Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та


 Европската комисија денеска, во пакетот мерки претставен во Стразбур, најави дека ќе ја ублажи својата забрана за продажба на нови бензински или дизел автомобили до 2035 година, како резултат на големиот притисок од автомобилската индустрија и лидерите на неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои се Германија и Италија. Според важечкото законодавство во ЕУ, производителите беа […]

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци


Секторот за внатрешни работи – Велес денеска соопшти дека со 3,66 промили алкохол во крвта, росоманец агресивно се однесувал кон полицајци.   – Вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа Т.Н.(46) од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки […]

Топаловски: Системот „Безбеден град“ нема да казнува ако возачот навистина спасува живот и вози со 4 трепкачи


Во гостувањето во емисијата „Претрес“, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, појасни дека системот „Сејф сити“ ќе прави разлика меѓу реални итни ситуации и прекршоци, нагласувајќи дека нема да се казнуваат возачи кои имаат оправдана причина да возат со четири трепкачи. „Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот […]

Скопје да стане град каде секој учесник во сообраќајот се движи сигурно и без страв


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше и се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). На конференцијата се дискутираше за клучните предизвици и потребата од унапредување на меѓуинституционалната соработка, со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот […]

За 12 часа над 65.000 сообраќајни прекршоци во Скопје регистрира „Безбеден град“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – […]

И денеска очекувајте хаос во сообраќајот во Скопје – доаѓа српскиот премиер!


И денеска ќе има гужви во сообраќајот во Скопје. Покрај дождот, кој го отежнува и онака хаотичниот сообраќај во главниот град, за денеска најавен е и посебен сообраќен режим поради посетата на српскиот премиер Ѓуро Мацут. „Од …  петок (03.10.2025) до (04.10.2025) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, […]

(Фото) Сообраќаен хаос во Скопје


Попладнево сообраќајот во Скопје е во целосен хаос. Автомобилите се движат со брзина на полжав, а на крстосниците речиси е невозможно да се помине. Дождот, но и најавениот протест на граѓаните во Аеродром против Вардариште, придонесоа за речиси целосна сообраќајна блокада на метрополата. Тие како што беше најавено денеска протестираат од 15 до 18 часот […]

Жена нападнала 19-годишна девојка по недоразбирање во сообраќај


Млада скопјанка била нападната од жена во скопски Аеродром по претходно недоразбирање во сообраќајот.  – На 29.09.2025 во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице, стои во полицискиот билтен.  Се преземаат мерки […]

Лажетиќ: Заблуда е дека по првиот сообраќаен прекршок ќе ви го одземат возилото


Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното управување со моторно возило, затоа […]

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување […]

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Построги казни во Грција за сообраќајни прекршоци


Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер […]

Изминатите два дена на територијата на цела држава 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење


На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издале вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). Според статистичките […]

На 1 Мај посебен режим на сообраќај во Скопје, поради работнички протест


СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право […]

РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно. Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките […]

Викендов отстранети 60 возила од сообраќај


Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 […]

Вчера 82 возеле без возачка, 214 – пребрзо


Во текот на вчерашните (07.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање […]

Петмина пешаци го загубиле животот во сообраќајни несреќи во првите три месеци годинава


Во текот на минатата година животот го загубиле 24 пешаци во државава. Во првите три месеци од оваа година, пак, загинале петмина пешаци, беше кажано на почетокот од денешната јавна дебата што се одржува на Факултетот за безбедност во Скопје, по повод Неделата на пешаците – од 1 до 7 април. Претседателот на Републичкиот совет […]

Посебен режим на сообраќај во дел од Скопје поради излевањето на Маркова река


 Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевањето на Маркова река, сѐ уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат село Горно Лисиче – село Долно Лисиче, како и влезот за село Батинци во двете насоки. Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен […]