Петтина најбогати во Србија заработуваат 5,5 пати повеќе од 20 отсто најсиромашни, според државниот Завод за статистика


о 2025 година, стапката на ризик од сиромаштија во Србија изнесуваше 19,6 отсто, и во споредба со 2024 година е пониска за 0,1 процентен поен. Стапката на ризик од сиромаштија или социјална исклученост изнесува 23,2 отсто, и во споредба со 2024 година е пониска за 1,1 процентен поен, наведено е во податоците од извештајот на […]

Вклучен алармот и во Србија: Снегот продолжува да паѓа со зголемен интензитет


Снежните врнежи, кои започнаа во текот на ноќта, ги зафатија повисоките подрачја на општина Ивањица, каде што снегот продолжува да паѓа со зголемен интензитет, и иако условите на терен се тешки, сообраќајот во моментов се одвива без поголеми прекини и сите патни правци се проодни. Според податоците од надлежните служби за одржување на патиштата, најмногу […]

Во Србија приведен македонски возач на камион кој усмртил пешак кај Грделица, па избегал


Државјанин на Северна Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац. Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето […]

Србија успеа да обезбеди одложување на американските санкции против НИС


Министерството за финансии на САД го продолжи одложувањето на санкциите врз руската Нафтна индустрија на Србија (НИС) до 17 април, давајќи ѝ на Србија дополнително време за увоз на нафта во услови на американско-израелската војна против Иран, изјави министерката за енергетика на Србија. „Продолжувањето на лиценцата за речиси еден месец е особено важно сега кога […]

Србија во јуни ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти


Во јуни оваа година, Србија ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти и тоа ќе биде првпат најважниот настан во економската професија да се организира во регионот на Централна и Источна Европа. Тоа денеска го изјави претседателот на Здружението на економисти на Србија, Александар Влаховиќ. „Очекуваме доаѓање на повеќе од 1.000 од најважните […]

Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија


  Можеби колегите претседатели на Гордана Сиљановска-Давкова од регионот имале чувство за хумор кога наводно зборувале за македонскиот владин авион или пак самата претседателка посака, како што сама кажа денеска, да ги насмее новинарите. Сиљановска денеска изнесе неколку неточни податоци за владиниот авион „Лирџет 60“ во дебатата за тоа дали треба да се купи нов […]

Ѓедовиќ Хандановиќ: Побаравме пари за првата фаза од нуклеарната програма на Србија


„Со укинување на законот што забрануваше изградба на нуклеарни централи, отворивме врата за разгледување на нуклеарната енергија како потенцијален извор на базна енергија во процесот на декарбонизација, а моментално сме во првата фаза од развојот на нуклеарната програма“, изјави денеска српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа додаде дека на почетокот на […]

Овошјето во Србија лани поскапело за 68,2 проценти


Најголемо влијание врз растот на цените во Србија во групата земјоделски и рибни производи минатата година имаше зголемувањето на цената на овошјето за 68,2 проценти и житарките за 12,3 проценти, објави денес Републичкиот завод за статистика. Цените на земјоделските и рибните производи се зголемија за 10,7 проценти во просек минатата година. Во декември 2025 година, […]

Во Нови Сад претставена Стратегијата на Македонскиот национален совет во Србија за периодот 2026-2031 година


Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија синоќа во Нови Сад ја претстави Стратегијата за работа за периодот 2026 – 2031 година – план  за работа за унапредување на културата, образованието, службената употреба на македонскиот јазик и писмо, како и информирање и медиумска видливост. Во исто време таа дава насоки и за зголемена институционална […]

Производителите на млеко во Србија најавија протест и блокада на Ибарска магистрала


Стотици производители на млеко од централна Србија, незадоволни од цената, откупот и неконтролираниот увоз на млеко, денеска со трактори ќе ги блокираат делови од Ибарска магистрала  Тие исто така планираа да истурат стотици литри млеко, со барање државата да воведе прелевмани (заштитни такси) со цел да се намали увозот на млеко и млечни производи и […]

МВР на Србија до недела ќе врши засилена сообраќајна контрола на камионите и на автобусите


Од денеска до недела српското МВР ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси. Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во […]

Во 2025 година ЕБОР инвестирала повеќе од 800 милиони евра во Србија


Европската инвестициска банка (ЕБОР) соопшти дека инвестирала повеќе од 800 милиони евра во разни проекти во Србија во 2025 година, во рекордни 42 проекта при што 84 отсто од вкупните инвестиции биле насочени кон приватниот сектор, со посебен фокус на зајакнување на отпорноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП). Во текот на 2025 […]

Како пет тона марихуна ја поминаа границата? Што правела царината?


  Македонија или Албанија? Такви беа нагаѓањата на српските истражни органи околу потеклото на петте тони марихуана запленети во селото Коњух кај Крушевац. Од вчера попладне српските власти се сигурни дека дрогата дошла од Македонија. И спакувана во картонски кутии ја преминала границата. Прашањето е дали со помош или не на некој од царината, и […]

Јануари во Србија: Назадување во три дела


  Крајот на јануари 2026 година, во својата последна недела, беше обележан со два важни дела од актуелната политичка сложувалка од назадувањето на Србија. По итна процедура во српскиот парламент, беше усвоен сет закони, а би се рекло уште поитно потпишан од претседателот, сет закони со кои српската влада „во име и во интерес на […]

Превозниците од Србија ги прекинуваат блокадите на товарните терминали на граничните премини


Превозниците од Србија се согласија денеска да ги прекинат блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини. Засега немаат информации дали и нивните колеги од Босна и Херцеговина ќе ги прекинат блокадите. Протестот на превозниците на товарни возила и блокадите на граничните премини започна пред пет дена поради заострената постапка за влез во шенген-зоната. Одлуката за […]

Марта Кос ги осуди брзите измени во правосудните закони во Србија


Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата. – Овие амандмани беа усвоени на многу брз […]

Најбогатите 10 отсто во Србија поседуваат речиси 60 проценти од богатството


Околу 10 проценти од најбогатите во Србија поседуваат речиси 60 проценти од богатството, додека половина од населението поседува помалку од пет проценти.  Ако се претворат тие бројки во пари – најбогатите 0,001 процент (50 лица) во Србија поседуваат просечно повеќе од 136 милиони евра, додека просечното богатство на посиромашната половина (околу 2,75 милиони возрасни) е […]

За 14 години во Србија речиси 580.000 повеќе починати отколку родени


Од јануари до декември 2025 година, во Србија е регистрирано намалување на живородените деца – 58.445, што е за 1.866 помалку, или 3,1 процент, во споредба со истиот период претходната година, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Од 2012 до крајот на 2025 година, поради негативен природен прираст, Србија изгуби 579.953 жители. Според податоците на […]

Во Србија камионџиите блокираат 15 гранични премини


Како дел од протестите на возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, напладне ќе бидат блокирани 15 гранични премини во Србија – Батровци, Шид, Нештин, Бачка Паланка, Богоево, Бездан, Бачки Брег, Келебија, Хоргош, Српска Црња, Ватин, Ѓердап, Градина и Прешево. Камионџиите ги блокираат граничните премини за товар кон земјите од Шенген […]

Србија европски првак во ватерполо


 Српската ватерполо репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, откако вечерва во Белград, ја победи во финалето Унгарија со 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1). Првите две четвртини беа израмнети и на полувреме резултатот беше нерешен 5:5, а на почетокот на третата четвртина, Србија прва дојде до предност од два гола, кога Василије Мартиновиќ беше […]