Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода


Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди.  – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што […]

До 1 септември ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала


Во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода се гради нова училишна спортска сала, која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Увид во градежните работи […]

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ


Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството […]

Нова спортска сала во Огњанци ќе ги пречека учениците во септември


До крајот на август ќе биде целосно завршена изградбата на спортската сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, Општина Петровец, беше истакнато при денешниот увид во градежните активности. Овој проект ќе им овозможи на учениците да ја започнат новата учебна година во современи услови за физичка активност и спорт. -Учениците од Огњанци новата […]

Отворена првата спортска сала во Пинтија


Денеска, во скопската населба Пинтија пуштена е во употреба нова спортска сала, која ќе овозможи квалитетна настава по физичко образование и подобри услови за спорт и рекреација. Со површина од 350 м², салата ќе им служи на учениците од ПОУ „Рајко Жинзифов“ и на сите млади спортски таленти од оваа населба. Го носи името на […]

Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во населено место Црешево во Гази Баба


Спортска сала во која ќе може да играат најламку 180 деца од скопско Црешево, почна да се гради денеска. За салата се издвоени 34 милиони денари. На поставување камен-темелник денеска, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. – Проектот е вреден […]

Поставен камен темелник на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец


Во дворот на основното подрачно училиште „Кочо Рацин“ во населеното место Огњанци во Општина Петровец, денеска беше поставен камен темелник на нова спортска сала. Спортската сала е со површина од 470 метри квадратни, а средствата во вредност од 12.000.000 денари се обезбедени од Министерството за образование и наука,  како и 6.000.000 денари од општинскиот буџет. […]

Трагичната судбина на „Партизан“


Стар кош опкружен со ѓубре, искршени врати и прозорци е последниот спомен на некогашната повеќенаменска сала „Наум Наумовски Борче“, или попозната како „Партизан“, што случајно го преживеал децениското руинирање на објектот. Во една од канцелариите сѐ уште стојат и признанија и благодарници од спортските клубови за придонесот на салата за нивните успеси. Остатоците од зградата, […]