Се снима филм на патот Радовиш – Штип, сообраќајот се пренасочува


Од 7:00 часот утринава поради снимање филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип, на 4 км се пренасочува десно, кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип, соопштија од АМСМ. На другите патни правци сообраќајот се одвива тековно и без забрани.

Сообраќајот отежнат, одрони и забрани за камиони на дел од патиштата


Поради отстранување одрони во близина на село Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин. Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато и Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и село Шипковица- Попова Шапка. Поради појава на магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена […]

Снег го парализира сообраќајот на планинските превои


Поради врнежи од снег, вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија. И на патниот правец Маврово – Дебар и планинските премини Стража и Пресека има забрана за движење на камиони поради врнежите од снег.

Дојдете во ЦУКС да видите како работат семафорите и камерите


Во сабота заинтересираните граѓани ќе можат да видат како функционираат семафорите и камерите по скопските улици, како се регулира сообраќајот, а ќе добијат одговор и на други прашања од надлежните во Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС). Град Скопје, кој е основач на Центарот, информира дека всушност во сабота од 10 до 14 […]

АМСМ апелира: Внимателно, коловозите се влажни, Плетвар под магла


Сообраќајот во Македонија се одвива по влажни коловози. Низ целата земја врне дожд, додека снег врне во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Павлешници и Кула, информираат од АМСМ. Поради појава на магла, додаваат оттаму, намалена е видливоста на Плетвар од 50 до 100 метри. На одредени патни правци кои поминуваат низ […]

Пренасочен сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп


Сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп се пренасочува поради отстранување на тешко моторно возило кај клучката Дебреште, соопшти АМСМ. Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет изутринава провејуваше на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот

Сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози


Сообраќајот на патишта во државата се одвива тековно по претежно суви коловози додека на планинските места се влажни на некои делови. Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Стража. На одредени правци што поминуваат низ клисури можна е појава на поситни одрони. Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и […]

Намалена видливост на патиштата кај Стража и Крушево


Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража и до 30 метри во Крушево. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Дебар и на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП […]

Нова кампања за безбедност на патиштата


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП) почна нова кампања под мотото: „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“. Кампањата, посочуваат од РСБСП, е во пресрет на периодот на новогодишните и божиќните празници кој е карактеристичен по големиот број веселби, изобилство на алкохол, забави до раните утрински часови, проследени […]

Возовите пак почнаа да возат, нормализиран железничкиот сообраќај


Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје, што  беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два и пол дена. Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт ад Скопје за МИА потврди дека веќе се префрлени […]