Рашковски ги посети повредените македонски државјани, Филипче на пат


Македонската Влада води грижа за своите граѓани, независно каде тие се наоѓаат и затоа сме денеска тука за да помогнеме колку што може да се ублажи несреќата, порача во изјава за МИА генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој вечерва пристигна во Лесковац, каде во локалната болница се сместени дел од повредените. Три лица загинаа, […]

Пожар беснее на Стогово, над селото Селци, го гаснат со лопати


Голем пожар на борови и дабови дрвја на падините на планината Стогово во Општината Струга се заканува да ги пеплоса куќите во селото Селци. Пожарот е активен веќе цела недела, а мештаните велат дека нивните апели за помош ги игнорираат сите институции. Пожарот секој ден е поблиску до селото, а две семејства кои во моментов […]

Мурали насликани на фасади во Струга


Фасадата на влезот од основното училиште „Јосип Броз Тито“ доби нов лик, шарена со два мурали насликани од познати македонски уметници во рамките на првиот фестивал на муралот „Мурал фест Струга“ што од петокот до денеска се одржува во Струга. Уметниците својата креативност ја изразуваат на повеќе локации низ градот вклучувајќи јавни и приватни објекти, […]

Иванов: Школата за млади лидери стана препознатлив бренд


Четириесет млади од Македонија, Кина, Азербејџан, Швајцарија, Канада, Шпанија… учествуваат на годинашната Школа на млади лидери во Струга, која според претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во изминатите девет години стана препознатлив бренд. На младите им порача да гледаат далеку, бистро и фокусирано. – Во овие девет години станавме препознатлив бренд. Сите овие години создаваме […]

Дали државата ќе го заузди Мерко?


Истрагата за продажбата на дрога во затворот во Струга сè уште нема разрешница. Од Министерството за внатрешни работи официјално не потврдуваат дека против директорот на струшкиот затвор Арменд Шаќири воопшто се води истрага. Последниот одговор за ова е дека истрагата е во тек и по нејзиното завршување јавноста ќе биде информирана. Откако беше обелоденето дека […]

Разрешениот директор на затворот во Струга е назначен за директор на ЈП за паркови и зеленило – „Еко Струга“


Арменд Шаќири, кого Владата го разреши од функцијата директор на затворот во Струга, каде се води истрага за нелегална трговија со дрога и оружје во која се инволвирани осуденици, со одлука на локалната самоуправа со која раководи Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, е назначен за директор на новото јавно претпријатие за паркови и зеленило – […]

Струшки дилери на дрога и оружје паднаа во раце на полицијата


Шест лица се уапсени во денешната полициска акција во Струга и Струшко за сузбивање криминална група која се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје. Едно лице е во бегство. МВР соопшти дека карактеристично за групата е тоа што членовите  се осудени и издржувале казна затвор во казнено – поправниот дом од отворен вид […]

Акција во Струга за разбивање нарко-мрежа


Полициска акција за разбивање криминална мрежа на дилери на дрога се спроведува во Струга и Струшко. Според некои медиуми, приведени се повеќе лица, меѓу кои и функционер од јавна установа и полициски инспектор. Од МВР ја потврдија акцијата, ама не откриваат детали. Најавено е соопштение до крајот на денов.

Ќе се реконструира покривот на Заводот за нефрологија во Струга


За неколку дена ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга, најави при денешната посета заменик-министерот за здравство Асим Муса. Проектот за реконструкција на покривот, како што истакна, бил подготвен уште додека тој бил директор на установата, но поради изборите бил пролонгиран. Посочи дека освен покривот дека ќе се […]

Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина


Шестгодишно девојче од Струга загина во несреќа што се случи вчера околу 12 часот на улицата „ЈНА“ во Струга. Според Министерството за внатрешни работи, девојчето паднало од балкон на петти кат и починало на самото место. „Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга. Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатата […]

Шестгодишно девојче од Струга почина при пад од тераса


Шестгодишно девојче од Струга денеска починало при пад од тераса на улицата „ЈНА“, соопшти СВР Охрид. Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година. По […]

Струга: Писмени млади за социјални медиуми


Во периодот од 15 до 23 јуни, Струга одомаќинува уште една младинска размена. Под работен наслов „Писмени млади за социјални медиуми“ (Social media literate + Safe + Empower + Engage), вкупно 37 претставници на различни организации од шест земји: Македонија, Данска, Унгарија, Финска, Турција и Грција (ќе) дискутираат за потребите и интересите на општествата во […]

Љубомир Михајловски -Џанго: Од прв полицаец до прв адвокат


Половина час по полноќ, изборната комисија ги соопшти гласовите на сите оние кои влегоа во трка за едно од 17- те места во Управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија. Од избраните членови, со најмногу гласови е скопскиот адвокат Љубомир Михајловски -Џанго и тој најверојатно е новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија. Имено, Михајловски […]

Кривична пријава за стружани за кражба во маркет и бутик


Две лица од Струшко добија кривична пријава за кражба на цигари, лаптоп и машка облека од маркет и бутик во Струга, при што се стекнале со противправна имотна корист од 116 илјади денари. – Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „тешка кражба во обид“, полициската […]

Средношколец од Струга сексуално злоставуван од друг ученик


Ученик од средно училиште во Струга бил сексуално злоставуван од друг малолетен ученик. Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на Центарот за социјални работи во Струга. Малолетникот во разговор со социјалниот работник, психолог, педагог и адвокат за деца изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоставуван […]

Заев: Како Струга нема друга (Фото)


Премиерот  Зоран Заев денес присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Струга, соопштија од Владата. Заев се прошета низ струшката чаршија во придружба на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. -Како градоначалник пред се на Струмица, но и како политичар во нашата цела Македонија, ја имам денеска […]

Стружанец врзал со јаже сограѓанин и му го украл возилото


Четириесетгодишниот стружанец Н.М доби кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“ откако минатиот месец претепал едно лице, го врзал со јаже и му го украл возилото. Пријавениот на 24 ноември годинава во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, што прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. […]

Жбогар:Сите се еднакви пред законот, одговорност мора да има


Нашата позиција е јасна и едноставна, како и во минатото така и сега не коментираме судски процеси, треба да оставиме судството да си ја врши својата работа, изјави попладнево евроамбасадорот Самуел Жбогар во Струга. – Уште веднаш по настаните од 27 април нагласивме дека треба да има отчетност за сето што се случуваше во Парламентот. […]

Под мост кај Струга сокриле 60 килограми марихуана


Околу 60 килограми опојна дрога марихуана се пронајдени во близина на мостот на реката Сатеска на стариот пат меѓу Охрид и Струга. Акцијата на полицијата била реализирана во четвртокот околу 21 часот. Дрогата била сокриена во 59 пакувања. Засега не се знае кој и зошто ја оставил.