Во тепачка во Струмица убиено 22-годишно момче и тројца повредени


 Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени. Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека […]

Поплавени улици и подруми во Струмица, штети на посеви, урнати дрвја…


Од невремето кое го зафати Струмичко во попадневните часови поплавени се повеќе улици во долниот дел на градот околу улицата „Младинска“, како и повеќе подруми, а силниот ветар урна и неколку дрвја. Од села под планината Беласица има информации дека од градот настрадале посеви на отворено, а најмногу штети имало врз бостанот. Спопред информациите од […]

Разрешен директорот на струмичкото училиште во кое наставник е обвинет за полов напад врз дете


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го разреши директорот на училиштето од Струмица од кое наставник е осомничен за полов напад врз дете, а Основниот суд во Струмица на барање на ОЈО Струмица му одреди мерка притвор на наставникот во траење од 30 денови. Костадинов ја објави одлуката на својот Фејсбук-профил каде напиша дека е згрозен […]

Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз ученичка


 СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица осомничен за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик. Пријавениот, наставник во основно училиште во Струмичко, соопштија денеска од МВР, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до […]

ФФМ: Баражот помеѓу Тиквеш и Воска ќе се игра во Струмица


Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22 мај во 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица, соопшти Фудбалската федерација на Македонија. Од ФФМ наведуваат дека на заеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни […]

За 60 лица со најтешка попреченост во нивните домови ќе се грижат негуватели


На околу 60 лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, од Струмица отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја […]

Нова социјална услуга во Струмица, помош и нега во домот за лица над 65 години


На Домот за стари лица „Отворено срце“ – Струмица денеска ќе му биде доделена дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјалната услуга помош и нега во домот. Како што информира ресорното министерство, на настанот ќе биде означен почетокот на давањето на оваа нова социјална услуга на територијата на општина Струмица. Услугата […]

Премиера на „Паника во хотел Палас“ во Струмичкиот театар


Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица за задутре е закажана премиерата на комедијата „Паника во хотел Палас“ од англискиот комедиограф Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, кој го направи и преводот и адаптацијата. Според режисерот, оваа комедија досега не е изведувана во македонските театри, а „Паника во хотел Палас“ не се разликува од […]

Струмица бара намалување на ДДВ за гасот на 5 отсто за да им се помогне на стопанствениците


Струмица е исклучително добар пример како локалната самоуправа може да се справи со кризата. Таа е единствена општина во која локалната самоуправа има обезбедено субвенции и за граѓаните, но и за стопанствениците за да се справат со енергетската криза, рече заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешниот работен појадок со струмичките […]

Танкица Стојанова в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица


Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, откако досегашен вршител на оваа функција беше Боби Ѓошиќ. Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор таа ќе раководи со оваа […]

Утре завршуваат карневалските празнувања во Струмица


 Осумдневните карневалски празнувања во Струмица завршуваат утре кога карневалистите ќе му го вратат клучот од градот на градоначалникот, Костадин Костадинов. Вечер ќе бидат доделени наградите на најдобрите карневалски групи, а празнувањето продолжува со забавата насловена како Карневалско село на Плоштадот „Гоце Делчев“. Според претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, по две години […]

(Фото) Кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“


Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна. По две години пауза Струмица повторно ја затресе карневалската треска. Потече реката од маски исполнета со милион различни бои и карневалски креации, а први настапија струмичките мажуретки кои добро ја затоплија многубројната публика на плоштадот „Гоце Делчев“ и низ улиците на градот. Во дефилето […]

Карневалските празнувања во Струмица вечер кулминираат со дефилето на карневалските групи


Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се […]

Почнуваат карневалските празнувања во Струмица


Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите вечерва во Струмица почнуваат осумдневните карневалски празнувања, кои ќе траат до 9 овој месец. По предавањето на клучот ќе се одржи промоција на монографијата „Струмичко чудо“ и ќе се доделат благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот […]

„Литература.мк“ отвора книжарница во центарот на Струмица


Со попусти, подарок-картички за лојалност, добра музика и вкусно кафе, на 19 февруари (сабота), во 13 часот, ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во Струмица. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4. Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во […]

Бектеши: Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица


 Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица,  рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ, истакнувајќи дека цел на Владата е продлабочување на соработката со Бугарија, како и со другите соседни земји, јави дописникот на МИА од Софија. Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со […]

Двајца струмичани пренесувале 44 грама марихуана од Ресен во Битола


 Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, кои пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола. Тие се осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, […]

Бочварски: Разговараме со Бугарија за изградба на интерконектор за гас од Петрич до Струмица


 Министерот за транспорт врски, Благој Бочварски денеска потврди дека меѓу комисиите за транспорт и инфрастуруктура на владите на Северна Македонија и Бугарија е разговарано за изградба на интерконтекторот за гас од Петрич до Струмица. -Со министерот за енергетика на Бугарија веќе разговарав и побарав тоа да биде еден од идните приоритети на двете држави. Министерот […]

Против носење маски во училиштата, Струмица протестираше со караван


Членови на здруженијата „Слобода и правда’’ од Струмица и „Од нас за нас’’ од Скопје денеска со автомобили организираа протестен караван по улици во струмица барајки учениците во второто полугодие за време на наставата да не носат заштитни маски. Според нив како што кажаа претседателките на двете здруженија маските се штетни по здравјето на децата […]

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март


Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19. Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги […]