Напад врз полициски службеници во Струга


Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Како што информира […]

ДКСК: Мерко заверил фалсификуван документ за оттуѓување земјиште во центарот на Струга


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот […]

ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш


Фудбалерите на Струга Трим Лум го совладаа попладнево Тиквеш со 3-1 на домашен терен во последниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).  Во натпревар со по еден црвен картон на двете страни, актуелниот шампион ја забележа втората победа сезонава со головите на Марјан Радески (15 минута) и двојниот стрелец  Агим Ибраими […]

Почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир


На ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга денес почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир. Турнирот ќе го отворат, домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач Вардар, а силите ќе ги одмерат и екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Љубителите на ракометот утре ќе може да ги погледнат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и […]

Забранета водата за пиење во Струга поради дефект на водоводната мрежа


Водата за пиење од градскиот водовод во Струга е забранета за конзумирање поради дефект на водоводната мрежа, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Работните тимови на претпријатието, според информацијата, се на терен е работат на надминување на проблемот. – Ги замолуваме сите граѓани да не ја користат водата за пиење до следното известување, порачуваат […]

Расекотината била долга 11 и длабока пет сантиметри: Предложен притвор за Велештанецот за напад на началникот на ОВР Струга


Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот се обидел да лиши […]

Се реконструира ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го посети ООУ „Јосип Броз Тито“ во општина Струга, каде што во тек е реконструкција на столаријата, односно се врши замена на дотраените врати во училниците. – Оваа инвестиција за која се одвоени над 700 илјади денари е со поддршка на Светска банка, нашиот партнер со кој […]

Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Струга


Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје. Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.   – Заради почитување […]

Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи


Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот […]

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан


Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“. Режијата е на Ристе Миладинов, а улогите ги толкуваат Дафина Дејкоска, Даниел Спироски, Ива Шајноска, Емилија Спасеска… Влезниците за претставата се 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Бојан, кој се наоѓа […]

Гори трска во близина на индустриската зона во Струга


Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари. Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило. – Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа […]

Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките екобизниси во Струга


Ќе се поддржуваат туристичките екобизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфтраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаеменитости, како и привлекување на што повеќе туристи, пренесува Охриднет. Субвенции за поставување соларни панели и подобра енегретска ефикасност ќе добијат 40 […]

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Струга – Ќафасан. Рехабилитацијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се реализира во должина од 19,3 километри, на потег од […]

Шаќири: Една од стратешките цели на МОН е поддршката на квалитетно и инклузивно високо образование и на студентскиот стандард


На почетокот на новата академска година сакам да им честитам на младите кои одлучиле својот животен пат да го продолжат со стекнување нови знаења и вештини, за да го извлечат најдоброто од себе, да продолжат да растат интелектуално и да си отворат повеќе можности за иднина. Пред вас е нова, возбудлива етапа исполнета со предавања […]

Индискиот поет Сонет Мондал ќе учествува на Струшките вечери на поезијата


Најпрестижниот и најстариот се уште постоечки поетски фестивал во светот, Струшките вечери на поезијата, упати покана до индискиот поетот Сонет Мондал да ја претставува Индија на 61-во фестивалско издание, што ќе се одржи во градот Струга, со придружни настани во Скопје и Охрид, од 24 до 29 август, објави „Индиантвњуз“.   Годинава Мондал ја објави својата […]

Загина пешак на регионален пат во Струшко


Уште еден пешак настрада на македонските патишта.  На 26.05.2022 околу 21.35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен […]

Мазари: Пожарот не претставува опасност за викенд населбата Елен Камен


Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари. Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го […]

Голем пожар над Елен Камен во Струга


Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер, јавува Сител. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.  Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како […]

Оштетени цевките за довод на гасови до хируршка сала во Струга


Во петокот, во 10.05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција […]

Девет трговски субјекти во Струга не ја почитувале одлуката за ограничување на маржата


 Во само два дена контрола на струшкото одделение за инспекциски надзор при Државниот пазарен инспекторат изрекло 11 мерки над трговски субјекти во Струга и Дебар. Раководителот на одделенито во Струга Шпендим Илјази информира дека трговците на мало, пред се во големите маркети не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделени стоки, односно […]