Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер


Директорот на српската полиција Драган Васељевиќ денеска потврди дека полициски хеликоптер се урнал за време на тренинг лет и дека двајцата пилоти се на домашно лекување. Индицентот според српски медиуми се случил во вторникот при слетување на хеликоптерот. Претседателот на Партијата Србија цента (СРЦЕ) Здравко Понош денеска на седница на Парламентарниот комитет за одбрана и […]

Кинеските инвестиции во Србија „тежат“ речиси 8 милијарди евра преку 37 компании


Кинеските компании инвестирале околу 7,8 милијарди евра во Србија преку 37 компании кои заедно вработуваат повеќе од 38.275 работници, покажува преглед на кинеските инвестиции во домашната економија. Во текот на последните три години, бројот на вработени во кинеските компании во Србија се зголемил за 45 проценти. Кинескиот капитал е присутен во речиси сите клучни индустриски […]

„Силициумска Шумадија“: Искуството во Србија со датацентрите


Фармите за податоци или центрите за податоци стануваат неизбежни во дигиталниот свет. Истото важи и за Србија, каде што има 13 центри за податоци. Покрај потребата од нив, центрите за податоци се придружени и со проблеми, имено огромна потрошувачка на електрична енергија, емисија на топлина и големи количини вода потребни за ладење, пишува Н1. Неодамна, […]

Се намалува интересот за студирање во Србија, се зголемува и школарината


Интересот на студенти за запишување на универзитетите во Србија во изминатите години бележи пад, па поради тоа Универзитетот во Белград планира да запише 595 бруцоши помалку од лани во следната студенстка година, додека некои други универзитети исто така бележат пад на интересот за студирање. За следната учебна година од седум факултети на Белградскиот универзитет најавија […]

Студентите во блокада во Србија организираат протест во Белград


Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентите најавија дека собирањето ќе започне во 13:00 часот на четири локации во […]

Истражување: Речиси една четвртина од германските компании не би инвестирале повторно во Србија


Дваесет и три отсто од околу 900 компании со германски капитал што работат во Србија, и кои вработуваат околу 80.000 луѓе велат дека повеќе не би инвестирале во Србија, и тој процент е двојно повеќе од лани. Тоа се наведува во резултатите од истражувањето на Германско-српската стопанска комора за условите за работење во 2026 година. […]

Народна банка: Отсега плаќања во евра од и кон Србија во рамки на СЕПА


Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на РСМ, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури […]

Невреме ја парализира Србија: Пороен дожд и силен ветер носат сè пред себе (видео)


Србија попладнево ја погоди силно невреме. Во Белград врне пороен дожд и се слушаат силни грмотевици, објавија српските медиуми.           View this post on Instagram                       A post shared by 192.RS (@192_rs)   И Сурчин е погоден од силно невреме, каде […]

Србија од утре влегува во СЕПА шемата на единствената област за плаќања во евра


Од утре во Србија ќе бидат овозможени плаќања во рамките на шемата СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) со што ќе се намали сегашната провизија за парични трансакции кон и од Европската Унија. Членството во СЕПА им овозможува и на испраќачот и на примачот на пари да имаат пониски трошоци и побрзо извршување на […]

Србија купува рекордна количина злато од кинеска компанија


Народната банка на Србија (НБС) минатата година купи рекордни 4,3 тони злато од кинеската компанија „Србија Зиџин Копер“. Станува збор за 344 прачки, секое со тежина од нешто повеќе од 12 килограми, што значи дека целото производство на злато од рудникот во Бор минатата година е продадено на еден купувач, пишува „Форбс Словенија“. Кинеско преземање […]

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија


Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, […]

Српските автопати како руски рулет: Дали возењето во спротивна насока е ТикТок предизвик или фатална грешка?


Заминаа за Словенија преку апликација за транспорт, а во близина на Рума отидоа во смрт. Црн понеделник на новиот автопат Шабац-Рума. Во страшен директен судар што се случи вчера околу 13 часот, четири лица го загубија животот, додека лекарите од белградскиот Итен центар се борат за животот на младиот В.М. (22). Билансот на несреќата е […]

Вучиќ најави враќање на воената служба од 1 март следната година: „Касарните ќе бидат како нови фабрики“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е реално обврската за служење воена служба да се обнови до 1 март следната година и оцени дека по тоа „земјата ќе биде многу посилна“. Вучиќ рече дека воената служба ќе трае 75 дена и дека е „детска игра“ во споредба со 365 дена колку што беше […]

Академски пленум: Министерот за образование на Србија го зголемува притисокот врз факултетите со испраќање инспекции


Со најавите за инспекција на сите факултети, министерот за образование на Србија, Дејан Вук Станковиќ „само сака да изврши дополнителен притисок и да ги заплаши деканите, кои не се извршители на владини наредби“, објави неформалната мрежа Академски пленум. Во соопштението, тие оценија дека со најавата за инспекција на 250 високообразовни институции во државата, министерот за […]

Српскиот БДП порасна за 1,9 проценти на годишно ниво во првите два месеци од годинава


Во првите два месеци од 2026 година, реалниот бруто домашен производ (БДП) на Србија порасна за околу 1,9 проценти на годишно ниво, што е за 0,9 проценти подобар резултат во споредба со истиот период минатата година. Од производствена страна, клучен извор на раст беа секторите: други услуги, градежништво и нето даноци, додека негативен придонес дојде […]

Жена се породи на паркинг на бензинска пумпа во Србија


Жена се породи во четврток во 18:25 часот на паркингот на бензинска пумпа во Мали Пожаревац, потврди НИС. Необичното породување се случи во четврток попладне на бензинска пумпа на Гаспром. НИС потврди дека и мајката и бебето се добро. Брза помош пристигна на местото на настанот кратко време по породувањето. Сличен случај имаше и пред […]

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ


Србија може да загуби до 1,5 милијарди евра од фондовите на Европската Унија, бидејќи Европската комисија размислува за суспендирање на финансирањето поради пад на демократијата и блиските врски на Белград со Русија, пишува Политико. Иако не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, Србија има право на средства и […]

Србија и Израел отвораат заедничка фабрика во близина на Белград: Ќе произведуваат два вида дронови


Израелскиот весник „Хаарец“ пишува дека фабриката за производство на дронови што Александар Вучиќ ја најави пред неколку недели всушност ќе биде заеднички проект меѓу Израел и Србија. Фабриката ќе биде во заедничка сопственост на „Елбит Системс“ и главниот државен производител на оружје во Србија, СДПР. „Елбит Системс“ и СДПР планираат да произведуваат два вида дронови […]

Србија би можела да го ограничи извозот на храна


Србија би можела да го ограничи извозот на храна доколку глобалната криза продолжи, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Според Вучиќ, евентуалното ограничување на извозот нема да биде проблем за домашните земјоделци, бидејќи државата ќе го плати тоа. „Додека продолжува неодговорното однесување и ако видиме дека работите одат лошо во глобалните синџири на снабдување, ќе иницирам […]

Во Србија поскапеа горивата. Ова се новите цени


Во Србија, од денеска горивата имаат нови повисоки цени. Почнувајќи од 15 часот на пумпите во Србија, литар евродизел ќе чини 214 динари (околу 112 денари), а бензинот 189 динари (околу 99 денари). Новите цени на горивата ќе важат до следниот петок, 10 април. Во споредба со минатата недела, двата деривати се поскапи за еден […]