехранбените и на други производи


Сметам дека од 1 јануари би требало да очекуваме уште поголемо намалување на малопродажбите цени на основните прехранбени производи, но и на другите производи, затоа што голем дел од товарот што тие навистина можеби го гледаа им го тргаме и Владата им излегува во пресрет, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на попладневното продолжение […]

Утре, без струја и вода, полициската и амбулантата Центар, но и Визбегово и Никиштани


Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од дел од с. Никиштани. (Општина Ѓорче Петров), од 8.30 до 13.30 часот корисниците од дел од ул. „Орце Николов“, поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 во Општина Центар. Како што соопшти […]

Поевтина струја за 99,2 отсто од домаќинствата, помали сметки и за малите потрошувачи


  Цената на електричната енергија кај домаќинствата за прв блок од 1 јануари се намалува за 4,11 проценти, за втор блок за 2,95 проценти, а се зголемува за третиот за 0,85 проценти и за четвртиот за 7,65 проценти. Намалување за 20,15 проценти има кај цената на струјата околу 70.000 микро и мали компании на регулираниот […]

Без струја утре делови од неколку скопски населби и села


Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во мрежата без електрична енергија утре ќе останат потрошувачи од делови на општините Аеродром, Арачиново, Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Кисела Вода и Сарај, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи во Скопје. – Од 08.30 до 12 часот без струја ќе бидат жителите […]

Струјата ќе поскапи за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то ќе влијае со плус 4,72 отсто


Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари идната година. АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за […]

Ковачевски: Владата ќе ги покрие долговите за струја на институции, пред сè на здравствените


Долговите за неплатена струја на институциите кои се од витално значење ќе ги покрие Владата, согласно прераспределбата поднесена и одобрена во Собранието. Ова пред сè, се однесува на здравствените институции но и други институции кои се од важно значење за државата, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски. Целта е, додаде, да се обезбеди непречено функционирање на […]

Муртезани: МЕПСО сè уште нема добиено формална најава за зголемување на цената на струјата


МЕПСО се уште нема добиено формална најава за згоèлемување на цената на струјата од јануари од страна на Регулаторна комисија, истакна директорот на АД МЕПСО, Орхан Мутрезани, по отпочнувањето на изградбата на 110 кв далековуд Велес-Овче Поле. -Откако ќе добиеме формална најава дека ќе се врши промена на цената МЕПСО ќе ги направи сите пресметки […]

Ковачевски: Сè уште се прават калкулации за цената на струјата, можно е намалување за малите потрошувачи


Цената којашто е понудена овозможува да нема ценовен шок за граѓаните. Финалната цена којашто се состои од три ценовни параметри кои на крај Регулаторна комисија за енергетика ги определува, овозможува да нема ценовен шок за граѓаните и, според првичните калкулации што се прават врз основа на овие параметри, овозможува дури намалување на цената на електричната […]

Албанска КЕШ почна со извоз на електрична енергија


Поволната хидрологија овозможи максимално производство на електрична енергија во трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим, што услови албанската електрокорпорација, КЕШ, да почне со извоз. -За периодот од 19 до 23 декември продадени се околу 48.000 мегаватчасови електрична енергија, по цена од 167,2 евра за мегаватчас. Претходно, имавме обид да се депонира оваа количина на […]

Кличко: Обновено греењето во Киев


  Греењето во потполност е воспоставено во Киев по најновото бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, вели градоначалникот на главниот град н Украина, Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, рече Кличко во апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлина на главниот град во потполност е обновен. […]

Нема да биде исклучена струјата во Клинички центар


Во Клиничкиот центар нема да биде исклучена струјата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека во „ЖРСМ Транспорт“ струјата треба да е веќе вклучена. Ковачевски кажа дека се надева оти пратениците и Собранието ќе бидат експедитивни и ќе гласаат за пренамена на средства за да се покријат заостанатите сметки за струја на државните институции. -Со […]

Влада: Со домашно производство изминатото деноноќие целосно задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи


АД ЕСМ вчера произведе 16.363 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата. Како што нагласуваат, при тоа во термоелектраните се произведени 13.223, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.140 мегават часови електрична енергија. -Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 […]

Дел од Карпош и Сарај утре без струја


Дел од корисниците од улицата „Варшавска“ во општина Карпош утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9 до 13.30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Љубин, а од 9 до 14.30 часот, корисниците од селата Раовиќ и Паничари во општина Сарај. Како што […]

Бектеши: Електрична и топлинска енергија ќе има без застои до крајот на грејната сезона


Граѓаните да бидат спокојни зашто електрична и топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона, без застои и без оптоварување на нивниот буџет. Не треба да веруваат во секакви непроверени информации и во паниката од опозицијата зашто тоа може да биде на штета на домаќинствата кои, слушајќи ги, може да прават дополнителни трошоци за […]

„ЕСМ продажба“, сепак, ќе ги снабдува петте фирми со фотоволтаици, со поевтина струја


Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час, информира АД ЕСМ. -На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договор […]

Високите трошоци за енергети го направија угостителскиот бизнис непрофитабилен


  Високите цени на енергенсите придонесоа угостителската индустрија веќе да не е комплементарна и профитабилна, оцени денеска претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски. -Досега никогаш во угостителството во големите сметки електричната енергија не се земала како некој значителен фактор или влијание во профитаблината маржа и вообичаено изнесувала 1 до 2 отсто од приходите што […]

Во Србија од 1 јануари поскапува струјата за осум и гасот за 11 отсто


  Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата […]