Алиу: Поддршката за студирање на престижни странски универзитети е вложување во човечкиот капитал


Средношколци, студенти, професори, родители, и сите оние кои сакаа да добијат информации за можностите за продолжување на додипломски и постдипломски студии во Франција, беа денес во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје, на 15-тиот саем „Студии во Франција“. Саемот го организираат Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на француската државна […]

Докторски и постдокторски истражувачки стипендии во Романија за студиската 2022-2023 година


Амбасадата на Романија во земјава известува дека Министерството за надворешни работи на Романија преку програмата „Eugen Ionescu“ доделува три месечни  докторски и постдокторски стипендии за истражување и мобилност на државните високообразовни институции во Романија. Како што објави МОН, овие стипендии се реализираат во соработка со франкофонската глобална мрежа на високообразовни и истражувачки институции (AUF) Agence universitaire de […]

Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти


Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување на стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти. Целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба, информираше градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски. -Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти кои бележат […]

Конкурс за стипендии за ученици во Математичко-информатичката гимназија


 Министерството за образование и наука објави  Конкурс за доделување стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ Математичко-информатичка гимназија-Скопје за учебната 2022/2023 година. Износот на стипендијата ќе биде 3.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година. Учениците кои ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот, кој МОН го објави на својата веб-страница, треба да пополнат електронска […]

Конкурс за доделување студентски стипендии за странски државјани за 2022/2023 година


Согласно Одлуката на Владата од 30 август 2022, отворен е Конкурс за доделување студентски стипендии за странски државјани, кои се од интерес за Република Северна Македонија, за студиската 2022/2023 година. Ќе бидат доделени 50 стипендии на странски државјани со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна […]

Нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година


Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.  Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни […]

Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за академската 2023-2024 година


  Министерството за образование и наука информира дека сојузната Комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија ќе додели од 20 до 30 стипендии за студенти од државите во Централна и Источна Европа, како и од Кавказот, за академската 2023-2024 година. Достапни се три вида стипендии: истражувачка, докторска  и постдокторска. Понудата не вклучува стипендии за додипломски и магистерски студии. – Овие […]

Стипендии и вработување во „Макстил“ за сите идни студенти на Технолошко-металуршки факултет


Компанијата „Макстил“ доделува стипендии за студирање на Технолошко-металуршки факултет во академската 2022/23 година. Стипендиите се однесуваат на додипломските студии, го покриваат целото школување во траење од 4 години и се наменети за студентите кои ќе се запишат на насоката за Металургија, дизајн и менаџмент. Подетални информации околу студиите може да се добијат на линкот. Стипендиите, […]

Студенти од Северна Македонија и Бугарија ќе можат бесплатно да студираат на универзитет во соседната земја


Студенти од Бугарија и Северна Македонија ќе можат бесплатно да студираат на универзитети во соседната земја. Секоја година, владите на двете земји ќе финансираат до четири стипендии кои ќе покриваат целосни дипломски или магистерски студии. Ќе бидат обезбедени и пет стипендии за еден семестар. За нив ќе можат да се пријават оние кои сакаат да […]

Ван Хоол ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ


Компанијата Ван Хоол Македонија ќе стипендира и поддржува магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, на потпишување на договорите за стипендирање, истакна дека Факултетот продолжува со своите активности за унапредување на својата трета мисија: соработката со индустријата. „Ова соработка […]

Стипендии во рамки на Словачката билатерална програма за соработка за академската 2022/2023 година


Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката билатерална програма за соработка (Slovak Bilateral Scholarship Programme), за академската 2022/2023 година. – Македонската и словачката страна ќе разменуваат студенти во рамки на акредитирани студиски програми од прв, втор и од трет циклус на високо образование, во вкупно времетраење од триесет месеци годишно. […]

Пријавување за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во „Нова“


Наскоро се отвора конкурсот за програмата за стипендирање „Борис Трајковски-НОВА“ која ги покрива трошоците за четиригодишно средно образование во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје почнувајќи од учебната 2022/23 година. Стипендиите ги доделува училиштето „Нова“, во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“, при што ќе бидат доделени три целосни и три делумни стипендии (50%), а истовремено сите […]

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година


Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци, за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година. Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за […]

ОКТА и Хеленик Петролеум ќе стипендираат тројца македонски студенти


Тројца македонски дипломци денеска во седиштето на ОКТА, потпишаа договор со кој компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум им доделуваат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Двајца од нив, Ѓорѓи Калпакоски и Марио Менчовски добиваат целосна стипендија, во која покрај платените студии, вклучени се и трошоци за живот во висина од 1.000 […]

Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ


Десет студенти од шест факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се добитници на стипендиите за втор циклус студии кои втора година по ред ги доделува компанијата ОКТА. Стипендиите на избраните кандидати им ги врачи Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос, за време на свеченоста за одбележување на 40годишниот јубилеј на компанијата. Со доделување […]

ОКТА и Хеленик Петролеум доделуваат стипендии за постдипломски студии во Грција


Втора година по ред, студенти од Македонија ќе добијат можност за стипендии од ОКТА и од Хеленик Петролеум Групацијата за постдипломски студии во Грција. Конкурсот за аплицирање за овие стипендии е отворен, а наменет е за студентите од Машинскиот, Технолошко – металуршкиот, Природно – математичкиот, Правниот и Економскиот факултет. Стипендиите се доделуваат за Постдипломска програма […]

Град Скопје ќе доделува по 3.000 денари месечно за спортисти-средношколци


Градските власти на 100 стипендисти – средношколци ќе доделуваат стипендија од 3.000 денари, со платен персонален данок, во тек на 8 месеци во тековната 2018 година. Јавниот повик за доделување на стипендиите е објавен денеска а ќе трае 10 дена, заклучно со 26 април. Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република […]

Конкурси за стипендии за запишани на универзитети од шангајската ранг-листа


Во тек се конкурсите за доделување стипендии за кандидатите кои во академската 2018/2019 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, […]

По 50 евра за најуспешните спортисти, ученички и ученици


Град Скопје ќе стипендира 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици со по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година, најави вчера градоначалникот Петре Шилегов на отварањето на спортските училишни лиги. Пред учесниците на средношколскиот спорт, Шилегов апелираше тие и натаму да продолжат да спортуваат, да се натпреваруваат и да постигнуваат […]