Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин


Во рамки на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Република Северна Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун, при што е сузбиена меѓународна организирана криминална група. Во акцијата, како што информира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО […]

Пет милиони евра за санација на штетите од пожарот во близина на Солун


За санација на штетите на инфраструктурата во поширокиот регион на Солун предизвикани од пожарот што избувна во саботата во солунското предградие Ореокастро, ќе бидат обезбедени пет милиони евра, соопшти заменик – министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Костас Кацафадос, јави дописничката на МИА од Атина. Во општина Ореокастро беше одржан проширен координативен […]

Ако одите за Грција, подгответе се! Викендов затворен дел од обиколницата околу Солун


Поради целосно прекинување на сообраќајот во двата правци на источната внатрешна обиколница околу Солун, возачите ќе бидат принудени да користат алтернативни правци низ центарот на градот од петок навечер до сабота навечер, поради што се очекуваат големи гужви. Дел од источната внатрешна обиколница во Солун ќе биде целосно затворен за сообраќај во двата правци од […]

Во пожар во близина на Солун загинаа две лица, меѓу нив и 12-годишното дете


Бројот на загинати во пожарот во селото Лити во близина на Солун се зголеми на две лица, откако доцна синоќа беше пронајдено уште едно јагленосано тело, кое иако сè уште не е идентификувано, најверојатно му припаѓа на 12-годишното дете, кое се водеше за исчезнато, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција […]

Николоски од Солун: Овој самит е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои им припаѓа и ќе стане економски најзначаен во Европа


Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 – проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска […]

„Рајанер“ ќе ја затвори базата во Солун


„Рајанер“ ќе ја затвори својата база на аеродромот во Солун во Грција оваа зима и ќе го намали бројот на летови до и од градот, откако операторот на аеродромот Фрапорт ги зголеми годишните такси, изјави вчера неговиот главен комерцијален директор. Во разговор со новинарите во Атина, Џејсон Мекгинес рече дека немало напредок во разговорите меѓу […]

Пожар во близина на Солун – затворен автопат кон Атина и во двата правци


Од безбедносни причини, поради густиот чад од пожарот што избувна кај солунското предградие Халастра, во западниот дел на градот, во близина на патарините Малгара, автопатот Солун – Атина вечерва е затворен за сообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција информираа пожарот гори сува трева во областа Халастра […]

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун


Во текот на вчерашниот ден во Солун и на Халкидики биле регистрирани налети на северен ветер од над 80 километри на час, а противпожарната служба на Грција примила 600 повици за помош во поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, […]

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун


Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија […]

(Видео) Земјоделците го блокираа аеродромот во Солун, еве зошто протестираат 


Грчката полиција денес употреби солзавец за да ги растера земјоделците кои се обидоа да го блокираат главниот пристапен пат до меѓународниот аеродром во Солун. Судирите се случија во услови на ескалација на протестите низ целата земја поради доцнење во исплатата на земјоделските субвенции кофинансирани од Европската Унија, објавува Euronews. Лутите земјоделци распоредија илјадници трактори и […]

Во метрото во Солун ќе се постават 85 автоматски надворешни дефибрилатори


Во мрежата дефибрилатори на невладината хумнанитарна организација „Децата спасуваат животи“ (Kids Save Lives) се вклучува и метрото во Солун, каде што во соработка со Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција ќе бидат поставени 85 автоматски надворешни дефибрилатори, донација од приватна компанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од организацијата информираа дека станува збор за […]

Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина


– По речиси 14 месеци реконструкција, мостот на реката Вардар (Аксиос) во Грција на автопатот Атина-Солун денеска беше пуштен во употреба, со што ќе се нормализира сообраќајот кај патарината Малгара кусо пред влезот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за мост што е дел од автопатот во правец кон Солун од […]

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани (фото)


 „Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа […]

Солун напладне молчи за жртвите од Кочани


Граѓаните на Солун организираат собир на молк како израз на сочувство за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица. Како еден од градовите кои покажа солидарност и прифати на лекување дел од настраданите во трагичниот пожар, велат организаторите на собирот, „ве покануваме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство за загубените животи, на […]

Здружение на бизнис жени од Грција обезбедува сместување за роднини на хоспитализираните во Солун


 Сместување за роднините на повредените лица од трагедијата во Кочани, кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува Здружението на бизнис жени од Грција кои веќе имаат на располагање околу 20 соби и кревети. Претседателката на Здружението Апостолина Цалтабаси во разговор со дописничката на МИА од Атина посочува дека ова […]

Оперирани двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Солун


Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне […]

Почина поранешниот солунски митрополит Антимос


 На 91-годишна возраст почина солунскиот митрополит Антимос кој во август минатата година од здравствени причини си поднесе оставка, а во периодот додека беше поглавар на Митрополијата во Солун доста често на неговите неделни литургии ја споменуваше и нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Роден како Дионисиос Русас, во периодот од 1974 до 2004 […]

Метрото ги прими првите патници, аплаузи за Трпчески, а невремето уриваше дрвја: Што се случуваше викендов во Солун


СОЛУН – Саботата и неделата беа возбудливи денови во Солун. Во овој пристаништен град во соседна Грција се случија неколку настани кои солунчани ќе ги паметат долго. Првата, секако е официјалното отворање на метрото, едно од најсовремените во Европа. Вториот настан кој го одбележа викендов што измина, е настапот на Државниот филхармониски оркестар на Солун, […]

Пуштено во употреба метрото во Солун


По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателката Катерина Сакеларопулу и надлежните министри, симболично го притисна копчето за почеток со што тргна и првото метро, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно се […]

Солун добива музеј на холокаустот на осум ката за да го одбележи погромот на Евреите


  Малку места се порепрезентативни за ужасите што ја снашле Грција за време на нацистичката окупација отколку старата железничка станица во Солун. Токму овде, во сегашното правливо градилиште на надворешните рабови на градот, илјадници грчки Евреи беа натоварени со брутална ефикасност во камионите со говеда што ги однесоа во гасните комори во Аушвиц. И токму […]