Редици за бензин и во Србија, и таму обвинуваат за лажен недостиг


Колони автомобили пред повеќе бензинскки пумпи во Србија се формирале доцна попладнето во четвртокот поради паниката предизвикана од веста дека некои нафтени компании се обиделе да направат лажен недостиг со ограничување на продажбата на одредени видови гориво, пишува белградски „Блиц“. „Колоните почнаа нагло да се формираат. Претпоставуваме дека е поради паника“, изјавил еден од работниците […]

„Рио Тинто“ подготвува тужба против Србија


Глобалниот рударски гигант „Рио Тинто“ минатата година оствари рекорден профит поради зголемените цени на суровините. Во својот годишен извештај, компанијата рече дека ги „истражува сите опции“ и „ја разгледува правната основа“ на одлуката на српската влада да го суспендира својот проект за литиум и борати во областа Јадар. Изјавата предизвика загриженост дека компанијата би можела […]

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви. Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат […]

Вучиќ: Во светот сега има мало разбирање за позицијата на Србија


  Кризата поради војната во Украина драматично ја погодува Србија и ништо не е исто како пред пет дена, не се во прашање принципите и односот на Србија, туку околностите кои нѐ доведоа до оваа ситуација, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во јавно обраќање и како најважно најави дека се можни измени на Резолуцијата 1244 […]

Вучиќ: Србија го подржува територијалниот интегритет на Украина, но не воведува санкции против Русија


Српскиот претседател Александар Вучиќ по седница на Советот за национална безбедност, вечерва изјави дека Србија е посветена на почитување на меѓународното право кое го гарантира правото на неповредливост на границите на Украина, дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на било која земја, вклучително и Украина, и додаде дека Србија нема да воведе […]

Вучиќ на тешки маки – дали Србија да се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во комплицирана ситуација – не само поради санкциите на ЕУ за Русија, туку и дали ќе поддржи сецесија на двата региони од Украина. Токму спротивното од она што го тврди српската официјална политика за Косово. Вучиќ изјави дека во следните 48 часа ќе излезе со целосен одговор за […]

Србија ја доби првата фирма во која ќе се работи четири дена во неделата


Во време кога Белгија сериозно се подготвува за воведување на четиридневна работна недела, Србија официјално ја доби првата компанија која работи четири дена во неделата. По пробниот период кој траеше цели пет месеци, компанијата ManpowerGroup, која работи и во Србија, вчера официјално објави дека во иднина вработените ќе работат четири дена во неделата. Петти ден […]

Србија ја снабдувала хунтата во Мјанмар со ракети и после државниот удар


  Експерт на ОН за човекови права објави извештај во кој именува три земји како добавувачи на оружје за воената хунта во Мјанмар, иако има „целосно знаење“ за нападите врз цивили. Членовите на Советот за безбедност на ОН, Кина и Русија, како и Србија ѝ обезбедуваат на хунтата во Мјанмар борбени авиони кои се користат […]

Кризата во Украина нема да го загрози снабдувањето со гас на Србија


Србија поради украинската криза не би требало да има проблеми со увозот на неопходните количини природен гас од Русија, оценија денес генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ и претседателот на Собранието на Здружението за гас на Србија, Воислав Вулетиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. -Србија не треба да биде загрозена во однос на увезените […]

Путин го испраќа својот врвен советник на Балканот


БЕЛГРАД – Со сите очи вперени кон можна руска инвазија на Украина, рускиот претседател Владимир Путин, според извештаите, го испраќа својот висок безбедносен пратеник на Балканот, каде што Москва се обидува да одржи влијание главно преку својот сојузник Србија. Српските провладини медиуми во понеделникот објавија дека Николај Патрушев, моќниот секретар на Советот за безбедност на […]

Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин


Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград. Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска […]

На Србија и недостигаат 5.000 здравствени работници и 10.000 возачи


На Србија и недостигаат околу 5.000 здравствени работници и 10.000 професионални возачи. – Анестезиолози, невролози, педијатри, офталмолози се само дел од специјалистите кои недостигаат во здравствените установи во Србија, а нивниот број дополнително е „преполовен“ поради пандемијата на коронавирус, пишува порталот Нова рс. Според анализата на Фискалниот совет од 2021 година, Србија има дефицит од […]

Дачиќ ги распиша локалните избори во Србија за 3 април


 Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ ги распиша локалните избори за 3 април оваа година. Во Собранието на Србија, Дачиќ го потпиша Решението за распишување избори за советници на градските собранија и општинските собранија во Србија, јави Бета. Избори за градски собранија ќе се одржат во Белград и Бор, а за општински собранија во […]

Додик: Србите имаат две држави, Република Српска и Србија


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска во Орашац изјави дека Денот на државноста на Србија, во Република Српска се доживува како заеднички празник, јави Радио телевизија Република Српска (РТРС). Дел од босанските медиуми веднаш реагираа на изјавата на Додик, оценувајќи дека тој продолжува со сепаратистичката реторика. – Во Република Српска го одбележуваме […]

Српското МНР им препорача на своите граѓани да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на Украина


Срспкото Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните на Република Србија кои моментално престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението, МНР им препорачува на граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во Украина […]

На српските телевизии нема ни секунда негативно известување за Русија и Кина за разлика од САД


Бирото за социјални истражувања (БИРОДИ) денеска соопшти дека од декември 2020 година до крајот на ноември 2021 година, во централните дневни вести на националните телевизии: РТС, Пинк, Прва, Хепи, Б92, не се известува негативно за властите на Кина и на Русија и нивните дипломатски претставници во Србија, за разлика од САД, јави дописникот на МИА […]

Србија ја ограничи цената на горивата, ќе вработи 1.000 дипломирани медицински лица


Владата на Србија усвои Уредба со која пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати […]

Во Србија стигна „стелт“ подвидот на омикрон сојот


Во Србија во понеделникот е потврден првиот случај на корона вирусот „стелт омикрон“, подвид на омикрон варијантата на корона вирусот SARS-CoV-3. Присуството на стелт омикрон кај два примерока на пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на Медицинскиот факултет. Присуството на оваа подваријанта, како што се наведува, е присутна во повеќе од […]

Во Србија пристигна „Паксловид“, најсовремен лек против Ковид-19 одобрен од ЕМА


Србија – Во Србија пристигна „Паксловид“„ (Paxlovid), најсовремениот лек против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Србија е првата земја во континентална Европа која го доби овој лек (во Европа доставен уште во Велика Британија), десет дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) ја одобри употребата и […]

Анкета во Србија: Граѓаните веруваат во лидер со „цврста рака“


  Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) спроведе истражување за тоа што мислат српските граѓани за состојбата на демократијата во Србија, колку им веруваат на институциите и дали се подготвени да се приклучат на активистичка иницијатива. Резултатите би можеле да се сведат на една реченица – во Србија нема демократија, а не е ни пожелнa. […]