Седумдневен штрајк на театри низ Србија, се солидаризираат со барањата на студентите


 Драмските ансамбли од белградските театри, како и ансамблите од Нови Сад, Сомбор и Зрењанин стапуваат во седумдневен штрајк и нема да изведуваат претстави, како поддршка на барањата на студентите, јавија српските медиуми. Нема да се играат претатви и во Народниот театар во Белград, Ателје 212, Белградскиот драмски театар, театарот Бошко Буха, Малиот театар Душко Радовиќ, […]

Од денеска до петок во Србија повик за бојкот на пет големи трговски синџири поради високи цени


Здружението за заштита на потрошувачите во Србија, „Ефектива“ ги повика граѓаните од денеска до петок, 14 февруари, да ги бојкотираат петте големи трговски синџири. Како што истакнуваат од тоа здружение, успех ќе се постигне доколку приходите се намалат за една третина. Зборувајќи за резултатите од претходниот бојкот, Дејан Гавриловиќ од Ефектива за ТВН1 изјави дека […]

Актерските ансамбли во Србија од понеделник во седумдневен штрајк, целосно се солидарни со студентите


Од понедленик во Србија почнува седумдневен штрајк на актерите во театрите кои изразија целосна солидарност со студентите и безусловна поддршка на сите нивни барања, јавија српските медиуми. Во заедничко соопштение тие наведуваат дека тоа се случува првпат во историјата на српските театри, прифаќајќи го повикот на судентите да се борат за работа на институциите и […]

Србија должи 39 милијарди евра


Јавниот долг на Србија на крајот на минатата година изнесува 38,87 милијарди евра, што е 47,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти српското министерство за финансии. Српскиот буџет во 2024 година забележа дефицит од 212 милијарди динари, што претставува 2,2 отсто од бруто домашниот производ. Овој резултат е подобар од планот предвиден со ребалансот […]

Европејците во првите редови за демократија ги советуваат Американците: Не се откажувајте!


Граѓаните на централна и источна Европа долго време беа навикнати да добиваат совети од мноштво добронамерни американски организации за тоа како да ги заштитат своите кревки демократии по падот на Берлинскиот ѕид. Сега, по само 10 дена од извршните наредби на Доналд Трамп и чистките во државната служба, советите почнуваат да течат на другата страна. […]

„Крајот на драмата во Србија не се гледа“: Интервју со Милан Јовановиќ, српски аналитичар


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема добро решение за излез од кризата во која е навлезена Србија по падот на настрешницата во Нови Сад и смртта на 15 луѓе. Тој не може да се обрати до ниедна структура на српското општество за излез од кризата, a студентите се секогаш чекор или два пред него […]

РТС со прилози за протестите на студентите; СНС со реакција дека тоа е „прекршување на правилата и вредностите за непристрасно новинасртво“


Откако владејачката Српска напредна странка (СНС) денеска објави соопштение во кое го осудува известувањето на Радио телевизија на Србија (РТС) во попладневните вести – професионално изработен прилог за студентските демонстрации беше емитуван и на главната информативна емисија – Дневник во 19: 30 часот, јави Бета. По седумминутниот прилог, во кој имаше инсерти на кои се […]

Голема блокада на Нови Сад, илјадници луѓе се на улиците: „Корупцијата пере пари, но не и раце“ (видео)


Илјадници студенти и граѓани на Нови Сад, Војводина и Србија денеска почнаа да блокираат три моста во Нови Сад во кампањата „Три моста за три месеци“ – Мостот на слободата, Жежељев и Варадински – што ќе одбележи три месеци од смртта на 15 лица во уривање на настрешница на главната железничка станица во Нови Сад. […]

Србија вакво нешто нема видено: Солзи, солзи на патот на студентите од Белград до Нови Сад (Галерија+видео)


  Белградските студенти во четвртокот тргнаа пешки кон Нови Сад, каде што ќе им се придружат на своите новосадски колеги во блокирањето на три моста на 1 февруари симболично да одбележат три месеци од смртта на 15 лица на железничката станица во градот. Патеката што ја минуваат пеш вклучува неколку застанувања за одмор, спиење, а […]

Русија се огласи за прв пат од почетокот на блокадите во Србија: „Постои ризик од хаос“


Москва во четвртокот предупреди дека постои ризик од „хаос“ во Србија по неколкумесечните протести против корупцијата кои доведоа до оставка на премиерот Милош Вучевиќ. „Исклучително е важно демонстрантите… да покажат разум и да не ги следат оние што ги разгоруваат емоциите“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Во Србија мора да […]

(Видео) Српската полиција ја уапси жената која прегази студентка во Нов Белград


Српската полиција ја пронајде жената која денеска во блок 70 со возило „цитроен“ удри во студентка, јавува Н1 Србија. Според нив, повредената студентка е пренесена во Итната помош. Како што дознава Н1 Србија, зад воланот била 26-годишната Милица Стојановиќ. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека нејзиното возило било во мирување, но и […]

Реки луѓе на протестите во Србија, автомобил пак прегази девојка (Видео)


  Десетици и десетици илјади луѓе се на улиците во Србија за време на генералниот штрајк на кој повикаа студентите. Непрегледни реки луѓе се слеваат по улиците на Белград, Нови Сад и други градови. „Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме нашите секојдневни обврски. Ја земаме слободата во наши раце. Вашето […]

Хрватското МНР препорача нејзините државјани да не патуваат во Србија


Хрватското Министерство за надворешни и европски работи даде препораки за патување во Србија откако Хрватска упати протестна нота поради третманот на хрватските граѓани во таа земја. „Се препорачува одложување на сите несуштински патувања, зголемена претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патување поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република […]

Србија ќе бара продолжување на роковите за излегување на рускиот капитал од НИС


Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска изјави дека Србија ќе бара продолжување на роковите за завршување на сите операции во врска со излегувањето на рускиот капитал од НИС. Таа нагласи дека во интерес и на американската и на руската страна е да се најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), […]

Во Србија денеска е Ден на жалост за осумте лица загинати во пожар во дом за нега на стари лица во Бараево


Во Србија денеска е Ден на жалост поради смртта на осум лица во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево. Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница. Осум луѓе загинаа, а седум се повредени во пожарот во Домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики […]

Трагедија во Србија: Шестмина загинати во пожар во дом за стари лица


Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, јави РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила. Др. Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави […]

Србија: Околу 85 отсто од студентите ги поддржуваат блокадите и барањата


Околу 85 отсто од студентите, вклучително и оние кои лично не учествуваат во блокадите од различни причини, ги поддржуваат студентските блокади и барања, покажува истражувањето на социолозите од Филозофскиот факултет во Белград, во кое учествуваа околу 2.000 студенти од пет државни универзитети, пренесе Бета. Студентите кои се активни за време на протестите се уште пообединети, […]

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија


  Санкциите кон Нафтената индустрија на Србија што вчера ги воведоа САД предизвикаа сериозна загриженост кај нашиот северен сосед, но и кај земјите во регионот, поради меѓусебните економски врски и стопанската поврзаност. Во Србија, официјалните лица велат дека последиците ќе бидат тешки за српската економија, но и дека мерките нема да предизвикаат недостиг на енергенси. […]

САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС)


Американското Министерство за финансии денеска донесе одлука за воведување санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се очекуваше, јавија српските медиуми. Конкретните мерки биле испратени до српскиот државен врв. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на состанок во Претседателството по овој повод повика неколку министри и целиот свој кабинет, како и сите експерти од […]

Во Србија се очекува средба на владин тим со претставници на вработените во образованието по заканите за целосен прекин на наставата


Во Србија денеска попладне почнуваат преговорите меѓу просветните работници и владата и доколку не се исполнат барањата, вработените во образованието најавуваат целосен прекин на работата Српскиот премиер Милош Вучевиќ ќе се сретне со претставници на синдикатот денеска, а средбата, како што е најавено, ќе започне во 13 часот во зградата на Владата на Србија, јавија […]