Пукање во Србија. Едно лице загина, неколкумина повредени, напаѓачот во бегство


Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, во кафеана дошло до тепачка помеѓу неколку лица, по што дошло до пукање во кое неколку лица се повредени, пренесе Индекс.хр. Се уште не се знае кој учествувал во пресметката, но едно лице е убиено, а други се повредени, додека напаѓачот е […]

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат


 Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а списокот на потписници постојано се дополнува. „Почитувани граѓани и граѓанки на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат универзитетските професори […]

Во Србија граѓанска акција „29 минути за 29 жртви“


 Граѓаните на Србија и денеска им одадоа почит на загинатите во Нови Сад, но и на убиените во Ариље и Цетиње. Акцијата, која се одржа Белград, Нови Сад, Краљево, Ниш, Александровац, Зрењанин и други градови, траеше 29 минути – за 29 жртви. Во Нови Сад маж со автомобил БМВ се обидел да ја пробие блокадата. […]

Остро обраќање на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас до амбасадорот Кристофер Хил


  „Сто илјади луѓе се собраа на протест во Белград пред десет дена на покана на студентите, а неколку десетици илјади присуствуваа на дочекот на Новата година, единствена во историјата на светот. Дочек во тишина. Тие што се иднината на Србија со недели ги блокираат своите факултети, иако власта ги обвинува дека се под влијание […]

Хаарец: Србија купува оружје од Израел за 335 милиони долари


Србија ќе купи напредни артилериски системи и беспилотни летала од израелската компанија Елбит системс во голема зделка вредна 335 милиони долари, јавува денеска израелски Хаарец. Србија е на врвот на трката во вооружување со нејзиниот балкански сосед Хрватска – која припаѓа и на НАТО и на Европската унија, а српскиот претседател Александар Вучиќ се пофали […]

Некои градови во Србија ги откажаа новогодишните прослави на плоштадите поради трагедијата во Нови Сад


Голем број градови и општини во Србија оваа година решија да ги откажат новогодишните прослави на јавните плоштади како знак на почит кон жртвите од трагичниот настан во Нови Сад, кој се случи на 1 ноември. Тогаш, по уривање на покрив на железничката станица, животот го загубија 15 лица, а две беа тешко повредени, пишува […]

Бунтот во Србија е сѐ поголем, а рејтингот на Вучиќ не паѓа. Зошто?


  И покрај речиси секојдневните масовни протести, блокади на институции, блокади на сите факултети низ Србија од 1 ноември, односно падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, потоа претепувањето на студентите и опозицијата од платениците на режимот на Александар Вучиќ, истражувањата на јавното мислење кои излегуваат во јавноста покажуваат дека рејтингот на претседателот […]

Српската Влада го скратува првото полугодие – учениците ќе останат без оценки


Српската Влада денеска се очекува да усвои заклучок со кој побара од Министерствоито за образование  во согласност со своите законски надлежности, да обезбеди зимскиот училишен распуст да се организира подеднакво за основните и средните училишта низ Србија, така што првото полугодие ќе заврши в понеделник, на 23 декември. Министерството за образование вчера соопшти дека „земајќи […]

Српските ученици една недела порано на распуст – се чека одлука од Владата


Постои можност распустот за сите ученици да започне во понеделник на 23 декември, седум дена порано од предвиденото во училишниот календар, дознава „Блиц“. Како што пренесува српскиот портал, предлогот е веќе формулиран и се чека одлуката на Владата на Србија. Според тој предлог, второто полугодие ќе започне според планираното, на 20 јануари 2025 година. Со […]

Пленковиќ: Никому не е во интерес Србија да остане без нафта


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави во Брисел дека треба да се најде одржливо решение за испорака на нафта за Србија преку Јадранскиот гасовод (Јанаф) и дека не е во ничиј интерес земјата да остане без нафта. „Мораме да најдеме одржливо решение што е добро и за Јанаф и за економијата на Србија“, рече Пленковиќ, кој […]

