Тешко повредено момче откако возило излетало од патот пред Ваташа


Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес. 

Уапсен трет учесник во несреќата во Радишани, каде загина 19-годишник од Побожје


На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на […]

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје


Момче загина попладнево на патот Радишани кон Побожје по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, информацијата за МИА ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Според првичните информации, момчето – мотоциклист, кое починало на лице место, било на возраст од 21 година.   – По пристигнувањето на лице […]

МВР со детали за сообраќајката на патот Прилеп – Битола


МВР во денешниот билтен објави информација за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на патот Прилеп – Битола, и во која беа повредени осум лица.  Еве што пишуува во билтенот: „На  05.08.2026 во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп -Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски […]

Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајката на патот Прилеп-Битола


БИТОЛА – Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово се случи на патот Прилеп-Битола, дознава „Независен“. Еден од повредните според неофицијални извори наводно бил со дипломатски пасош, вработен во Министерството за надворешни работи на Србија.  „Независен“ дознава дека итна операција е изведена на еден од српските државјани, додека операционен зафат […]

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, девет лица се повредени


БИТОЛА – Тешка сообраќајка се случила утрово на патот Прилеп – Битола при судир на четири возила, во близина на мостот на Шемница. Според Клиничка болница Битола – во болницата се пренесени девет лица со повреди и пружена им е лекарска помош. Од повредените има и странец од Србија. „Едно лице поради сериозноста на повредите […]

Трета жртва во сообраќајката на Халкидики кај Полигирос, загинаа мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од […]

Во сообраќајка кај Штип повредени 14 и 12 – годишник што возеле мотор


Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа во штипско вчера попладне. Се превзеувале со мопед без регистрација и се судриле со возило.  – На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-село Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од […]

Две жртви во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско, сообраќајот пренасочен по регионалниот пат


Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.   – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било […]

Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа на обиколницата во Скопје


  Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – […]

Товарно возило усмрти 89 – годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп


Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од […]

Со мотор „хонда“ загина 19-годишно момче во Прилеп


Млад 19-годишник смртно настрада во сообраќајка несреќа утрово во Прилеп.  – На 30.04.2026 во  06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски”  во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од село Големо […]

МВР со детали за сообраќајката на пешачки кај „Зебра“: Повредено 22-годишно лице


МВР соопшти детали за сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на улицата Васил Ѓоргов кај ТЦ „Зебра“, кога беше удрен пешак. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата учествувале патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (54) од Скопје и пешак Л.С.(22) од селото Кондово. Пешакот со возило […]

„Комунална хигиена“ го потрупа истеченото масло на коловозот по сообраќајката во Ѓорче Петров


Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата […]

Во судирот на пет возила во Ѓорче Петров повредени 10 млади лица


Ужасна сообраќајна несреќа, во која учествуваат повеќе возила, се случи доцна синоќа во скопската населба Ѓорче Петров. Се судрија повеќе автомобили. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека е предизвикана сериозна материјална штета. Сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија.   Тешко повреден е 19-годишниот возач […]

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица


ЈП Македонија пат соопшти дека сообраќајот на патниот правец Берово–Струмица, кај местото викано Ширина, е нормализиран во 19:20 часот. Сообраќајот беше во прекин попладнево од 18:15 часот поради сообраќајна незгода.  Сообраќајот на патот Берово-Струмица во прекин поради сообраќајка Сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е во прекин поради сообраќајна незгода, соопштуваат од ЈП Македонијапат. Како што […]

Сообраќајка на патот Градско-Прилеп, сообраќајот се пренасочува по стариот пат


Од 14 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп. Според информациите на јавното претпријатие „Македонија пат“, причина за прекинот е сообраќајка меѓу патничко и товарно возило кај месноста викана Фариш.  Сообраќајот се одвива по стариот пат Градско – Прилеп и обратно.

Кавадарчанец (19) се превртел со возилото, бил мортус пијан и немал возачка


На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, каде е задржан на лекување. По преземени мерки и […]

Возел без возачка и пијан, 21-годишникот што смртно прегази пешак во Марино


Возачот кој смртно прегази 52-годишен маж во Марино не поседувал возачка дозвола и бил под дејство на алкохол.  – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за  – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од […]

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Ново Лисиче


Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот „Видео Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, непосредно пред трговскиот центар „Лиса“. Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, а на местото на настанот присутни се полициски екипи. Засега нема официјални информации, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.