Трамп планира да испраќа мигранти во Србија, пишува Блумберг


Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, пишува Блумберг. Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади подготвени да примат депортирани мигранти, пишува американскиот медиум повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански […]

Наоѓалиштето на литиум, Јадар во Србија, меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека е одлична вест за Србија што Европската комисија го вклучи проектот Јадар на листата од 13 стратешки проекти со критични суровини надвор од ЕУ. „Не е вистина дека Србија е европска колонија за рударење бидејќи стандардите на ЕУ сега мора да се применат на проектот Јадар, […]

Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра


Во првите четири месеци од оваа година, Србија има дефицит во националниот буџет во износ од 78 милијарди динари (665 милиони евра), соопшти српското Министерство за финансии. Според Министерството, тоа е подобра сума од буџетскиот план за дефицит од 107,9 (912 милиони евра) милијарди динари, а дефицитот е планиран во износ од 185,9 милијарди динари […]

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија


Белгија издаде предупредување дека е пронајден форматенат во замрзнати јагоди од Србија, објавено е на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF). Како што е наведено, консумирањето на тоа овошје би претставувало сериозен ризик за здравјето на луѓето, е наведено на веб-страницата на RASFF. Ова не е првпат оваа година […]

На Албанија ѝ појде од рака она што Србија не можеше да го направи за 10 години во преговорите со ЕУ


Европската комисија објави дека денес на петтата Конференција за пристапување, Албанија отвори уште еден, трет кластер, поврзан со конкурентноста и инклузивниот раст. Реклама Во преговорите за пристапување кон Европската Унија има шест кластери, а третиот се однесува на поглавјата за дигитална трансформација и медиуми, даноци, економска и монетарна политика, социјална политика и вработување, претприемништво и […]

Србија официјално е дел од Единствената платежна зона во евра – СЕПА


 Од денеска, Србија официјално е дел од географската покриеност на Единствената европска платна зона, СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area ), се наведува во заедничкото соопштение на Народната банка на Србија и Европскиот совет за плаќања. Како што е наведено во соопштението, НБС презеде чекори за усогласување на своите системи и прописи за плаќање […]

Средношколците во Белград ќе протестираат поради продолжувањето на учебната година


Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите, јави дописникот на МИА од Белград. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата […]

Србија од буџетот и дава на Украина околу 35 милиони динари како финансиска поддршка


Точно 34.850.000 динари (297.000 евра) се префрлени од одделот на Министерството за финансии на Србија во Генералниот секретаријат на Владата, според информации во најновиот Службен весник. Тие пари, како што пишува „Форбс Србија“, според одлуката на Владата на Србија, ќе се користат како „финансиска поддршка за Украина со цел покривање на трошоците за оперативен персонал […]

„Како среде зима!“: Снег во делови од Србија, Копаоник изгледа како во јануари (видео)


Утрово во планинските подрачја на Србија паѓа снег. На Копаоник, изгледа како јануари, на средина од сезоната. Снег беше забележан во околината на Пријепоље, на Рудно и Сјеница, јави Н1. Од раните утрински часови, минувањето на студен фронт проследен со силен северен ветер предизвика нагло опаѓање на температурата. Во утринските часови, дождот полека се претвори […]

Руски Росатом е подготвен да ѝ понуди на Србија мали и големи нуклеарни централи


Руската државна агенција за нуклеарна енергија, Росатом, е подготвена да и понуди на Србија мали нуклеарни централи и енергетски блокови со голем капацитет, објавија српски медиуми.  „Росатом е подготвен да им понуди на своите српски партнери комплетен спектар на решенија: од нуклеарни електрани со ниска моќност базирани на реактори RITM-200 до енергетски блокови со висока […]

Странските директни инвестиции во Србија во првите два месеца на слично ниво како и во претходните години


Според податоци на Народна банка на Србија (НБС) за првите два месеца од оваа година, приливот на странски директни инвестиции е остварен на слично ниво како и во претходните пет години (без лани) – 225 односно 210 милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград. Лани тие цифри биле, како што нагласуваат српски медиуми – […]

Студентите-маратонци од Србија кои „патуваа за правда“ до Брисел ќе се сретнат со Кос и Мекграт


Српските студенти кои попладнево треба да пристигна во Брисел како дел од штафетниот маратон „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“ в четврток ќе се сретнат со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкал Мекграт, соопшти портпаролот на Европската комисија за […]

Штрајк на вработените во судството во Србија


Синдикатот во судството во Србија објави дека од денеска вработените во судските институции низ целата држава ќе стапат во целосен штрајк. Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат […]

Синдикатите во Србија го одбележуваат Први мај во Белград, со студентите на протест и пред Владата


По повод Меѓународниот ден на трудот, синдикатите во Србија организираат собири во Белград на кои ќе ги објават своите барања за измени во трудовото законодавство, а потоа ќе учествуваат на првомајскиот протест на студентите пред зградата на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Студентскиот протест почнува во 14 часот, а на нив […]

Во Србија првомајски заеднички протест на синдикатите и студентите во блокада


Студентите во блокада и пет синдикални здруженија во Србија најавија заеднички протест за 1 мај пред Владата на Србија, кога ќе врачат предлог за измена на Законот за работни односи и Законот за штрајкови, а воедно ќе одбележат и шест месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Како што објавија […]

Србија бара од САД продолжување на лиценцата и одлагање на санкциите против НИС


Владата на Србија денес испрати писмо до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, во кое бара продолжување на посебната лиценца што би го одложила целосното спроведување на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) по 28 април, соопшти српското Министерство за рударство и енергетика. Шефицата на тоа министерство, […]

Просечната нето плата во Србија во февруари била 883 евра


Просечната нето плата за февруари годинава во Србија изнесувала  103.519 динари (883 евра), а просечната бруто плата, вклучувајќи ги даноците и придонесите, изнесуваше 142.908 динари (1.219 евра), соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-февруари 2025 година, во споредба со истиот период лани изнесува 11,1 процент номинално, односно […]

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија


Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град. Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник. Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 […]

Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина


Српските власти издале пасоши на десетици Руси поврзани со Кремљ од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, објави денеска порталот за истражувачко новинарство IStories, цитирајќи владини податоци. Вкупно 204 Руси биле натурализирани како српски државјани во периодот од почетокот на 2022 година до април 2025 година, вклучително и многумина со врски со руската одбранбена индустрија […]

Нова акција на студентите во блокада: Трчаат од Нови Сад до Брисел


Штотуку нивните колеги стигнаа со велосипеди во Стразбур, студентите во блокада најавија нов потфат – дел од нив ќе трчаат во штафетна трка од Нови Сад до Брисел, каде во мај ќе се одржи седница на Европскиот парламент, а на дневен ред ќе се расправа за ситуацијата во Србија. Во петок, на 25 април, 16 […]