Поради одрон, сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци по една коловозна лента


Сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 метри. Причина за изменетиот режим на сообраќај е голем одрон на патот. Од Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопштија дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и апелираат […]

Изречени 135 санкции во Аеродром, Карпош и Центар


Во текот на вчерашниот ден во период од 20:00 до 04:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, во општините Аеродром, Карпош и Центар при што санкционирани се 135 возачи.  Во Општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без […]

Полицијата не запира: Уште двесте возачи казнети во Скопје


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 часот до полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се […]

Специјален сообраќаен режим во центарот на Скопје


Поради посетата на Папата Франциск денеска сообраќајот во Скопје ќе се одвива по специјален сообраќаен режим како и траси на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Како што информираат од Град Скопје, во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, утрово од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. […]

Патот до Аеродромот Скопје затворен за сообраќај од 7:30 до 9 часот и од 16:15 часот


Поради посетата на папата Франциск патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 часот до 9 часот, поради што сите патици кои имаат утрински летови требаше да стасаат на аеродромот до седум часот. Како што соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат […]

Поради Виз Ер Маратонот: Утре изменет режим на сообраќај на автобусите


Утре, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.Како што соопшти ЈСП „Скопје“, туристичката линија „City tour“ нема да сообраќа цел ден. Линиите 25 и 59А нема […]

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај, информираат од АМСМ. Апелираат до […]

Посебен сообраќаен режим за време на манифестацијата за Водици


Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен денеска за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до бул. „Гоце […]

Снегот го отежна сообраќајот, забрани за камиони на дел од патиштата


Студениот бран со врнежи од снег што ја зафати Македонија го отежна одвивањето на сообраќајот, но засега без застои и посериозни проблеми. На  Меѓународниот аеродорм Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања, а со вообичаено доцнење за зимски услови се одвиваат железничкиот и патниот сообраќај. На државните патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по […]

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Крива Паланка и Делчево


Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, а слаб снег кој не се задржува на коловозот утринава провејува во Крива Паланка и кон граничниот премин Делчево. Авто мото сојузот на Македонија информира дека е нормализиран сообраќајот за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато и Стража. Надвор од градските средини сообраќајот е […]

Посебен сообраќаен режим попладне во Центар


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија. – Од 19,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот […]

Тргнаа сообраќајот на две делници од Коридорот 10


Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, се пуштени во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, овие две делници со придружните петљи Бујановац 1 и Бујановац 2 се отворени за сообраќај во петокот. Во сообраќај, […]

Англичанец повреден во сообраќајка во Скопје


Пешак од Англија синоќа во Скопје бил удрен од непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата избегало од местото на настанот. Како што инфомрира МВР, сообраќајната незгода се случила синоќа околу 1:40 часот на крстосницата од улиците „Јужен Булевар“ и „Јордан Мијалков“ во Скопје. С.Б. (62) од Англија со возило на Итна медицинска помош бил префрлен […]

Кој пие во кафеана, да си побара ваучер за такси


Гостите во скопските кафеани, кои ќе си резервираат преку ресторани.мк ќе добијат ваучер од 100 денари за такси, за да не возат дома под дејство на алкохол, најави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Градот Скопје, АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска ја започнаа новата кампања за безбедност во сообраќајот […]

Одрон на „Стража“ го отежнува сообраќајот


На магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот “Стража“, сообраќајот се одвива отежнато поради одрон на камења. Од АМСМ информираат дека од одронот е зафатена една коловозна лента кај Тајмишка раскрсница

Македонија домаќин на Првиот дигитален самит на Западен Балкан


Македонија денеска и утре ќе биде домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво. Самитот е дел од Берлинскиот процес и претставува можност за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, но ќе бидат презентирани и […]

Повеќе патници во патниот и авиосообраќајот, помалку во железничкиот


Во последниот квартал од 2017 година бројот на превезени патници бележи зголемување во патниот патнички сообраќај и воздухопловниот, а намалување во градско-приградскиот и железничкиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во патниот патнички превоз бројот на превезените патници во однос на тој квартал 2016 година е зголемен за 3,3 отсто, во градско-приградскиот […]

Снегот го отежнува сообраќајот


Снежните врнежи низ цела држава го отежнаа и забавија патниот сообраќај, кој се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, и со забрани и ограничувања за тешки товарни возила на планинските превои и дел од патиштата. Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка. Снегот засега […]

Поради снимање филм пренасочен сообраќајот на патот Радовиш – Штип


Од 7:00 часот утрово, поради снимање филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип, на четири километри се пренасочува десно, кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, застои и ограничувања по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места. АМСМ препорачува […]

Нормализиран сообраќајот на патот Струга-Ќафасан


Сообраќајот на патниот правец Струга-Ќафасан од 19:10 часот е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна незгода сообраќајот на овој патен правец од 17:40 часот беше во прекин во двата правца.