Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола


Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп. Во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притоа во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на […]

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска


Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Шеф на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени. Повредените се […]

Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово: Сообраќајот пренасочен


Денеска, во 10.10 часот, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода, велат од АМСМ. Поради оваа незгода, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат. Засега нема информации за повредени лица или жртви, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Лишен од слобода 26-годишен возач од Скопје кој усмрти 78-годишен велосипедист


Дваесет и шестгодишен скопјанец е приваден откако ноќеска во Скопје управувајќи патничко возило „мицубиши аутлендер“ удрил во 78-годишен велосипедист, по што тој починал на местото на несреќата.  -Ноќеска 10 минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од […]

Една загината и двајца повредени во тешката сообраќајка на патот Тетово-Гостивар


Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А.(19) од Гостивар. Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека […]

Наложена итна постапка на полицајците при кривични дела против безбедноста во сообраќајот


Основното јавно обвинителство Скопје одржало координативен состанок со полициските служби од СВР Скопје на кои им се издадени конкретни насоки за поефикасно постапување во ситуации кога е загрозена безбедноста во сообраќајот. Целта е, како што информираа денеска од ОЈО Скопје, да се овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на овие дела и да се делува […]

Кај Биновци усмртен пешак кој бил прегазен со камион


Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички. Според […]

„Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал


Полицијата со детали за сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа, половина час пред полноќ. – На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го […]

Малолетник од Косово со „ауди“ прегази тинејџери во Скопје


На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се […]

Четири лица, од кои тројца полициски службеници, повредени во сообраќајка кај Струга


Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски […]

Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов


Судскиот совет денеска треба да формира комисија која ќе ги разгледа сите списи во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Јованов. Ова го најави претседателот на […]

Во три одделни сообраќајки една жртва и тројца повредени


Во три одделни сообраќајни незгоди, во кои две возила излетале од патот, еден возач починал, а тројца учесници во сообраќајот се потвредени, нотира полицискиот билтен. Имено, во понеделникот,  во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари […]

Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова


Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.  Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка […]

Тетовец со возило излетал кај клучката за Орман и починал


Патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово вчера излетало надвор од коловозот на обиколницата на град Скопје во близина на клучката Орман, а возачот починал на местото на настанот. Како што информира МВР, случајот вчера околу 7:40 часот бил пријавен во СВР Скопје. Смртта на возачот ја констатирал лекар од […]

Осомничениот возач за смртта на Фросина платил 18.000 денари за претходната сообраќајка и не бил кривично гонет


  Против 20-годишниот возач што ја усмрти младата Фросина на „Партизанска“ во Скопје претходно имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди. Осомничениот бил во притвор, а потоа Основниот кривичен суд Скопје одлучил да му […]

Пред полноќ, загина 22-годишна девојка на „Партизанска“ – возачот во притвор


Почина млада девојка од Скопје, откако ноќеска, 15 минути пред полноќ, била прегазена на „Партизанска“ во близина на пекарницата „Силбо“. – На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К.(22) од […]

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Кочани – Виница


Од 13.30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани-Виница кај хотел „Филипо“ поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска […]

Две лица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево. Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко. Во […]

Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка


 Поради сообраќајна несреќа во близина на Младо Нагоричане, затворен е патот Куманово- Крива Паланка, а во моментот се врши увид, потврдија денеска од СВР Куманово. Во меѓувреме, од АМСМ соопштија дека сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, кај село Младо Нагоричане се одвива наизменично по една коловозна лента. Од кумановската полиција од каде најавуваат […]

Во две сообраќајки во Прилеп настрадаа жена – пешак и возач


Vo ;etvrtokotve;erta, во 22.11 часот, во ОВР Прилеп било пријавено тешка сообраќајна несреќа на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп. Во несреќата, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот С.М. од Прилеп, излетало од патот. Возачот бил итно пренесен во Градската болница Прилеп од страна на Итната медицинска помош, каде му биле констатирани […]