Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Богородица-Гевгелија


Рано утрово едно лице загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот граничен премин-Богородица-Гевгелија. – Несреќата се случила околу 3 часот, кога патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од М.К. (27) од село Богородица удрило во металната заштитна ограда, при што починал на самото место, соопшти МВР. Сопатникот М.П. (26) се здобил со тешки телесни повреди […]

Возило на косовската полиција слета во Лепенец, се трага по двајца полицајци


Двајца косовски полицајци, А.Т. (23) и М.Д. (26), минатата ноќ исчезнаа кога нивното возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец. Потрагата по нив е прекината околу четири часот утрово и продолжува денес, изјави за „Коха“ портпаролот на косовската полиција. Според изјавата на косовската полиција, полициското возило минатата ноќ околу […]

Косовски државјанин загина во сообраќајка во Скопје


Државјанин на Косово вчера попладне починал кога изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. Полицијата соопшти дека вчера во 17:00 часот во Скопје на булевар „Никола Карев“ Ш.Х.(48) од Косово, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. По […]

Прегазен пешак кај село Грешница


Четириесет и четири годишен маж е повреден откако е удрен со автомобил во Кичевско. Несреќата, како што соопшти МВР се случила вчера во 14:50 часот во село Грешница, кога патничко моторно возило удрило во 44-годишниот пешак. На мажот му е укажана лекарска помош во Кичево, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во […]

Симулација на сообраќајка пред Сити Мол


Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер. На местото на настанот ќе биде поставено возило од кое ќе се извлекуваат повредени лица и во тој период […]

Полициски „шевролет“ удри во автомобил во Аеродром


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 15.30 часот во близина на „Мајчин дом“ во скопската населба Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи. Според МВР, полициски „шевролет спарк“ удрил во автомобил „ауди“, по што двајцата патници од приватното возило се повредени и завршиле во Ургентниот центар. Истрагата е во тек, а […]

Моторциклист загина во Ново Лисиче


Утрово околу 7 часот загина моторциклист во скопската населба Ново Лисиче, објавуваат граѓани на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам. Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче, на крстосницата од булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“. Во сообраќајката учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици. Од МВР потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа, но […]

Педесетгодишен кавадарчанец повреден во сообраќајка


Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“, во новиот центар на Кавадарци. Како што изјави за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски,  во несреќата се судриле две патнички возила, „мерцедес“ управуван од 36-годишниот Ј.Ј и „пежо 405“ управувано од педесетгодишниот Д.К. Повредениот бил пренесен […]

Тројца повредени во сообраќајка во Аеродром


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром. Несреќата се случила кога патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистрски ознаки управувано од М.С (30) од Скопје се судрило со возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано […]

Автомобил удри седумгодишно дете во Студеничани


Патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки управувано од Р.А. (35) од Скопје завчера во Студеничани удрило во седумгодишно дете, соопшти МВР. Детето со истото возило бил пренесено во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на натамошно лекување. Извршен е […]

Тешко повреден возач во соообраќајка во Скопје


Возач на автомобил е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Васил Чакаларов“ во Скопје помеѓу две возила и камион. Како што соопшти МВР, сообраќајката која била пријавена во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје се случила помеѓу патничко моторно возило „Хонда” управувано од С.И.(27) од Скопје, патничко моторно […]

Во сообраќајка загина 22-годишно момче од Скопје


Дваесет и двегодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.15 часот во близина на Стајковци. Според полицијата, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид. Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото […]

Скопјанец прегазил две старици во Ѓорче Петров


Дваесет и петгодишен скопјанец со својот „мерцедес“ прегазил две постари лица во населбата Ѓорче Петров. Од МВР известуваат дека на 17.3.2018 година во 12:50 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „Смилевска“ и „Жеденска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од Л.Ј. (25) од Скопје удрило во пешаците Т.К. (79) и Р.А. […]

Прегазен маж кај Куклиш, возачот побегнал


На регионалниот пат Струмица-Банско, на излезот од селото Куклиш синоќа во 21 часот и 20 минути од засега непознато возило е прегазен маж. По несреќата возачот веднаш побегнал, а прегазениот маж починал на местото на несреќата. Жители на селото Куклиш потврдуваат дека нивниот соселанец Г.С. (61) починал веднаш од здобиените повреди, а телото било однесено […]

Три лица повредени во две сообраќајни несреќи кај Дебар


Три лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, информира СВР Тетово. Во незгодата што се случила во близина на крстосницата со селото Врбјане, автомобил марка „сеат-толедо“ што го управувал Б.К. од Дебар, поради неприлагодена брзина излетал од коловозот. Двајца сопатници здобиле повреди, а поради тежината […]

Во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје полесно повреден 37-годишен кумановец


Според информацијата од СВР Велес денеска околу 11 часот на автопатот Велес – Скопје кај месноста Пуста Кула се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ марка „Ивеко“ со кумановски регистарски броеви, управувано од Б.Т.(37) од Куманово и ТМВ марка „Сканиа“ со скопски регистарски броеви, управувано од Љ.Т. (54) од Скопје. Како што информира Верољуб Додевски портпарол […]

Во сообраќајка во Куманово повредено седумгодишно дете


Седумгодишно дете е повредено синоќа во сообраќајна несреќа во Куманово кога автомобил мерцедес удрил во него. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 18,40 часот на улица „Доне Божинов“, кога кумановецот С.Д.(30), управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишното дете, пешак, исто така, од Куманово. По незгодата, детето со […]

Моторџија загина на автопатот Демир Капија -Удово


Четириесет годишен моторџија од Кавадарци загина попладнево на автопатот Демир Капија – Удово, откако удрил во автомобил, изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Околу 13:30 часот на автопатот Демир Капија – Удово мотор марка „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од четириесетгодишник од Кавадарци, удрил во патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со […]

Обвинителство изврши увид на сообраќајката на патот Прилеп-Градско


Надлежен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа на патот Прилеп-Градско, во која животот го загуби едно лице. Како што соопшти Обвинителството, според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Во несреќата животот го […]

Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп


Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп. Според првичните сознанија кои ги потврди портпарол на СВР-Велес, Верољуб Додевски, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило. Увидот е во тек, на самото место е и екипа од Територијалната […]