Во сообраќајка на патот Штип-Велес загина 66 – годишник од Свети Николе, повредени две лица


Во сообраќајката што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес  загина 66 – годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник […]

Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман


Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман. Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило. Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ […]

Почина мотоциклист кај Ваташа


Во три одделни сообраќајни несрежи во неделата, загина еден мотоциклист, еден е повреден, а со повреди се здобила и сопатничка во возило кое излетало од коловозот.  Во неделата, во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, […]

Скопјанка (24) и 52-годишен кочанчанец се жртвите од вчерашната сообраќајка на патот Штип-Кочани


Двесет и четири годишната Н.П од Скопје сопатничка во возилото „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички и 52 годишниот Г.А од Кочани, сопатник во автомобилот „голф“ со кочански регистерски таблички, се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на експресниот пат Штип- Кочани во атарот на селото Жиганци, соопшти денеска за МИА портапролот на […]

Едно лице загина и тројца сe повредени во сообраќајна несреќа на преминот Стража


 Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево на превојот Стража. Според СВР Тетово, околу 12 часот пријавено е дека на магистралниот пат автомобил „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, […]

Две жртви и повредени лица во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани


Две жртви и повредени лица има во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска во 12.42 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново, потврди за МИА портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Детали се најавни за подоцна.

Хрватска: Камион се заби во детска соба – девојчето со повреди на главата


Бизарна сообраќајна несреќа се случи во хрватска утрово, кога камион се заби во куќа, односно со целата кабина влезе во детска соба, во која во моментот имало 14-годишно девојче.  Девојчето е пренесено во болница, каде му констатирале набиеници и исекотини на главата, по што е сошиено, но е без поголеми последици.  Како што раскажува таткото […]

Битолчанец го загуби животот, а 19 повредени лица во сообраќајка кај Битола


Битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а 19 лица се со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар. Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки. -Сообраќајна […]

По сообраќајката на патот Битола-Прилеп-Демир Хисар, 20 лица итно хоспитализирани во битолската Клиничка болница


 На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска. -Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица […]

Ѓорѓе Давид за сообраќајката: „Со автомобилот удрив жена на автопатот“


Српскиот рок-музичар и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна незгода во која трагично настрада 49-годишна кумановка. Ѓорѓе потврди дека учествувал во несреќата и откри детали како дошло до неа. „Точно е, се случи несреќа синоќа на трртиот километар од македонската граница. Наводно девојка и нејзината сопатничка излегле од своето место […]

Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајката кај Табановце, во која загина 49-годишна кумановка


Според српските медиуми, рок-музичарот Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, имал сообраќајна несреќа синоќа во Северна Македонија, на автопатот Куманово – Табановце, во која загина 49-годишна жена од Куманово. Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 20 часот, на граничниот премин Куманово – Табановце. „Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „голф“ и патничко возило […]

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце


Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на автопатот Куманово-Табановце. – Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,бмв”. Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и […]

Едно лице загина на патот Гевгелија-Богданци, во сообраќајката учествувале четири возила


Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова. -Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка […]

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица


Пуштен е сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој поради сообраќајка на две возила беше во прекин од 19 до 21 часот. Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, но е вон животно загрозувачка состојба. Лицето јое се здобило со скршеници на коски е пренесено на понатамошно лекување во клиничка болница Штип. Во двете возила […]

Кривична пријава за измамничка од Бугарија


Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ– Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги […]

Сообраќајка кај с. Панчарево, мраз на патот Делчево – Пехчево


Поради сообраќајка на патот Делчево – Пехчево кај селото Панчарево сообраќајна полиција го насочува сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Берово – Пехчево каде се вози по заледен коловоз и има излетување на возило на патот.  Во сообраќајката според информации од Здравствен дон Пехчево нема повредени лица, а увид вршат екипи на полицијата. Оттаму апелираа […]

Жител на Нов Дојран загина откако во него удри возило „шевролет“


Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.   -Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на […]

Ќерката на Ванѓел Таво, поранешeн министер во Албанија, загина во сообраќајка кај Ласкарци


  Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во Албанија,  е загинатата девојка во несреќата на патот Тетово-Скопје. Веста на социјалните мрежи ја потврди и самиот Таво. Таво вели дека „ова се најтешките зборови што ги напишал во животот“. „Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. […]

Жена загина при судир на минибус и „голф“ на патот Скопје – ГП Долно Блаце


Во вторникот во 15.07 часот во СВР Скопје пријавено е дека  на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Р.Косово и патничко возило „голф“ со скопски […]

СВР Велес соопшти детали за сообраќајката на магистралниот пат Градско-Прилеп


 СВР Велес соопшти детали за сообраќајката кај мотел Дреново, што се случи денеска во15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп. Во несреќата со телесни повреди се здобиле еден возач и сопатничка, констарирани во  болницата во Кавадарци. -Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(59) од село Секирци-Општина Долнени и […]