Цените на мало лани пораснале за 3,2 отсто


Трошоците на живот во 2017 година  пораснале за 1,4, а цените на мало за 3,2 отсто во споредба со претходната 2016 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, трошоците на живот лани во декември се зголемиле за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, а цените на мало пораснале за 0,4 отсто. Пораст на […]

Намалени цените на производителите на иднустриски производи


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со минатиот месец продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите […]

Раст на индустриското во ноември од 4,1 отсто


Индустриското производство од јанури до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци индустриското производство во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 4,1 отсто. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2017 […]

Анализа: Грците најмногу пушат, а Литванците се први во пиење во ЕУ


Белгијците јадат најмногу, Французите најмногу време поминуваат на трпеза, Литванците најмногу пијат, а најмногу пушачи во ЕУ има меѓу Грците, покажа анализата на „Политико“. Во однос на храната, односно сметајќи колку калории дневно консумираат, први на листата се Белгијците со 3.793 калории, потоа Австријците со 3.784 и Ирците – 3.591. Франција и Германија се во […]

Во октомври 75,4 отсто од потрошената струја од домашни извори


Македонија во октомври годинава вкупно потрошила 564.378 мегават часови електрична енергија, 23.802 милиони нормални метри кубни природен гас, 407.265 тони јаглен и 86.884 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 75,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, додека 96,9 отсто од вкупната количина јаглен се употребени за производство на […]

Алармантни податоци: 600.000 возила нерегистрирани, осигурителните компании бараат Владата да реагира


Во текот на минатата година имало нерегистрирани 573.725 возила од кои на автомобилите отпаѓаат 407.089. На територија на градот Скопје, пак бројот на нерегестрирани возила изнесувал 201.737 од кои автомобили се 158.178, покажува статистиката на МВР. Осигурителните компании во Македонија преку Националното биро за осигурување најдоцна до почетокот на наредната година ќе предложат до Министерството […]

Половина од невработените во Македонија се млади


Продолжува континуираното намалување на невработеноста во државава. Државниот завод за статистика вчера објави дека стапката на невработеност во третиот квартал годинава паднала на историски најниски 22,1 отсто. Тоа е за 0,5 отсто помалку споредено со претходниот квартал. Заклучно со октомври во земјава биле невработени вкупно 211.363 лица, од кои најголем дел биле мажи. Гледано во […]

Македонската економија во третиот квартал порасна за 0,2%


Македонската економија за влакно не падна во рецесија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонската економија во третиот квартал годинава пораснала за минимални 0,2 отсто. По дефиниција една економија влегува во рецесија кога има пад на БДП во два последователни квартали. Во првиот квартал годинава македонската економија стагнираше односно економскиот раст беше нула. […]

Стапката на невработеност падна на 22,1%


Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1%, објави државниот завод за статистика. Ова е историски најниска стапка на невработеност во псоледните десет години. Според податоците на статистичарите во третиот квартал годинава во однос на второто тромесечие забележан е пад на невработеноста од 0,5%. Во апсолутни бројки податоците покажуваат дека на квартално ниво ново […]

Извозот во првите десет месеци со раст од 16,9 проценти


Вкупната вредност на размената со странство во 10-те месеци од годинава изнесува 10.903.802 илјади американски долари. Во првите десет месеци од годинава извозот е во вредност од 4.657.736 илјади американски долари, а увозот 6.246.066 илјади американски долари. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика извозот бележи раст од 16,9 проценти во однос на тој […]

Во третиот квартал слободни 7.568 работни места


Во третиот квартал од годинава во Република Македонија има 7.568 слободни работни места, а вкупниот број на пополнети работни места изнесува 491.191, објави Државниот завод за стастистика. Според статистичките податоци, стапката на слободни работни места изнесува 1,52 проценти. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна или […]

Драстичен пад на увозот на стари автомобили


Македонците помалку купуваат автомобили. Податоците на царинската управа на Македонија покажуваат драстичен пад на увозот на половни автомобили од почетокот на годината. Статистиката покажува дека од јануари до октомври годинава увезени се вкупно 18.256 половни автомобили, што е за околу 4.000 возила помалку споредено со истиот период минатата година. Во исто време импортерите на нови […]

Раст од 1,3% на индустриското производство во октомври


Индустриското производство во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година бележи раст од 1,3% објави Државниот завод за статистика. Според статистичарите гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 10,6%, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст […]

Скопскиот регион најбогат, а истокот најсиромашен


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, најголемо учество во бруто- домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 42,9%, додека најмало е учеството на Североисточниот регион со 5,2%. Во скопскиот регион БДП по глава на жител изнесува 6.290 евра по жител. Најмало , само 5 отсто има североисточниот регион. Гледано […]

Македонците повеќе летале со авион отколку што се возеле со воз


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 11,8%, во градско-приградскиот превоз е намален за 5,5%, во железничкиот превоз за 23.6%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен […]

Просечната нето-плата во септември изнесувала 23.229 денари


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2017 изнесува 34.127 денари, додека просечната нето-плата изнесува 23.229 денари, а во овој месец 1 отсто од вработените не зеле плата. Просечната плата, односно и нејзиниот бруто-износ и нето-износот биле поголеми за 4,6 отсто отколку во истиот месец во 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето […]

Во светот има 70,9 милиони невработени млади луѓе


Се проценува дека во светот има 70,9 милиони млади без работа, што е повеќе од 35 проценти од вкупниот број невработени во светот во 2017 година, стои во извештајот на Меѓународната организација за трудот (ИЛО), „Глобални трендови на вработување на младите 2017“. – Иако глобалната стапка на невработеност кај младите се стабилизирала на 13 отсто […]

Граѓаните помалку се возеле со градски превоз


Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8 […]

Зголемена работата на македонските градежници во Холандија


Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци од годинава, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност […]

Економската состојба во преработувачката индустрија поповолна, се очекуваат нови вработувања


Економската состојба на компаниите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември и во однос на октомври лани, а се очекува и зголемување на бројот на вработени во овој сектор. Државниот завод за статистика денеска објави дека поповолна е состојбата со обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември, […]