Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново


Во средата, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село, информира МВР. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид […]

Несреќа во Куманово: Удрил со автомобил во паркиран автобус и починал


    Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село. Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил […]

Тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид – Струга


  Три лица се повредени во сообраќајна незгода меѓу товарно и патничко возило што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА ја потврди информацијата посочувајќи дека увидот е во тек и повеќе информации најави за утре. – Незгодата се случила […]

(Фото) Сообраќајка на крстосницата кај СД „Кузман“, се направи метеж


Сообраќајка попладнево се случи на крстосницата кај Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје. Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се се реконструира веќе неколку месеци и не е прооден за возила, па сите кои доаѓаат од Рекорд вртат лево или десно. Полицијата го блокира сообраќајот на една лента каде се уште се наоѓаат судрените автомобили. […]

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес вон животна опасност


  Дванаесетте повредени во несреќата што се случи попладнево кај велешка „Порцеланка“, при која возило моторна дрезина на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ удри во комбе со патници, се однесени во велешката болница и се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес. – Сите се задржани […]

Го удрил со автомобил, го усмртил и избегал


Во понеделникот,  во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото. А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје […]

Судир меѓу автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани, едно лице загина на местото на несреќата


 Едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа, која се случи вечерва меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки   на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми. Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите […]

Полицијата го откри возачот на „мерцедесот“ со кој беше усмртено 11-годишно девојче во Велес


Пo синоќешната несреќа во која автомобил марка мерцедес удрил во мајка и ќерка на пешачки премин, при што загинало малолетното девојче на 11 годишна возраст, а нејзината мајка е однесена во болница, полицијата информира дека и’ е познат возачот на автомобилот. Се работи за 29 годишно лице од Велес. Со соопштение излегоа и од ЈО, […]

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово


  Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција. – Денеска во 01:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, липковско, излетало од […]

Четворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово


Сообраќајот на автопатот Скопје -Тетово се пренасочуваше по локален пат вечерва поради сообраќајка со повредени лица која се случила после 18 часот. Две возила се судриле во близина на Требошки натпатник, а при тоа се повредени четири лица. -Околу 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина […]

Возачот на „мини куперот“ во куќен притвор по сообраќајката во Козле каде загина малолетник


Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повела постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот 53-годишник, на 5 декември, со возило „Мини купер“, навлегол на крстосницата меѓу улиците „Пијанец“ и „Козле“, без […]

Тешка сообраќајка кај пехчевското село Црник, четири лица повредени


  Четири лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик. Несреќата се случила околу 18:00 часот помеѓу фиат пунто и хјундаи галопер, а веднаш по дојавата интервенирала единицата на Територијалната противпожарна единица од Берово. -Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило […]

Верижен судар кај Делчево, се удриле камион и три возила


Поради верижна сообраќајка во прекин e сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Сообраќајката се случила во близина на патот кој води за село Бигла, а според информации на очевидци кои ги потврдија и од делчевската полиција, во сообраќајката учествувале три возила и еден камион.   Посочуваат дека сообраќајката настанала кога возило со странски регистерски […]

Петмина повредени во сообраќајка кај селото Мартолци


 Пет лица се повредени во сообраќајката кај село Мартолци, општина Чашка.  – Во 19:15 часот во СВР Велес била пријавена сообраќајка, која вечерва се случи кај село Мартолци во Општина Чашка. Во сообраќајката има петмина повредени, возачите на двете возила и тројца  сопатници  од возилото „пежо“. Сообраќајката била меѓу возило „матиз“ со охридски регистрески таблички, управувано […]

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица


Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случила вечерва во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец. На местото на несреќата поставена […]

Најмалку 25 загинати во сообраќајка во Гвинеја


  Во судар на камион и минибус во близина на гратчето Сугета во гвинеја загинаа најмалку 25 лица, а барем седум се повредени, јави висок функционер во администрацијата на оваа западноафриканска држава. Според извештајот, минибусот при претекнување преминал во спротивна лента и се судрил со камион. Возачот на минибусот ја преживеал несреќата, иако тешко е […]

Загина пешак прегазен во близина на ГП „Ново Село“


Во вторникот, во 17 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирал екипа од […]

Во сообраќајна несреќа во Грција, полесно повредени петмина македонски државјани


Петмина државјани на Северна Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот […]

Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“. Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) […]

Тројца повредени во сообраќајка кај Муртино


Три лица се повредени во сообраќајка која се случила денеска околу 13:30 часот на излезот од селото Муртино кон Банско, откако од засега непознати причини автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки удрил во бетонски електричен столб. Повредните се пренесени на лекување во струмичката болница, а од СВР Струмица повеќе детали за сообраќајката најавуваат за утре.