САД ќе ни помагаат тендерите да ги добиваат американски компании


  САД ќе ни помагаат да добиеме транспарентни јавни набавки, но нив да ги добиваат американските компании – произлегува од најновиот извештај на Стејт департментот што  ја  објаснува политиката на администрацијата на Доналд Трамп пред членовите на Конгресот. Иако кај нас акцентот беше ставен на најавата дека САД нема да помагаат повеќе во градење на […]

Стејт департментот ги предупредил американските граѓани во Венецуела да се засолнат


 Стејт департментот на САД ги предупредил американските граѓани во Венецуела да се засолнат за време на нападите извршени разно изутрината. Во известување објавено на веб-страницата на Стејд депарментот се вели дека Амбасадата на САД во Богота, Колумбија, била „известена за експлозии во и околу Каракас, Венецуела“. САД претходно ги предупредија своите граѓани да не патуваат […]

Американските дипломати ја мразат својата работа под Трамп


  Моралот никогаш не бил понизок за американската флота странски амбасадори, благодарение на претседателот Доналд Трамп. Податоците од новиот извештај на Американското здружение за надворешни работи (АФСА) покажуваат дека шокантни 98 проценти од американските дипломати сметаат дека моралот на работното место драстично опаднал откако Трамп ја презеде функцијата во јануари. Од над 2.100 амбасадори анкетирани […]

Американски суд го запре отпуштањето на 250 вработени во Стејт департментот


Одлуката на Стејт департментот за отпуштање на околу 250 вработени вчера беше блокирана на суд, што претставува чекор назад за претседателот Доналд Трамп и неговиот план за масовно отпуштање на државни службеници. Судијката на Окружниот суд во Сан Франциско, Сузан Илстон, рече дека синдикатите на вработените како главен аргумент во тужбата навеле дека планираните кратења […]

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, но корупцијата е постојан предизвик


Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера во согласност со меѓународните стандарди, иако корупцијата е постојан предизвик. Големите странски компании што работат во Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) генерално пријавуваат позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владини претставници, се наведува во извештајот на американскиот Стејт […]

Има проблем со слободата на медиумите во Македонија: Извештај на Стејт департментот


  Во извештајот на Стејт департментот за состојбата на човековите права во 2024 во делот за Македонија се вели дека немало значајни промени во состојбата во текот на годината, но дека има проблеми со слободата на изразувањето и слободата на медиумите. „Значајните проблеми со човековите права вклучуваа веродостојни извештаи за сериозни ограничувања на слободата на […]

Рубио најави сеопфатна реорганизација на амерканскиот Стејт департмент – затвора 132 канцеларии


Стејт департментот е преобемен, бирократизиран и неспособен за вршење на својата основна дипломатска мисија во новата ера на конкуренција меѓу големите сили, и затоа ќе биде сеопфатно реорганизиран, соопшти денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој укажа дека надворешополитичкиот орган на САД прилично окрупнал изминатите 15 години. Иако трошоците нагло пораснале тоа не резултирало во […]

Њујорк Тајмс: Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство


Американскиот Стејт департмент подготвил планови за затворање на десетина конзулати до почетокот на летото, јави Њујорк Тајмс, повикувајќи се американски официјални претставници. Стејт департментот разгледува опции да затвори и дополнителен број мисии, пишува весникот.  Меѓу десетината конзулати што ќе бидат затворени, главно ќе бидат затворени оние во Западна Европа, според тројца официјални претставници запознаени со […]

Стејт департмент: Слободниот и независен печат е главен столб на демократијата


Соединетите Американски Држави посочија на важноста да се поддржи светската новинарска заедница, потенцирајќи дека „предолго време премногу новинари низ целиот свет се изложени на прогон поради нивната работа”. Од Стејт департментот синоќа излегоа со изјава по повод Меѓународниот ден за запирање на неказнивоста за злосторства против новинари. – Слободниот и независен печат е главен столб […]

Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите


 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 […]

Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија


Украина, како суверена држава, може да носи свои одлуки во врска со нападите врз цели во Русија со сопствено оружје, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, одговарајќи на прашање за можноста Украина да добие дозвола од САД за напади со американско оружје длабоко на територијата на Русија. -Пред сè, на Украина не и […]

САД нема да се двоумат да ја осигураат заштитата на американскиот персонал во Косово


 Заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, изјави дека САД „нема да се двоумат да направат се што е неопходно за да се обезбеди заштитата на американскиот персонал“ во Косово, пренесоа српските медиуми. Запрашан како ќе реагира Стејт департментот за да ги заштити животите на американските војници во КФОР од едностраните постапки, по најавата на […]

Стејт департментот ги внесе Русија и Белорусија во списокот држави спонзори на трговија со луѓе


Русија и Белорусија, покрај Северна Кореја, Туркменистан и Сирија, се најдоа во списокот од 13 држави чии власти ја финансираат трговијата со луѓе, се наведува во најновиот Извештај за трговија со луѓе во 2024 година. Извештајот беше претставен синоќа од државниот секретар Ентони Блинкен. -Дигиталните инструменти го засилија опфатот, големината и брзинта на трговијата со […]

Стејт департмент: Приштина да ја преиспита одлуката за укинување на српскиот динар


Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми. – Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, […]

Стејт департмент: Ја цениме можноста да се продолжи со работа со идната влада на Србија


Стејт департментот ги коментираше предвремените избори во Србија на кои според прелиминарните резултати убедлива победа извојува Српската народна пртија на претседателот Александар Вучиќ.  -САД ја ценат можноста да продолжат да работат со идната влада на Србија да се засили демократското владеење и владеењето на правото, да се изврши напредок во регионалната стабилност и да се […]

Стејт департмент: Русија ќе биде повикана на одговорност за судбината на Навални


Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со соопштение во кое се наведува дека меѓународната заедница ќе ја повика Русија на одговорност за тоа „што се случува“ со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој речиси три години е во затвор.  Адвокатите и соборците на Навални се немаат слушнато од него веќе десетина дена.  -Комунициравме со руската Влада […]

Стејт департмент: Не најдовме докази за израелски воени злосторства во Газа


 Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти дека досега не нашол докази за израелски воени злосторства во Газа. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, изјави дека во моментов нема докази за тврдењата на претставниците на Обединетите нации дека Израел извршил воени злосторства во војната против Хамас во Појасот Газа, јави „Тајмс оф Израел“. -Тоа се […]

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти


– Соединетите Американски Држави ги повикаа Косово и Србија итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград. -Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација, се наведува во […]

„Бунт“ во Стејт департментот поради политиката на Бајден кон Израел и Палестина


Пристапот на претседателот Џо Бајден кон тековното насилство во Израел и Палестина  поттикна тензии во американската владина агенција најинволвирана во надворешната политика: Стејт департментот. Официјални лица изјавија за HuffPost дека државниот секретар Антони Блинкен и неговите највисоки советници ја превидуваат широката внатрешна фрустрација. Некои вработени во одделот рекоа дека се чувствуваат како Блинкен и неговиот […]

Милер: Кинеското поттикнување граѓаните да се шпионираат едни со други предизвикува загриженост


Американскиот Стејт департмент ги критикуваше најавите на кинеското Министерство за државна безбедност заради усвојувањето на новите мерки во борбата против шпионажата, оценувајќи дека со тоа Пекинг поттикнува контрашпионажа меѓу граѓаните. -Поттикнувањето на граѓаните да се шпионираат едни со други предизвикува голема загриженост, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, откако кинеското министерство неделава претходно соопшти […]