Николоски во Солун ја опиша брзата пруга на Коридорот 10 како „најамбициозен проект“


„Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што […]

ОМД организира Форум за човекови права во Солун


Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организира вториот Форум за човекови права во Солун. ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување […]

Метрото во Солун ќе биде пуштено во употреба на 30 ноември


 Солунското метро ќе биде пуштено во употреба за три месеци, односно на 30 ноември годинава, како што од Солун соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис говореше на презентацијата на Националната стратегија за регионален развој, рече дека Солун се менува и со менува многу брзо темпо, а „ниту една Влада […]

МНР: Македонската државјанка која загина во сообраќајката кај Солун имала 29 години


Македонска државјанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун имала 29 години, информираат од Министерството за надворешни работи. – Во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), […]

Економијата ќе ги покрие разликите меѓу двете земји: Бизнис средба на македонски и грчки бизнисмени во Солун


Зајакнувањето на трговските, инвестициските и генерално економските односи меѓу Грција и Северна Македонија била главната тема на вчерашната посета на Трговско-индустриската комора на Солун (ЕВЕТ) на делегација од 30 бизнисмени од соседната земја, предводена од извршниот директор на Стопанска комора на Северна Македонија, соопштија од ЕВЕТ, јави дописничката на МИА од Атина. Бизнис форумот се […]

Интензивирање на економската соработка во фокусот на состанокот во Солун на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција


Околу 30 бизниси од Северна Македонија предводени од Стопанската комора и 15-20 бизниси од Грција ќе присуствуваат на денешната средба во Трговско-индустриската комора на Солун (ЕВЕТ), со цел да се разгледаат можностите за проширување, продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕВЕТ соопштија дека ќе бидат […]

Во Солун средба на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција


Можностите за проширување, продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Грција, ќе ги разгледаат бизнис делегациите на двете земји на утрешната средба во Трговско-индустриската комора во Солун (ЕВЕТ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕВЕТ соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис-делегација од 30 бизниси предводени од претседателот на Стопанската комора […]

Во ноември Солун ќе го добие „најмодерното и најубавото метро во Европа“, најави Мицотакис


Во ноември годинава се очекува во Солун свечено да биде пуштена во употреба главната линија на метрото во градот, како што денеска соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан на кој беше презентирана студијата за проширување на солунското метро, јави дописничката на МИА од Атина. – За шест месеци од сега ќе можеме да […]

Анархистичка група ја презеде одговорноста за ковертот со експлозив во судот во Солун


Анархистичка група под името „Вооружен одговор“ ја презеде одговорноста за ковертот со експлозивниот материјал откриен минатиот понеделник во судот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Ковертот бил адресиран до една од претседателите на судот, а според локалните медиуми содржел 480 грама експлозивен желатин. Анархистичката група, преку текст објавен на анархистички сајт ја презеде […]

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун


По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 […]

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје


Од следната среда ќе започне да сообраќа новата редовна железничка линија за транспорт на стока што ќе ги поврзе пристаништето во Солун и Скопје, јави дописничката на МИА од Атина. Од солунското пристаниште (ОЛТХ) соопштија дека новата услуга за комбиниран транспорт на контејнери ќе биде на неделно ниво, ќе започне на 6 септември, а возовите […]

(Видео) Убиство на бензинска во Солун – се обидел да го удри, но тој го застрела


Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси, во источен Солун. Крвавиот инцидент се случил во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата „Солонос“ бр. 51 и пред очите на случајни минувачи. Според исказите, сторителот и […]

Невремето не ја заобиколи и Грција: Поплави во Солун и на Халкидики


Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис, Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун […]

Бис за топлиот прием: Концерт на Симон Трпчески со солунскиот Државен филхармониски оркестар


Пијанистот Симон Трпчески синоќа ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун. Во Церемонијалната сала на Универзитетот „Аристотел“, под диригентската палка на Милтос Логиадис, на програмата беше и популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, покрај делата од Респиги и Стравински. -Топлиот прием од грчката публика, Трпчески го награди и со […]

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски


По наредба на првиот човек на Солунското обвинителство Димитрис Смирнис, обвинителот за кривични дела ќе започне итна прелиминарна истрага за откривање на сторителите на упадот на изложбата во Солун на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агеција АНА-МПА, истрагата е доделена на Одделот за расистичко насилство, ќе се […]

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра. На првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет […]

Рекордни 1.700 тони ѓубре собрани во Солун во периодот околу Божиќ


Во изминатите три дена, односно пред Божик, за Божик и ден потоа во центарот на Солун биле собрани околу 1.700 тони ѓубре, што според локалните власти е рекорден број, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-градоначалникот за хигиена и рециклирање на општина Солун, Костас Јакову, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека собраниот отпад е […]

Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун


  По осум дена битка за живот, почина 16-годишниот Ром кој беше застрелан од полицаец за време на полициска потера во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од болницата каде што беше хоспитализирано во критична состојба, утрово соопштија дека момчето починало и покрај напорите на лекарите. Во коматозна состојба, со рана во пределот на […]

Од денеска бродска линија меѓу Солун и Измир


  Грчкиот град Солун и турскиот град Измир од денеска ќе се поврзат со бродска линија, преку траектот „Smyrna di Levante“, со кој управува приватната компанија „Levante Ferries“, јави дописничката на МИА од Атина. Траектот ќе сообраќа три пати седмично од Солун, во понеделник, среда и петок, а од Измир ќе поаѓа во вторник, четврток и […]

Трговското здружение од Солун предлага продавниците да затвораат порано за заштеда на енергија


Трговското здружение од Солун им предлага на продавниците во градот поради енергетската криза и за заштеда на енергијата, од следниот понеделник да затвораат порано, односно во 19 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретно, предлогот е продавниците во вторник, четврток и петок да работат од 10 до 19 часот, а во понеделник, среда и […]