Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија


Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. – Владата на Република Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Северна Македонија врз основа […]

Партијата на Вучиќ предлага нови парламентарни избори наесен


  По изборите во Србија на прв поглед се чини дека сѐ е под контрола во Срспката напредна партија (СНС), но не е, велат извори за весникот „Данас“. Александар Вучиќ триумфално победи на првиот круг од претседателските избори, а СНС освои далеку најмногу пратеници, но не и мнозинство во собранието (им недостигаат шест места). Потпретседателот […]

Официјални резултати од парламентарани избори во Србија – СНС 120 пратеници, Обединета Србија 38 мандати, СПС 32


Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излезноста на изборите според тој примерок е 58,65 отсто од запишаните избирачи, јави дописникот на МИА од Белград. Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите […]

Избори во Србија: Членови на избирачки одбор си размениле шлаканици


  Од вкупно 8.267 избирачки места во Србија, сите се отворени утрово, освен бројот 77 во Нови Пазар, каде се случи инцидент. Како што пишува „Блиц“ таму дошло до тепачка меѓу членовите на комисијата. Според Локалниот фронт, здружение кое е еден од набљудувачите на изборите во Нови Пазар, дошло до конфликт меѓу членовите на комисијата […]

Во Србија се одржуваат претседателски, парламентарни и избори за градот Белград и 11 градови


  Од седум до 20 часот денеска 6.501.689 запишани гласачи го избираат претседателot на Србија на пет години, пратеници во српскиот Парламент на четири години, советници во градското собрание на Белград и на уште 11 градови и општини низ земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Ќе се гласа на 8.267 избирачки места, но првпат […]

Србија утре гласа на редовните претседателски, вонредните парламентарни и локални избори за Белград


Србија– Граѓаните на Србија утре на изборите ќе одлучат дали Александар Вучиќ вторпат ќе го добие претседателски мандат, со колкав број на претеници ќе влезе опозицијата во Собранието и дали ќе успее да победи во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Утре од седум до 20 часот, 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места […]

Експлозија во рудник во Србија, затрупани се рудари, има мртви


  Во рудникот „Соко“ крај Сокобања во Србија се урна дел од јама и рударите останаа заробени. Медиумите наведуваат дека има загинати и повредени. Засега не е официјално соопштено колку рудари се повредени и загинати. „Новости“ објавија дека настрадале осум рудари, а дека 58 се спасени. До експлозијата дошло во раните утрински часови. Во Итната […]

Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ најави прекин на испораките на нафта за НИС, реакција од Србија


Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) најави дека во санкциите воведени кон Русија е вклучен и договорот за транспорт на сурова нафта склучен со Нафтената индустрија на Србија, со што најави прекин на испораките на нафта за Нафтената индустрија на Србија (НИС), јави дописникот на МИА од Белград. Доколку тоа се случи, рафинеријата во Панчево нема да може […]

Во Србија од корона вирус починаа уште 10 пациенти, 1.949 новозаболени


Во последните 24 часа во Србија на корона вирус се тестирани 14962 граѓани, од нив позитивен тест имале 1949 лица. Од последици предизвикани од вирусот корона починале 10 граѓани. Во болниците низ Србија во моментов на респиратор се вклучени 42 пациенти

Ќе има доволно пченица, пченка и брашно, Србија ја крева „рампата“ за Северна Македонија


Граѓаните да бидат спокојни, ќе има доволно количини пченица, пченка, брашно и масло за јадење, порача вчера од Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски. Тој имаше работна средба со српскиот вицепремиер и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ на која, како што соопшти, е договорено во следните 7 – 10 дена да се […]

Брзиот воз Белград – Нови Сад пуштен во употреба, Вучиќ и Орбан меѓу првите патници


Двокатна железничка композиција со четири вагони ја помина денес делницата од Белград до Нови Сад по новата брза пруга што денеска беше промовирана, за нешто повеќе од половина час, јавија медиумите во Србија. Кога целосно ќе биде завршен овој важен инфраструктурен проект од Белград до главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе се патува за два […]

ЕК: Втор повик за финансирање проекти за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија


Европската комисија објави втор повик до граѓанските организации на територијата на Србија, да поднесат предлог проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија за 2016-2020 година, јави дописникот на МИА од Белград. Областите на поддршка вклучуваат конкурентност (МСП, истражување и развој, ИКТ, туризам, деловна инфраструктура, индустрија и трговија), туризам, животна […]

ЕК од Србија очекува постепено усогласување со надворешната политика на ЕУ


Европската комисија денеска порача дека Србија треба постепено да се усогласи со одлуките на ЕУ во областа на надворешната политика, вклучително и Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Србија засега иако ја поддржа резолуцијата иницирана од ЕУ во Обединетите Нации за осуда на руската инвазија на Украина, одбива да изрече санкции против Русија како […]

Србија со летовите за Москва заработува на крв, велат украинските власти


Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник Гардијан пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа, јави дописникот на МИА од Белград. Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата „Ер Србија“ го удвоила бројот на […]

Србија ги укина ковид пропусниците, маските во затворен простор само препорака


Српскиот Кризени штаб за борба против коронавирусот донесе одлука за укинување на Ковид пропусниците од сабота, соопшти министерката за труд и социјлани прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Ковид пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната […]

Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија нема да важи за Македонија, вели Николовски


Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава. Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Николовски на прес-конференција во Владата, откако премиерот Димитар Ковачевски ги соопшти новите мерки за заштита на […]

Во Србија нема да поскапат струјата, греењето и гасот, остануваат ограничувањата на цената на горивата


Српската вицепремиерка и министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека во Србија има доволно енергенти и дека нема да се зголемат цените на струјата, топлинската енергија и гасот, дека ќе останат одредени ограничувања на цената на нафтените деривати и дека ќе се направи подобра рамнотежа меѓу цените на големо и мало, јави дописникот на МИА […]

Во Белград се протестира и против војната во Украина и против НАТО


Србија -Во центарот на Белград, на Кнез Михајлова, се одржува протест на женската мировна организација со феминистичко-антимилитаристичка ориентација „Жените во црно“ против војната во Украина, а протест одржуваат и припадниците на НКОЈ со анти-НАТО пораки, кои полицијата ги раздвои, јави дописникот на МИА од Белград. Жените во црно, околу 20-тина активисти носејќи голем транспарент на кој […]

Амбасадата на Србија евакуирана од Украина


Србија – Србија привремено ја затвори својата амбасада во Киев и својата активност ќе продолжи да ја обавува од Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – Амбасадата на Република Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на нашиот персонал, а персоналот на тоа дипломатско-конзуларно претставништво ќе продолжи да работи од Белград […]