Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“


Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на […]

Отворен повик за стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за академската 2026/2027 година


Фондацијата „Атанас Близнакоф“, во стратешка соработка со организацијата Македонија2025 и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), го најавува отворањето на новиот повик за доделување стипендии за студентска извонредност за академската 2026/2027 година. Овој повик е наменет за сите редовни студенти кои се запишуваат на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ […]

Нов повик од ОКТА: Стипендии за постдипломски студии дома и во странство


Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата […]

Стипендии за магистерски студии во Обединетото Кралство преку програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет


Стипендии за талентирани научнички за магистерски студии во Обединетото Кралство обезбедува програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет (British Council), кој соопшти дека оваа година програмата доделува 15 стипендии во 10 земји во Европа, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Како што информира Британскиот совет, оваа програма обезбедува пристап до разновиден опсег на курсеви со сеопфатни придобивки, како […]

Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите […]

За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1.570 стипендии за дуалното образование


Преку Министерството за образование и наука за следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти владината прес-служба. -За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна […]

„Авенга академи“ организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100.000 евра за идните ИТ професионалци


„Авенга академи“, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен „Seavus Education and Development Center“), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан „Challenge Day“ – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот. Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на „Авенга академи“ во Скопје и Охрид, […]

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство


ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.  Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија […]

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија за 2024/2025


Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта  Спортска академија и  Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука. Месечниот износ на стипендијата за учениците во двете училишта е 3.500 денари кои ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година. За двата конкурса кандидатите треба да пополнат електронска пријава и да […]

МОН доделува стипендии за постдипломски и докторски студии – може и со 180 ЕКТС


Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година. Вкупно 50 стипендии за постдипломски и 20 стипендии за докторски студии ќе бидат доделени на македонски граѓани кои ќе се запишат на некоја од домашните високообразовни установи […]

УКИМ доделува над 290 целосни и 720 половични стипендии за бруцоши


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои […]

Нови 40 стипендии за талентирани студенти преку МК2025 и фондациите „Атанас Близнакоф“


Фондацијата МК2025, фондацијата „Атанас Близнакоф“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД доделуваат  Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, и Фондацијата МK2025 објавуваат Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студентска извонредност за талентирани студенти запишани на прв циклус […]

Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус


Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, […]

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак


Втора година по ред, Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува 20 стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава. Студентките кои ќе учествуваат во втората година од програмата на GEG беа избрани на основа на нивните […]

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти


Министерството за образование и наука денеска го објави повикот за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Двата јавни повика се дел од […]

Исплатени стипендиите за учениците и студентите


Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година. Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за […]

МОН објави конкурси за стипендии за магистри и докторанди


Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус за академската 2023/2024. За втор циклус е предвидено да бидат доделени 50 стипендии, а висината на стипендијата за студии од втор циклус изнесува 9.000 денари, за девет месеци во текот на академската година на која се […]

Општина Центар им додели стипендии на 122 основци за успеси во повеќе области


Општина Центар за учебната 2023/2024 година додели вкупно 122 стипендии на основците за врвни постигнувања во повеќе области, од кои 37 од областа на науката, техниката и посебни вештини, 40 за спорт, 37 за културно творештво и 8 за ученици од социјално загрозените семејства. Стипендиите во висина од 2.500, 3.000 и 3.500 денари ќе бидат […]

АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од техничкиот факултет Битола


  „Електрани на Северна Македонија“ (АД ЕСМ) додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет Битола, во износ од 80.000 денари годишно и кои ќе се доделуваат 10 месеци односно во текот на целата академска година, соопштија од компанијата. Од таму појаснуваат дека финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а […]

МОН објави девет конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии од различни области


Министерството за образование и наука денеска објави девет конкурси за доделување 3.500 стипендии од различни области. МОН доделува 50 стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта, сто стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) […]