Струмичани користејќи велосипеди, ќе прозиведуваат струја, за да гледаат филм


За прв пат струмичании ќе може да гледаат филмски проекции кои ќе бидат прикажани благодарение на електричната енергија која што ќе ја произведуваат со еко-велосипеди. Како што најавија од „Go green“ ќе бидат прикажани два филма, а целта на овој настан е да се подигне јавната свест за еколошка и одржлива енергија. Ова значи дека […]

Родителите на идните првачиња од Струмица преку ревија избираа училишни униформи изработени од средношколци


Родителите на идните првачиња од Струмица синоќа преку ревија ги избираа училишните униформи изработени од учениците и нивните ментори од текстилно-кожарската струка при СОУ „Никола Карев“. Со финансисиска помош од еден милион денари од општинската каса средношколците треба да изработат униформи за околу 600 првачиања, кои своето образование треба да го започнат во општинските основни […]

Струмичките археолози по четири децении повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“ во Банско


По пауза од речиси четири децении струмичките археолози повторно вршат археолошки истражувања на локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во селото Банско. Тимот на „Завод и Музеј Струмица“ го предводат археолозите Душко Цветанов и Ване Секулов и според нив станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век. -Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна […]

МЖСПП ќе помогне Општина Струмица да воведе електричен јавен превоз


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна посета на општина Струмица, при што со градоначалникот Костадин Костадинов разговараа за предизвиците со кои се соочува општината во делот на заштита на животната средина и поддршката што МЖСПП може да ја понуди во ефикасна реализација на поставените цели .   Градоначалникот Костадинов информираше за […]

Притвор за осомничениот за убиството на старицата од Струмица


Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор. Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, Мариета Дукиќ, мерката му ја одредил судија на претходна постапка од судот, кој го прифати предлогот на струмичкото Јавно обвинителство. Притворот му е одреден по член 123 […]

Приведено лице од Струмица осомничено за убиство на своја роднина


  Полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал вчера го лишиле од слобода П.И.(25) од Струмица. Како што информира денеска МВР, тој се сомничи дека на 20 јануари годинава откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил […]

Електрични градски автобуси во Струмица


На крајот на оваа година или на почетокот на наредната се очекува по струмичките улици да сообраќаат првите електрични автобуси. Со нив ќе стопанисува ЈП „Струмица гас“ за да се избегне отворање на ново локално јавно претпријатие. Постапката за воведување електричен јавен превоз, Општина Струмица ќе ја започне годинава. Општинските власти веќе го изработуваат проект […]

МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Битола и Струмица


 Во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденоста на воздухот бидејќи среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.   – Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на […]

Почна изградбата на Младинскиот центар во Струмица


Почна изградбата на Младинскиот центар во Струмица, кој ќе биде лоциран во поранешните сутеренски простории на општинската зграда. Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, овој проект бил еден од петте најважни проекти во неговата предизборна програма со кој се зафатил уште во првата година од неговиот мандат со откажувањето од службениот автомобил и неговата продажба. […]

Го нападнал татко си и кршел низ дома


Во саботата,  во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде […]

Ковачевски од Струмица: Никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата


Ветивме дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Мерките што ги носиме, политиките кои ги спроведуваме, грижата за стопанството и граѓаните се со цел да обезбедиме подобар квалитет на живот, сигурност, економски раст, просперитет и развој, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска присуствуваше на отпочнување на […]

Работна конференција за македонско-бугарската регионална соработка во Струмица и Петрич


Експерти, научници, уметници, дипломати, бизнисмени, консултанти, претставници на невладиниот сектор и новинари од Северна Македонија и Бугарија учествуваат на дводневната конференција што во организација на амбасадите на Чешка во Скопје и Софија, се одржува во Струмица и во бугарскиот град Петрич. Како што јави дописникот на МИА од Софија, учесниците на конференцијата, иницирана од чешкото […]

Струмица ќе набавува компримиран гас од снабдувачи од Србија по поповолни услови


  Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на Владата на Србија за изземање на нашата држава од забраната за гас, бидејќи ова значи можност за Струмица да обезбеди компресиран гас по поволни услови. Во изјава за МИА Костадинов потенцира дека ваквата одлука значи многу за Струмица и за општинскиот гасоводен систем. – Конкретно […]

Костадинов со визија за Струмица – прв град со целосно електричен јавен превоз


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во објава на Фејсбук, вели дека неговата визија за Струмица, е градот да има целосно електричен јавен превоз. „Да се има визија за Струмица, значи да се размислува долгорочно, да се овозможуваат услови за подобар живот на граѓаните. Во оваа криза сметам дека повеќе од потребно и е на Струмица […]

Почна обновата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во Струмица


Со поставување израмнителен слој асфалт денеска почна реконструкцијата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во должина од 3,5 километри. На почетокот на работите увид оствари министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е од големо значење за граѓаните во овој регион, кој е […]

Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT


 Владата на 7 септември, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, ќе организира регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Фестивалот ќе биде продолжение на Саемот на вино, храна и туризам што треба да се одржи од 1 – 4 септември во Белград. Како што информира владината прес-служба, регионалниот Фестивал на храна и вино во […]

Под закана со пиштол од струмичанец изнудиле 20.000 евра


Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Имено, на 09.08 […]

Тројца повредени во сообраќајка кај Струмица, сообраќајот нормализиран по прекин од еден час


 Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 13:30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село откако патничко возило излетало од патот во близина на клучката кон село Сачево. Според информациите од СВР – Струмица, повредените се пренесени на лекување во струмичката болница, а увидот на местото на сообраќајката завршил пред малку. Заради […]

Тројца со ножеви го боделе момчето што почина во Струмица


Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во попладневните часови на 5 јули, на улицата […]

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода


Утрово во 5.10 часот, во Радовиш, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 3 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица. Вчера, околу 19.30 часот, по […]