Србија: Синдикатите во образованието одлучија наставниците да не работат в петок – солидарност со студентите


Репрезентативните синдикати на вработените во образованието во Србија одлучија вработените  да престанат со работа в петок, во знак на солидарност и поддршка на студентите во борбата за подобро и поправедно општество, се вели во соопштението, јавија српските медиуми „Во исто време, нашите претставници ќе ги посетуваат студентите на универзитетите и ќе им доставуваат храна и […]

Извештај на АИ: Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари


Светската организација за човекови права Амнести интернешенел објави извештај со наслов „Дигитален затвор: Надзор и репресија на граѓанското општество во Србија“ кој открива како властите во Србија, преку Безбедносно информативната агенција (БИА) и полицијата, незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми. Извештајот е […]

Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања


Републичкиот одбор на просветниот синдикат на Србија соопшти дека на денешната седница зазел став за солидарност со студентските протести и поддршка на барањата кои се и барања на Синдикатот, а се однесуваат на „воспоставување и интензивирање на ефективен социјален дијалог, подобрување на материјалната положба на високообразовните институции и сите вработени на факултетите и високите школи“. […]

БИРН: Србија увезува опрема за масовен надзор на мобилните комуникации


 Во изминатата деценија Србија увезе повеќе од 20 IMSI „Кечери“, уреди што овозможуваат собирање податоци од сите мобилни телефони во одредена област. Експертите предупредуваат дека нивната употреба не е законски регулирана, јавија српски медиуми пренесувајќи анализа на БИРН. IMSI (International Mobile Subscriber Identity-Catcher), имитираат легитимни базни станици за мобилните оператори, ги идентификуваат и лоцираат корисниците, […]

В петок земјите-членки на ЕУ уште еднаш ќе разговараат за отворање на Кластерот 3 во преговорите со Белград


 В петок, на 13 декември, на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ (Корепер II), земјите-членки на ЕУ треба повторно да разговараат за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори со Србија, според објавеното агендата на оваа средба, јавија српските медиуми. Нови разговори за тоа прашање беа закажани откако амбасадорите на земјите-членки […]

Студентите во Србија не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети


Вкупно 33 факултета во Србија се блокирани, јавија српските медиуми. Во Белград, Ниш, Нови Сад и Крагуевац блокирани се вкупно 33 факултети, а студентските протести како лавина се шират и секој ден се се поголеми, јави ТВ Нова.   Студентите на факултет низ Србија деноноќно протестираат барајќи одговорност за жртвите од трагедијата во Нови Сад […]

Граѓаните на Србија се повикани да застанат 15 минути и да им оддадат почит на жртвите во Нови Сад


Граѓаните на Србија повикани се денеска во 11 часот и 52 минути да застанат 15 минути за да им оддадат почит на загинатите од падот на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Студентите кои блокираат неколку белградски факултети барајќи одговорност за смртта на 15 лица и тешките повреди на […]

Претпладнево закажана седница на Собранието на Нови Сад – единствена точка е разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ


За денеска во 10 часот е закажана седница на Собранието на Нови Сад на која треба да се расправа само за една точка – разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ, јавија српските медиуми. Опозицијата ги повика граѓаните да дојдат пред зградата на Градското собрание во 11:52 часот и да го изразат своето незадоволство 15 минути поради […]

Синдикатот на вработените во образованието во Србија в петок ќе организира едночасовен прекин на работа поради напади од јавни функционери


Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави дека на 6 декември од 11:45 до 12:45 часот ќе организира едночасовен прекин на работа во сите образовни институции, јавија белградските медиуми. Како што наведоа, причина за прекинот биле нападите од јавни функционери врз наставниците, кои во петокот на 29 ноември ја прекинале наставата 15 минути и […]

МВР: Уапсен малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово


 Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР. Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација […]