Седница на српскиот Парламент за избор на нова влада


Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, за денеска со почеток во 10 часот ја свика седницата на Собранието за избор на нова Влада, јави дописникот на МИА од Белград. Кандидатот за премиер Ѓуро Мацут вчера до Собранието достави предлог за состав на Влада на Србија. Деловникот на Собранието предвидува мандатарот да го образложи […]

Загреб ќе бара од Белград образложение за протерувањето хрватски граѓани


Остра дипломатска нова се очекува Загреб да му испрати на официјален со барање да го оправда протерувањето хрватски граѓани од Србија, јавија српските медиуми пренесувајќи изјава на Хидајет Бишчевиќ, хрватски амбасадор во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.  Дипломатскиот чекор ќе се преземе откако завчера српските власти наредија хрватска државјанка која повеќе од една […]

Студентите по медицина му порачаа на Вучиќ дека лекар мора да одобри влез на Интензивна нега


Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад му се обратија на претседателот на државата, Александар Вучиќ на мрежата Икс, откако тој рече дека „негова била волјата“ е да влезе на Интензивна нега во УКЦ во Белград и да ги посети повредените пациенти во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград. „Господине претседателе, како […]

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација


Студентите во блокада синоќа апелираа Универзитетот во Белград „да излезе со порадикални мерки на отпор“, во форма што ја сметаат за соодветна, јави дописникот на МИА од Белград. Апелот е објавен за да може  „сега синхроно студентите и претставниците на Универзитетот да истапат како хомогено тело“ што  „се бори за честа и достоинството на академската […]

Србија е меѓу државите за кои САД воведоа највисоки царини


Србија е меѓу земјите за кои САД, со одлука на претседателот Доналд Трамп, воведоа највисоки царини, јави дописникот на МИА од Белград. Бидејќи Србија, според тврдењата на администрацијата на Трамп, ги оптоварувала американските производи со царини од дури 74 отсто, во иднина извозот на производи од Србија во САД ќе подлежи на царини од 37 […]

Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска почнува со консултации за формирање нова влада, и за првиот ден се закажани разговори со претставници на четири изборни листи, јави дописникот на МИА од Белград. За днеска се чекуваат разговори со претставниците на листата „Руска партија – Слободан Николиќ“, „Сојуз на Војводински Унгарци (СВМ)“, „Усаме Зукорлиќ – Обединети за […]

Владата во Србија усвои план за изградба на нафтовод од Унгарија до Нови Сад


Владата на Србија ја усвои Регулативата за утврдување просторен план за подрачје за посебна намена на инфраструктурниот коридор на нафтоводот од границата со Унгарија до Нови Сад во должина од 113 километри, јавија српски медиуми. Нафтоводот Србија-Унгарија треба да биде изграден до 2028 година, а проценетата вредност на проектот е 157 милиони евра за српскиот […]

Вучевиќ: Нема преодна влада во Србија


Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека очекува наскоро нова влада, наведувајќи дека тоа ќе биде „српска влада и нема да биде преодна влада на Ѓилас, туку на граѓаните на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Во изјава за белградски медиуми, тој нагласи дека поднел кривична пријава против четворица „студентi кои блокираат […]

Данка Илиќ исчезна пред една година, случајот стана регионална мистерија: Ова се две клучни прашања


Помина една година од исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор, Србија. Јавноста во Србија и пошироко се уште чека на клучни одговори. И по една година телото на девојчето никогаш не било пронајдено. Освен тоа, на местото на злосторството нема никакви биолошки траги од неа. Ова се две клучни прашања […]

Србија има рок од седум дена да одговори дали имало звучен топ на протестите


Европскиот суд за човекови права и даде рок на Србија до 31 март да одговори за евентуалната употреба на звучно оружје на протестот во Белград на 15 март, јави МИА од Белград. Тоа се наведува во соопштението на граѓанските организации во Србија, откако Европскиот суд побара одговори од Република Србија. „Нашата држава доби рок до […]

Петте најголеми синдикати во Србија дадоа поддршка за студентите во блокада


Петте најголеми синдикати во Србија соопштија дека ги поддржуваат студентите во нивните барања, јави МИА од Белград. Во соопштение објавено денеска по средба одржана во саботата се нагласува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно.  „Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови […]

Годишнина од бомбардирањето на Србија од силите на НАТО


Одбележувањето на Денот на сеќавањето на загинатите во агресијата на НАТО во 1999 година на воениот аеродром во Батајница кај Белград започна со комеморација и едноминутно молчење за жртвите. На почетокот на комеморативниот собир, патријархот на Српската православна црква Порфирије и свештенството отслужија панихида, а потоа собирот со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите. […]

Србија ќе увезува премиер од дијаспората, Вучиќ има три предлози


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека има три или четири имиња на кандидати за мандатар за состав на новата влада и дека за тоа ќе разговара само со оние партии кои се заинтересирани, за да не се создаде циркус. Извори на „Данас“ наведуваат дека сите тројца кандидати кои моментално се во оптек како […]

Србија ќе стартува заеднички систем за е-патарина со Грција и Хрватска


Српскиот државен патен оператор „Путеви Србије“, оваа година ќе лансира заеднички интегриран систем за електронска наплата (ETC) со Грција и Хрватска, со што ќе им се овозможи на возачите да плаќаат патарина во двете земји со српската ознака ETC и обратно, објавија локалните медиуми. Системот меѓу Србија и Грција ќе профункционира пред овогодинешната летна сезона, […]

Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во – Крагуевац и Нови Сад


Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА. Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад […]

Осум пациенти од Кочани кои вчера пристигнаа во Србија се со повреди опасни по живот


Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, јави МИА од Белград. Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во […]

Во Србија е Ден на жалост за загинатите во пожарот во Кочани


Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани , јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ја донесе српската Влада во неделата.  Во големиот пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.  Знамињата во Србија се на половина копје на државните институции и установи. Медиумите и културните […]

Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија


Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство.  Во Србија досега се […]

Вучиќ: Ако до 18 април не се формира Влада, избори на 8 јуни


Српскиот парламент во вторник или среда треба да ја констатира оставката на Милош Вучевиќ и ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада. Доколку не се формира Влада, ќе се одржат нови избори, кои најверојатно ќе бидат на 8 јуни, изјави на седницата на Владата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во однос на […]

Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани


Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. „(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за […]