САД им препорачуваат на своите граѓани да ја напуштат Украина


САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на семејствата на вработените во Амбасадата во Украина, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција. Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволното заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев […]

Стејт департментот ги предупреди Американците да не патуваат во Украина, можни се воени акции на Русија


Стејт департментот денеска објави предупредување за опасност при патувања во Украина до најкритично црвено ниво и советува Американците да не патуваат во оваа земја бидејќи постојат закани Русија да започне воена акција против Украина. Од американскиот надворешнополитички орган го реафирмираат советот државјаните на САД да не патуваат во Украина поради Ковид-19 и да сменат планови […]

Вкупно 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во ИД, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале


САД– Северна Македонија во 2020 година беше дел од Глобалната коалиција за пораз на ИД (Исламска држава). На нејзина територија немаше терористички напади и не е забeлежано заминување на поединци за стапување во ИД, но главниот проблем во борбата со тероризмот во земјата е враќањето на терористичките борци дома.  Ова е нотирано во годинашниот Извештај за тероризмот […]

Стејт департмент: Разговорите во Осло да се фокусираат на повлекувањето на Мадуро


САД – Започнатите во Осло дискусии меѓу претставниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и пратеници на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, поддржан од САД, треба да се фокусираат само на повлекувањето на претседателот социјалист, соопшти Стејт департментот. -Како што досега многупати сме нагласувале, САД сметаат дека единственото за кое треба да се преговара со Николас Мадуро, […]

Стејт департментот одобри продажба на ракети на Јужна Кореја


САД – Американскиот Стејт департмент одобри продажба на рекети за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја во вредност од 314 милиони долари, соопшти Пентагон. Во соопштението се наведува дека на Јужна Кореја, која е клучен американски сојузник во Азија, и е одобрена продажба на 94 ракети СМ-2, како и 12 системи за наведување и техничка поддршка. Ваквата […]

Стејт департментот побара Сенатот да го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО


САД – Стејт департментот и официјално ги достави до Сенатот на САД сите потребни документи за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, објави американскиот државен секретар Мајк Помпео на гала вечерата во Вашингтон по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Северноатлантската алијанса. – Оваа година се подготвуваме да ја примиме […]

Aлијанса: Заев има три месеци да се отцепи од практиките на претходниот режим


Алијансата на Албанците смета дека и последниот извештај на Стејт департментот за почитување на човековите права, потврдиле дека продолжува да се соочува со висок степен на корупција и политизација на администрацијата и судството. Од партијата на Зијадин Села велат дека и покрај техничките и законските реформи иницирани од владата на Зоран Заев, земјата и натаму […]

Стејт департмент: Северна Македонија бележи прогрес во медиумите и судството


САД- Во Република Северна Македонија има напредок во медиумите и судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата, се наведува во најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент. Владата на Северна Македонија во 2018 година презела активности да истражи, обвини и казни полициски официјални лица кои направиле злоупотреби додека властите […]

Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија


Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Nepszava“. Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес“. Од Стејт департментот […]

Стејт департмент ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент


САД ја поздравија одлуката на македонскиот Парламент да започне уставни измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.  Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт „САД веруваат дека Договорот од Преспа е една историска шанса за зајакнување на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на целиот регион“

САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција


САД– САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот. – САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го […]

Стејт департмент: Македонија соработува во антитерористичките напори


Македонија соработува со Соединетите Американски Држави во антитерористичките напори и е членка на Глобалната коалиција за пораз на Исламаска држава, стои во денеска објавениот извештај на Стејт департментот за тероризмот и насилниот екстремизам. Македонските власти проценуваат дека припадници и симпатизери на ИСИС се присутни во државата. МВР и разузнавачките агенции проценуваат дека најмалку 150 македонски […]

Стејт департмент: Грција заостанува во елиминирањето на трговијата со луѓе


Грција прави зајакнати напори за да ги исполни минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, иако се уште заостанува во оваа област, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе во 2018 година. Во извештајот се тврди дека Грција покажала зголемени напори во текот на претходниот период преку воспоставување формални […]

Партиските сѐ уште ги победуваат стручните


Во затворите постои тортура, судската власт не е независна, приватноста не е заштитена, новинарите се глинени гулаби, корупција има насекаде, а хомосексуалците и припадниците на ЛГБТ-заедницата се на мета на насилниците. Новата влада продолжи со праксата установена од претходниците да им дава бенефиции на своите членови, на раководни места се поставуваат осудени лица, а на […]

По трагата на извештајот на Стејт департментот: Подобро затвореник, отколку притвореник!


Затворската пренатрупаност, нехигиената и супстандарните услови, недоволната медицинска грижа, неефикасноста на правната помош, неспроведување на програмите за ресоцијализација, се само дел од проблемите што укажуваат на нехуманиот и несоодветен третман на осудените лица. Стејт департментот вообјавениот извештај за човековите права за Македонија како едно од најкритичните прашања ја нотираше тортурата во македонските затвори. Екипа на […]

Стејт Департмент: Осудено лице е директор на клиника, а член на ИК на СДСМ ја води непартиската Агенција за администрација


Стејт департментот во извештајот за човековите права за 2017 година во Република Македонија, нотира и именувања функционери од новата влада. – Во земјата постои активен систем што овозможува партиите да им даваат посебни бенефиции и предности на своите членови. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за продолжување на тие практики, наведувајќи дека не се следат образовните […]

Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“


Администрацијата на претседателот на САД смета дека Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност” поради кршење на човековите права на граѓаните во овие и други земји. Во годишниот извештај за човековите права во светот, Стејт департментот издвои четири земји поради сериозни повреди на човековите права, вклучувајќи ги ограничувањата на слободата на изразување […]

Стејт Департмент: Неказнивоста останува голем проблем во Македонија


Стејт департментот го објави извештајот за човековите права во кој за Република Македонија е нотирано дека најзначајни прашања се поврзани за извештаи за тортура од затворските чувари, мешање во приватноста, насилство врз новинари, недостиг на судска независност, корупција и насилство против лица од ЛГБТИ заедницата. – Владата презеде неколку чекори за истрага, гонење и казнување […]

Стејт департмент: САД ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО


Американскиот Стејт департмент дава безрезервна подршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ. На прашање од МИА како САД ги оценуваат напорите на новата македонска Влада за подлабоки реформи и демократизација на општеството, од Стејт департментот изјавија дека САД продолжуваат да […]

Стејт департмент: САД се загрижени поради ситуацијата во Африн


САД се „длабоко загрижени“ поради ситуацијата во претежно курдскиот град во Сирија, Африн, кој го напуштаат голем број луѓе, веројатно поради турската воена операција, соопшти денеска Стејт департментот. САД ги повикаа сите „релевантни актери активни во северозападниот дел на земјата, вклучувајќи ги и Турција, Русија и сирискиот режим да им овозможат пристап на меѓународните хуманитарни […]