Албанските семејства загубиле 430 милиони евра од пандемијата


Пандемската 2020 година беше најтешката во историјата на албанската транзиција по кризата со пирамидалните штедилници во 1997 година, оценува весникот „Монитор“. „Со месеци економската активност беше парализирана, многу поединци останаа без работа, бизнисите ја намалија активноста, додека многу луѓе се соочија со високи трошоци за лекување и за жал загубата на животи беше висока“, стои […]

Во 2021 активно население 943.004 лица, невработеноста 15,7 отсто


Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943.004 лица, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56,0 отсто, стапката на вработеност 47,2, додека стапката на невработеност изнесува 15,7 отсто. Според […]

Во четвртиот квартал лани стапката на невработеност 15,2 отсто


Во четвртото тримесечие од 2021 година вкупниот број на активно население во земјава изнесува 937.482 лица, од кои 795.276 се вработени, а 142.206 се невработени лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 55,7 отсто, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,2 отсто.

Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија


Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2021 година е намален за 0,1 процентен поен во однос на ноември 2021 година и изнесува 14,4, а во споредба со декември 2020 година е зголемен за 0,7 процентни поени. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2021, […]

Нови 119 случаи на Ковид-19, 257 оздравени и тројца починати


Нови 119 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.324 тестирања, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица. Од новозаразените 119 случаи, 87 се од Скопје, седум од Битола, шест од Кавадарци, Куманово – четири, Прилеп – три, Свети Николе […]

Нови 266 случаи на коронавирус, вкупно починаа 15 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани […]

Македонците најдолго остануваат да живеат со родителите


Младите во Европската унија во просек го напуштаат родителскиот дом во 26. година, а кај „тато и мама“ најдолго остануваат Македонците, Србите, Хрватите, како и Италијанците и Словаците, кои се одвојуваат од родителите дури откако ќе зачекорат во четвртата деценија, покажа истражувањето на Евростат. Официјалната статистика на европското статистичко биро, кое преку бројки го осликува […]

ДЗС: Собранието ќе реши кои прашања ќе ги има во Пописот 2020


Крајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието на Република Македонија со донeсување на Законот за попис 2020, истакнуваат од Државниот завод за статистика отфрлајќи ги како шпекулации сите тврдења дека следниот попис на население ќе биде без прашањето за […]

Расте бројот на склучени, но и разведени бракови во Македонија


Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 отсто и изнесува 13.781 склучен брак. Најмногу бракови, 1. 771 или 12.9 […]

Ќе остане ли повторно енигма бројот на Албанците?


Горливата тема за пописот во Македонија повторно се актуелизира откако деновиве Државниот завод за статистика и странски експерти излегоа со предлози како тој се спроведе во 2020/2021 година, согласно препораките на Обединетите нации. Она што предизвика најголем интерес е предлогот на Државниот завод за статистика да се исклучат прашањата во пописниот материјал за етничката и […]

Зголемен бројот на туристи за 15 отсто


За 15 отсто е зголемен бројот на туристи во периодот јануари – август 2018 во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемен е и  бројот на ноќевањата, за 16,1 процент. – Бројот на домашните туристи е зголемување за 14,5, а кај странските за 15,3 отсто, додека бројот на ноќевањата кај домашните туристи пораснал […]

Професорите разочарани: Има ли крај на лажните дипломи?


Вкупно 136 граѓани употребиле лажен документ за 102 кривични дела од јануари лани до април оваа година. Дел од  нив искористиле лажни дипломи  со цел  да се стекнат со подобра позиција на работното место, ама и за повисока материјална корист. Неодамна за еден ваков случај  информираше и  Министерството  за внатрешни работи со наслов  „Инспектор со […]

Преполовен бројот на заболени од грип


Бројот на заболени од грип се намалува. Во текот на изминатата недела во државава се регистрирани 693 заболени од грип, што е намалување за 47 отсто во споредба со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.304 заболени од грип. Во однос на 12-та недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на […]

Проечната плата во декември 23.850 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016-та, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите: Други услужни дејности (9,8%), Преработувачка индустрија (9,3%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9%). […]

Извозот лани забележал раст од 18,5 отсто


Вредноста на извезените стоки од Македонија минатата година изнесува 5.671.466 илјади американски долари и бележи пораст од 18,5 проценти во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 7.719.852 илјади американски долари, што е за 14,2 отсто повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, […]

Македонија произведува доволно храна, а на увоз троши над 700 милиони евра годишно


Македонија има капацитет да го прехрани сопственото население. Произведува доволно компир, кромид, грав, ориз, пипер, домат, краставица, зелка, лук, грозје, јаболка, праска, слива, тиква, лубеница, свежо месо, млеко,…, се, освен пченица и јужно овошје: банани, лимони, портокали,…, а на увоз троши над 700 милиони евра годишно. Земјоделците велат дека не е проблем тоа што Македонија […]

Хрватска, Летонија и Словенија со најголем скок на туристички ноќевања во ЕУ за 2017 година


Хрватска заедно со Летонија и Словенија забележа најголем скок на бројот на туристички ноќевања меѓу земјите од ЕУ во 2017 година, покажуваат податоци на Европската агенција за статистика. Минатата година во 28 земји од ЕУ регистрирани се вкупно малку повеќе од 3,2 милијарди туристички ноќевања, што е за 5,1 отсто повеќе од една година претходно, […]

Просечната плата во ноември 23.196 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември минатата година изнесувала 23.196 денари, и е повисока за 3,6 проценти споредено со ноември 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: преработувачка индустрија за 8,9 проценти, објекти за сместување […]

Преработувачките капацитети во декември биле искористени со над 60 отсто


Просечното искористување на капацитетите на компаниите во преработувачката индустрија во декември е 66,3 проценти од нормалното искористување, објави Државниот завод за статистика. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,4 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,6 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 19,4 проценти и неизвесното економско опкружување […]

Чешка со најмала невработеност во ЕУ од 2,5 отсто, грција рекордер со 20,5 отсто


Стапката на невработеност во Европската унија и Еврозоната во ноември 2017 година дополнително е намалена, се вели во вчера објавениот извештај на Евростат. Сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ, утврдена по методологија на Меѓународната организација на трудот, во ноември се намали за 0,1 процент, на 7,3 отсто, што е најниско ниво […]